Контакт

Свет

САД: Тропската бура Флоренс однесе 41 живот

Објавено пред

Најмалку 41 лице настрадаа во налетот на тропската бура Флоренс на источниот брег на САД, соопштија американските власти.

Претходно вонредна состојба беше прогласена во Вирџинија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Мериленд. Американскиот претседател, Доналд Трамп, во средата ги посети загрозените подрачја. Според некои проценки, штетите од Флоренс би можеле да достигнат околу 2,5 милијарди долари.

Свет

Русија го забрзува производството на вакцината „Спутник V“, еден и пол милион дози во декември

Објавено пред

Производството на вакцината „Спутник V“ против коронавирусот во Русија може да се зголеми пет пати во споредба со октомври оваа година, соопшти министерот за економски развој Денис Мантуров, објавија руските медиуми.

Што се однесува до количината, ние не ги сменивме параметрите. До крајот на месецот сакаме да достигнеме обем од околу 300 000 дози, во ноември – околу 800 000 и да се приближиме до 1,5 милион во декември, рече Мантуров во интервју за „Русија 24“, пренесува „Спутник“.

Минатата недела министерот објави дека напролет обемот на производство на вакцината „Спутник V“ во Русија може да се зголеми до 15 милиони дози месечно.

Вакцината, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеј“, доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство на 11 август, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот.

Моментно во тек се пострегистрациски испитувања на вакцината во кои учествуваат 40.000 волонтери, а првите резултати од пострегистрациските испитувања се очекува да бидат објавени во октомври-ноември 2020 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Италијанките се платени 60 отсто помалку од машките колеги

Објавено пред

Италијанките се платени 60 проценти помалку од своите машки колеги, покажува новото истражување на Министерството за економија за разликите во платите меѓу половите.

Просечната плата на жените во Италија изнесува 59,5 отсто од вкупниот приход на мажите, се наведува во извештајот, кој го претстави подсекретарот за економија, Сесилија Гвера, во парламентарниот одбор за буџет, пренесе Анса.

Прикажи повеќе...

Европа

Британската влада го поддржува тестирањето на ковид-вакцина врз луѓе, се чека одобрување од етичкиот комитет

Објавено пред

Британската влада објави дека ќе го поддржи контроверзното тестирање на вакцината против коронавирус врз доброволци, кои намерно треба да бидат заразени со коронавирус.

Владата најави дека со 33,6 милиони фунти ќе учествува во заедничко истражување со Кралскиот колеџ во Лондон, компанијата hVIVO, која се занимава со лабораториски истражувања, и фондацијата „Ројал фри“ од Лондон.

„Ројтерс“ известува дека истражувањето треба да започне во јануари доколку биде одобрено од етичкиот комитет.

Поддржувачите на овој потфат велат дека ова е добар начин да се скрати вообичаено долгиот процес на правење ефективни вакцини, што мора да помине низ десетици илјади волонтери.

Во овој случај волонтерите се следат секојдневно и се вршат тестови за да се види дали имаат развиено отпорност на коронавирусот или сè уште се подложни на него.

Овој пат на волонтерите ќе им се даде вакцина во строго контролирани услови, а потоа намерно ќе бидат заразени со коронавирусот за еден месец.

Потоа, тие ќе бидат во изолација и внимателно ќе се следи нивната здравствена состојба со цел да се види дали ќе стекнат отпорност или ќе се разболат.

Критичарите велат дека е неетички намерно да се заразува некој со потенцијално смртоносно заболување во време кога нема лек.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија4 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија4 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа5 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија5 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија5 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа6 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија7 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија7 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет7 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет8 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет8 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија22 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет23 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија1 ден

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија1 ден

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија1 ден

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет1 ден

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ1 ден

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Досие