Свет
САД се отворени за идејата за заеднички операции со Русија во Сирија
Соединетите држави се отворени за идејата за спроведување заеднички воени операции па и со Русија против џихадистичката терористичка групација Исламска држава во Сирија, изјави во понеделникот портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.
„Како што јасно даде до знаење нашиот претседател (Доналд Трамп), ние сме подготвени за соработка со која и да е земја во борбата против Исламската држава, доколку тоа соодветствува со нашите национални интереси“, рече портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, на брифингот со новинарите одговарајќи на прашањето за можноста САД да соработуваат со Русија и да изведуваат заеднички воени операции против терористите во Сирија.
Ова беше објавено откако Пентагон го демантираше соопштението на руското министерство за одбрана во понеделникот дека заедничките воздушни удари кои претходниот ден ги изведоа Русија и Турција против Исламската држава, исто така, биле координирани со американската страна, односно дека биле добиени податоци.
„Доколку постои можност за сузбивање на Исламската држава со која и да е земја, било да станува збор за Русија или некоја друга, со којашто ги споделуваме националните интереси во овој проблем, ние сме согласни“, додаде Спајсер на својата прва средба со новинарите откако Доналд Трамп ја презема претседателската должност во на 20-ти јануари.
На прашањето дали тоа претставува отворање кон владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, Спајсер изјави дека „нема да се поврзуваме со некој под изговорот дека сака да ја порази Исламската држава, доколку американските интереси не им се приоритет“.
На својата инаугурација во петокот, Трамп изјави дека САД имаат намера да го обединат цивилизираниот свет во борбата со „радикалниот исламски тероризам“, кој мора да биде избришан од лицето на Земјата.
Во Кремљ, коментирајќи ја изјавата на новиот американски претседател, порачаа дека треба да се почекаат контактите со новата американска администрација. Притоа портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, рече дека „претседателот Владимир Путин во неколку наврати изјави дека нема алтернатива соработката во доменот на борбата со тероризмот и неможноста една земја самостојно ефикасно да се справи со најзастрашувачкиот предизвик на XXI век“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Кина денеска ги покажува своите воени авиони, претставен е и новиот „невидлив“ Ј-35
Борбените авиони и воените беспилотни летала се во центарот на најголемиот аеромитинг во Кина, кој беше отворен денеска, можност Пекинг да ја покаже својата сè понапредна воена индустрија пред потенцијалните клиенти и ривали.
J35A新画面 pic.twitter.com/zSQizq2Q9S
— Sweet Clay (@Clay_PLAPAP) November 11, 2024
Кина издвои значителни средства за модернизација и проширување на воздушните капацитети, во време на ривалство со САД и други земји и претензии кон Тајван, демократска островска држава за која кинеската влада тврди дека е нејзина територија и испрати рекорден број борбени авиони наоколу во последните години.
Ѕвездата на Airshow China, приказ на кинескиот авијациски сектор што се одржува на секои две години во јужниот град Жухаи, е новиот „стелт“ борбен авион J-35A.
Неговото учество на саемот сугерира дека е речиси подготвен за вклучување во војската, што би ја направило Кина, заедно со САД, единствената земја со два типа авиони кои избегнуваат радари и други видови откривање, според експертите.
Ј-35А е полесен од постоечкиот модел Ј-20 и по дизајн е посличен со американскиот авион Ф-35.
Свет
Британскиот министер сака да соработува со Трамп, откако претходно го нарече „расист“ и „мазогинист“
Британскиот министер за енергетика Еди Милибанд денеска изјави дека сака да соработува со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, и покрај тоа што претходно го нарече „расист“ и „мазогинист“, велејќи дека тоа сега е „неважно“.
На прашањето на водителот на емисијата „BBC Breakfast“ како планира да изгради врска со човекот што претходно го нарече „расист, мизогинист“ и самопрогласен сексуален насилник, Милибанд истакна дека тоа е „сега во минатото“.
„Сум кажал работи во минатото. Мојата работа сега, како министер во кабинетот, е да работам со новата американска администрација“, рече Милибанд.
Регион
(Видео) Бугарските националисти разгневени поради претстава на холивудската ѕвезда за војната со Србите
Претставата од 19 век во режија на американскиот актер Џон Малкович ги налути националистите во Бугарија кои ја сметаат за навреда за земјата, тврдење кое холивудската ѕвезда го отфрла.
Минатонеделната премиера на драмата „Оружје и човек“ на ирскиот драматург Џорџ Бернард Шо, за Српско-бугарската војна од 1885 година, предизвика насилни протести на националистичките групи.
Држејќи транспаренти на кои пишуваше „Малкович, оди дома“, демонстрантите во четвртокот го блокираа пристапот до Националниот театар „Иван Вазов“ во Софија, пред да се обидат да упаднат во зградата, обвинувајќи го 70-годишниот режисер дека ја исмева историјата на земјата и нејзините граѓани.
Protests erupted in #Bulgaria after #JohnMalkovich's production of #ArmsAndTheMan sparked outrage over its portrayal of Bulgarians during the 1885 #SerboBulgarianWar. Nationalists disrupted the premiere, claiming the play depicted #Bulgarian soldiers as cowards. pic.twitter.com/nf0K8rnKKR
— Ivan Kircanski (@KircanskiIvan) November 9, 2024
„Оваа претстава е срамота и мора да се забрани. Ги исмева нашите предци кои загинаа за Бугарија“, извика 21-годишната студентка Јоана Илијева, која беше во разгневената толпа. По премиерата на претставата во речиси празна сала, Малкович изјави дека е воодушевен од тоа како била примена неговата продукција.
„Тоа е доста необична реакција, но чудно е време во светот – се повеќе луѓе сакаат да цензурираат работи со кои не се согласуваат“, рече тој на прес-конференција заедно со неколку актери на сцената.
Веејќи бугарски знамиња, толпа гневни демонстранти вербално и физички ги нападнаа директорот на театарот и поранешниот министер за култура. Обвинителството отвори истрага за конфликтите.