Контакт

Свет

САД чекаат сигнали од иранските власти дека сакаат преговори

Објавено пред

САД очекуваат, но сѐ уште не слушнале каква било порака од иранските власти дека се подготвени да ја прифатат поканата на претседателот Доналд Трамп за директни разговори, изјави неименуван висок претставник во администрацијата на Трамп.

„Сметаме дека тие треба да ги намалат тензиите и да влезат во преговори“, изјавил официјалниот претставник за помала група новинари, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Запрашан дали има некакви индикации од Иранците дека се подготвени да се вклучат во дијалог, американскиот претставник одговорил: „Сѐ уште не. Ние буквално дежураме покрај телефоните“.

Трамп го повика иранското раководство на разговори за нуклеарната програма на земјата и регионалните прашања во време кога тензиите меѓу двете земји се значително зголемени.

Сето ова ги разгоре стравувањата од нов вооружен конфликт на Блискиот Исток кога САД испратија носач и борбени авиони во регионот.

Американскиот претседател му соопштил на својот тим за национална безбедност и други соработници дека не сака тензиите со Техеран да се претворат во нова војна, но исто така јасно ставил до знаење дека ќе ги штити американските интереси во регионот, соопштија американски официјални лица.

 

 

Свет

Уапсени руски шпиони во Давос

Објавено пред

Швајцарската полиција во август уапсила двајца руски разузнавачи во Давос, под сомнение дека планирале подготовки за шпионски активности за време на Светскиот економски форум.

Како што пренесуваат швајцарските медиуми, уапсените Руси имале дипломатски пасоши и набрзо по апсењето биле пуштени, пишува Би-би-си и додава дека еден од нив се претставил како водоинсталатор.

Руската амбасада во Берн соопшти дека медиумите се обидуваат да напарават скандал од ништо и дека за инцидентот разбрале од медиумите, како и дека немаат податоци дека двајца руски државјани биле испитани во август.

Форумот во Давос беше отворен вчера. Како што се наведува, полицијата на кантонот Граубунден понала да се сомнева кога добила информации дека двајца Руси планираат да останат во Давос три недели, но не е објаснето кои шпионски операции ги обавувале тие двајца.

Прикажи повеќе...

Свет

Терористички напад на пазар во Буркина Фасо, убиени 36 луѓе

Објавено пред

Најмалку 36 луѓе се убиени во терористички напад на пазар во Буркина Фасо, во провинцијата Санматенга, соопшти Владата.

Како што се наведува, вооружени милитанти влетале во понеделникот на селски пазар во Аламоу, каде пукале во луѓе и го запалиле целиот пазар.

„Овие зачестени напади на недолжни цивили се знак дека е потребна вистинска соработка на одбранбените и безбедносните сили“ се наведува во владиното соопштение.

Претседателот на Буркина Фасо, Рош Марк Каборе, повика на одбележување дводневна жалост поради нападот, додавајќи дека засега уште не е познато кој стои зад овој злосторнички чин.

Исламистичките групи поврзани со Ал Каеда и Исламска држава изминатите месеци изведоа низа напади на цивили и воени цели, вклучително и минирање на конвој во ноември минатата година, кога загинаа речиси 40 луѓе.

Буркина Фасо едно време претставуваше ретко упориште на мирот во западна Африка, но тоа се промени со значаен пораст на џихадистичко насилство во соседен Мали.

Прикажи повеќе...

Европа

Во центарот на Берлин деактивирана бомба од Втората светска војна

Објавено пред

Пиротехничари во центарот на Берлин успешно деактивираа бомба од Втората светска војна, соопшти германската полиција.

Експлозивната направа била откриена во вторникот од градежни работници на градилиште во близина на Александерплац.

Околу 1900 жители од околните згради минале неколку часови во привремени засолништа пред полицијата да им дозволи да се вратат во своите домови.

Од безбедносни причини, возовите и трамваите не запирале на блиските станици за време на деактивирањето на бомбата, а патниот сообраќај бил пренасочен.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет52 минути

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет1 час

(Видео) Импичмент на Трамп: Сенаторите се судрија околу правилата на судењето

Додека американскиот претседател Доналд Трамп е на Светскиот економски форум во Давос,американскиот Сенат отфрли неколку барања на демократите во врска...

Свет1 час

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија1 час

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура13 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет14 часа

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт14 часа

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет15 часа

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Регион17 часа

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет19 часа

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија20 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија21 час

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија22 часа

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија22 часа

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет23 часа

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет1 ден

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет1 ден

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија1 ден

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион1 ден

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Забава1 ден

Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи...

Досие