Контакт

Свет

САД повторно се обидуваат да ја сопрат испораката на руските С-400 во Турција

Објавено пред

САД побараа од Турција одложување на набавката на руски системи С-400, закажана за јули, до 2020 година во обид да најдат некаква причина за да ја убедат Анкара да го поништи договорот со Москва, пренесува „Блумберг“ повикувајќи се на два анонимни извори.

Според медиумите, Турција моментно го разгледува американското барање, но сé уште не одговорила.

„Русија не знае за плановите на Турција да ја одложи испораката на С-400. Прашањето не беше покренато за време на еден од последните телефонски разговори меѓу рускиот и турскиот претседател“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Оваа вест доаѓа во време на разговорите за можна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Анкара во јули.

Односите на двете држави се напнати откако Турција потпиша договор со Русија за набавка на С-400 во декември 2017 година, откако Анкара не успеа да добие воздушна одбрана што ја сакаше од САД под соодветни услови.

Американските официјални претставници тврдат дека не само што С-400 ќе биде некомпатибилен со мрежата на НАТО за воздушна одбрана, туку, наводно, претставува закана за врвниот авион на Америка, Ф-35, за кој Турција помага да се произведе и сака да го набави за себе. Вашингтон, наводно, ја прекинал испораката на авиони веќе порачани од Анкара и се верува и дека ќе воведе санкции за Турција поради договорот за С-400.

И покрај притисокот од САД, Анкара во неколку наврати изјави дека продажбата на С-400 во Турција е завршена работа.

Регион

Сопственик на хрватска компанија ги казнува работниците кои завршуваат во самоизолација

Објавено пред

Ѓуро Хорват е сопственик на хрватската компанија „Техникс“, која испратила писмо до сите вработени дека ќе ги казнат доколку завршат во самоизолација, пишува „Јутарњи лист“.

„Почитувани работници! Бидејќи ситуацијата со Ковид-19 се влошува секој ден, би сакал да ве известам дека компанијата ’Техникс’ ќе воведе свои сопствени капацитети за самоизолација, така што сите што со своето невнимание влегуваат во таква состојба ќе бидат изолирани во хотелот „Краљ“. Лицето што ќе биде во самоизолација ќе се дестимулира во износ од 10 проценти од платата. Мора да бидеме свесни дека со своето однесување надвор од компанијата не се загрозувате само вие и вашето семејство, туку и колегите од работа и со тоа ја загрозувате стабилноста на ’Техникс’ и задржувањето на работните места. Директор: Ѓуро Хорват“, стои во писмото на успешниот претприемач.

Хорват се обидел да ги објасни своите ставови во телевизиска емисија на ХРТ.

„Презедовме мерка за да ги дестимулираме луѓето кои имаат таков однос кон сопственото здравје и компанијата затоа што недостасуваат 20 лица. Во исто време, тие пари ги насочуваме кон оние вработени и менаџери кои се здрави и се однесуваат одговорно. Сакаме микроорганизацијата да ја сведеме на сопствена одговорност. Сите мора да се вклучиме, секоја локална заедница, компанија“, рече Хорват.

Тој потврдил дека неговата компанија ги казнува оние кои завршуваат во самоизолација со 10 проценти од платата.

„Неодамна им одзедовме од платата. Веруваме дека тоа е резултат на несериозност, неодговорно однесување. Ако некое лице оди од работа кон дома, ако оди од кафуле во кафуле, ако самиот го предизвика тој дел од нездравиот живот, тогаш тој мора да сноси дел од одговорноста”, рече Хорват.

Прикажи повеќе...

Свет

Египетски имам сака навредите кон муслиманите да бидат казниви со закон

Објавено пред

Големиот имам на египетската џамија ал-Азар ја повика меѓународната заедница да ги криминализира актите против муслиманите, по објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед во Франција, што предизвика бес кај муслиманите ширум светот и повици од владите да ги бојкотираат француските производи.

Карикатурите, кои муслиманите ги сметаат за смртна навреда, беа објавени во знак на солидарност со францускиот наставник кој беше обезглавен на 16 октомври за прикажување карикатури на пророкот Мухамед на училишен час.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги налути муслиманите со изјавата дека ќе ги удвои напорите да ги спречи конзервативните исламски верувања да ги поткопаат француските вредности.

Шеикот Ахмед ал-Тајеб, челник на илјада години стар сунитски муслимански универзитет, рече дека ал-Азар остро ја отфрла употребата на антимуслиманска реторика за придобивање на изборни гласови.

Египетскиот претседател Сиси рече дека навредата на 1,5 милијарди муслимани не е слобода на говор, но отфрли каква било форма на насилство во име на одбрана на религијата и верските симболи.

Турција најави дека ќе ги преземе сите правни и дипломатски чекори против карикатурата на претседателот Ердоган во сатиричното списание „Шарли Ебдо“.

На насловната страница на весникот се гледа Ердоган во маица и долна облека со пијалок во раката, а покрај него седи жена со хиџаб.

„Силно ја осудуваме карикатурата на нашиот претседател во француското списание што покажува дека ниту една религија и вредности не се свети за истото“, напиша портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин на „Твитер“.

Прикажи повеќе...

Европа

Кејт Бингам: Првата генерација на вакцини против Ковид-19 веројатно нема да биде ефикасна за сите луѓе

Објавено пред

Првите вакцини против новиот коронавирус веројатно ќе бидат нецелосни и веројатно нема да бидат ефикасни за сите луѓе, рече Кејт Бингам, која ја предводи британската работна група за вакцини.

„Сепак, не знаеме дали некогаш ќе имаме вакцина. Важно е да се избегне прекумерен оптимизам“, напиша Бингам во написот објавен во медицинското списание „Лансет”.

Првата генерација на вакцини веројатно ќе има недостатоци и треба да бидеме подготвени за фактот дека нема да ја спречи инфекцијата, туку повеќе ќе дејствува на намалување на симптомите, па дури и тогаш може да не биде ефикасна за сите луѓе или барем за долго време “, објасни таа.

Работната група за вакцини признава дека голем дел од вакцините, а можеби и сите може да бидат неуспешни, напиша таа.

Фокусот е ставен на вакцините кои предизвикуваат имунолошки одговор кај популацијата постара од 65 години, додаде Бингам.

Таа додаде дека глобалните капацитети за производство на вакцината генерално не се соодветни за производство на милијарди дози потребни на светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет2 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност која не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Свет2 часа

Турција остро ја осуди карикатурата на Ердоган во „Шарли ебдо“

Водечките турски претставници ги осудија карикатурите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во денешното издание на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“....

Македонија3 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет3 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет3 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет3 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа4 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет14 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија15 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа16 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија17 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија18 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија19 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт21 час

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет21 час

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет22 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија22 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука1 ден

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија1 ден

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Досие