Контакт

Свет

САД се надеваат дека разговорите меѓу Ким и Мун ќе доведат до напредок

Објавено пред

Соединетите Американски Држави се надеваат дека разговорите меѓу севернокорејскиот претседател Ким Џонг- ун и јужнокорејскиот лидер Мун Џае-ин ќе доведат до напредок во остварувањето на мирот и просперитетот, објави Белата куќа, откако двајцата лидери утринава го почнаа самитот во демилитаризираната зона на границата меѓу двете Кореи.

Од Белата куќа порачаа дека очекуваат наредните недели да продолжат разговорите со Јужна Кореја за подготовките за планираниот состанок на американскиот претседател Доналд Трамп и Ким.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Србија еден од најлошите денови, со 357 заразени, но Вучиќ се откажува од полициски час

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија 8.590 лица биле тестирани за коронавирус, а 357 од нив биле позитивни.

Починаа 11 лица. Како што рече претседателот Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста, ова е втор најлош ден по бројот на новозаразени од почетокот на епидемијата во Србија.

Во моментов, 118 пациенти во српските болници се на респиратори.

Стотици луѓе се собраа вчера во центарот на Белград поради најавата за воведување нов полициски час, а протестот брзо прерасна во масовни демонстрации против владеењето на претседателот Вучиќ. Во денешното вонредно обраќање тој, сепак, најави дека полициски час веројатно нема да има.

Претседателот додаде дека тој лично се откажува од полицискиот час, но дека конечниот збор ќе го има стручната фела.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство.

„Синоќа во Белград бевме сведоци на најбрутално политичко насилство во последните неколку години. Во изминатите осум години Република Србија целосно ја почитуваше слободата на собирање и демонстрација, како и различно мислење“, рече тој, додавајќи дека некои насилството се обиделе да го оправдаат со коронавирусот.

Вучиќ нагласи дека полицијата реагирала дури кога собраните лица почнале да ја вандализираат зградата на Националното собрание.

Тој во обраќањето до јавноста зборуваше и за вклученоста на странски фактори во настаните пред собранието.

„Не се сомневам дека оние кои работеа на ова синоќа имаат за цел да ја ослабат позицијата на Србија. Имаме докази за вклученост на одредени функционери од некои регионални служби, а за се друго можеме да зборуваме подоцна, кога нашите служби ќе ја направат анализата“, посочи тој.

Вучиќ ги повика луѓето да не излегуваат на новиот протест кој е најавен за вечерва, со оглед дека денеска е втор најлош ден во земјата во однос на бројот на новозаразени.

„Ги молам луѓето да не излегуваат за да не се појават понатамошни ужасни инфекции. Денес е нашиот втор најлош ден со 357 заразени од 8.600 тестирани. Единаесет починаа. На респиратори има 118 пациенти“, истакна српскиот претседател.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Турција го тестира рускиот „С-400“ на американски борбени авиони

Објавено пред

Турската војска почна со ново теренско тестирање на своите системи за воздушна одбрана „С-400“ купени од Русија против американски борбени авиони „Ф-16“ и „Ф-4“ во воздухопловната база „Муртед“ во близина на Анкара, објави авијацискиот блог Fighter Jets World, повикувајќи се на разузнавачки информации.

Според порталот, тестирањето почнало на 4 јули, а треба да продолжи до 26 ноември. Турција продолжила со тестирањето и покрај предупредувањата од Вашингтон дека активирањето на „С-400“ може да резултира во нови санкции против Анкара.

Турската влада остана без коментари во врска со тестирањето. Оттаму соопштиле само дека „Ф-16“  и другите авиони на турските воздухопловни сили ќе изведуваат тест-летови на мала и голема надморска височина во близина на Анкара, во рамките на некои проекти спроведени во координација со претседателството на одбранбените индустрии.

Сепак, неавторизирана фотографија покажува  американски авион што лета над „Муртед“ додека компонентите „С-400“, вклучувајќи ги и радарите „91N6E“ и „96L6E“ работат на земја.

Познато е дека турската војска почна со тестирање на своите „С-400“ против американските борбени авиони уште во ноември 2019 година, при што TRT World објави снимка од радарите на системот за воздушна одбрана што работат додека авионите прелетуваат.

Обемот на тестирањето не беше веднаш јасен бидејќи Турција планираше да ги стави своите „С-400“ целосно во функција до април годинава, иако беше објавено дека тестирањето се однесува на воспоставување вкрстена компатибилност меѓу платформите за да се избегнат ситуации на пријателски оган.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион26 минути

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Регион1 час

(Видео) Вучиќ ги осуди протестите: Сведоци сме на брутално политичко насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред Националното собрание оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија1 час

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија1 час

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија4 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион4 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион5 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион5 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија6 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет7 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет7 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет7 часа

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија8 часа

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион8 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Свет19 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион22 часа

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија23 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион1 ден

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Досие