Контакт

Свет

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

Објавено пред

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба да се преиспита.

Американскиот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, рече дека снабдувањето на Сирија со рускиот анти-ракетен систем ќе доведе до значителна ескалација на веќе постојните тензии во регионот.

Русија претходно објави дека ќе ја снабди сириската влада со модерен анти-ракетен систем С-300, откако претходно минатата недела руски воен авион беше соборен во Сирија.

Официјална Москва по соборувањето на авионот рече дека според нив одговорни за инцидентот се воздухопловните сили на Израел.

„Русија ќе го предаде модерниот систем за воздушна одбрана С-300 во Сирија во текот на следните две недели“, изјави рано утринава рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Ракетата „Фалкон Хеви“ на Илон Маск лансирана во вселената со 24 сателити

Објавено пред

Американската компанија „Сепјс екс“ денеска ја лансираше својата најголема ракета „Фалкон Хеви“, која во вселената однесе 24 истражувачки сателити, но и капсула со пепелта на 150 починати луѓе.

Агенцијата АП пренесе дека ова е третиот лет на најмоќната ракет на денешницата, но прв во рамки на мисија на американското Министерството за одбрана.

Се тврди дека еден од сателитите кои „Фалкон Хеви“ ги носи во вселената е оптемен со атомскиот часовник на НАСА наречен „Дип спејс“ кој би требало да го промени начинот на навигација низ вселената.

Американската агенција објави дека на ракетата е сместена и метална капсула со пепелта на 150 починати лица чии семејства сакаат нивните посмртни останки да почиваат вселената.

Според основачот и извршен директор на „Спејс екс“, Илон Маск, ова било нивното најтешко лансирање на ракета досега.

Тој објасни дека сателитите мора да бидат поставени во три различни орбити и дека биле потребни неколку часа за сите да бидат ослободени.

Ракетата „Фалкон Хеви“ за првпат беше лансирана во февруари 2018 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Илиноис стана 11. американска држава која ја легализира марихуаната

Објавено пред

Гувернерот на американската држава Илиноис, Роберт Прикер, денеска го потпиша актот за рекреативна легализација на марихуаната, што го прави Илиноис 11-та сојузна американска држава која го легализираше овој вид на наркотик.

Демократската влада, пренесува агенцијата АП, потпиша закон со кој им се овозможува на жителите да купуваат и да поседуваат до 30 грама марихуана.

Лица кои не се постојани жители, на територијата на Илиноис може да имаат најмногу до 15 грама марихуана.

Американската агенција потесетува дека марихуаната како наркотик на федерално ниво во САД била забранета од 70-тите години на минатиот век.

Прикажи повеќе...

Свет

Уапсен водачот на јеменскиот огранок на Исламска држава

Објавено пред

Специјалните саудиски сили го заробија лидерот на јеменскиот огранок од екстремистичката организација Исламска држава, Абу Осаму ал-Мухаџер, соопшти денеска воената коалиција под водство на Саудиска Арабија во Јемен.

Осама ал-Мухаџер и уште некои членови на организацијата биле заробени на 3 јуни во рација на саудиските и јеменските сили во една куќа, се наведува во соопштението на коалицијата кое го пренесе саудиската државна новинска агенција СПА.

Оружје, муниција и телекомуникациски уреди биле исто така запленети за време на 10-минутната операција, се додава во соопштението.

Операцијата претставува силен удар за Исламската држава, особено во Јемен, констатира „Ројтерс“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Владата ќе испитува дали има основа да се раскине концесијата за Иловица

Владата на денешната 141 седница донесе одлука да го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето...

Свет2 часа

ОН: Богатите ќе купуваат спас од жештините и гладот, на повидок е климатски апартхејд

Светот е на пат кон климатски апартхејд, во кој богатите ќе купуваат излез од најлошите ефекти од климатските промени, додека...

Економија4 часа

Во Љуботен запленети над 12 тони тутун, нелегално се увезувал од сите соседни земји

Над 12 тони тутун е одземен од жителите на Љуботен по спроведената акција во селото. Нема уапсени, бидејќи истрагата не...

Македонија5 часа

Дураки поднесе оставка: Моето раководење ќе остави траен белег во заштитата на животната средина

Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање од причина што е предложен за министер...

Регион6 часа

Ердоган: Ако е потребно, ќе направиме ревизија на владата, но без надворешни притисоци

Не можеме да ги предвидиме пораките на народот и да се оглушиме на нив, истакна денеска турскиот претседател, Реџеп Таип...

Македонија7 часа

Здравствениот инспекторат побара проверка на стручноста на лекарите за смртта на родилката

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил вонреден инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што била лекувана родилката од...

Македонија8 часа

(Видео) Арсовски: Советник од ДУИ незаконски гради бетонска база во Охрид

Безвластието и самоволието на локалните шерифи во Охрид е само слика и прилика од владеењето на Зоран Заев и СДСМ,...

Македонија10 часа

Кавадарчани фалсификувале американски долари, обвинение против 12 лица, меѓу кои и вработени во банка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт за фалсификување американски долари. Од Обинителството информираат дека обвинението се однесува на 12...

Македонија10 часа

Поднесено е обвинение против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против Ел Чека за, како што се наведува, продолжено кривично дело – неовластено прислушување...

Македонија10 часа

Финансиската полиција спроведе акција во скопско Љуботен, жителите вознемирени

Финансиската полиција од утрово спроведува акција во скопското село Љуботен, каде што со помош на припадници на МВР се врши...

Свет12 часа

Иран: САД го затвори патот на дипломатијата засекогаш

Техеран порача дека со воведувањето на нови американски санкции кон ирански претставници значи постојано затворање на патот на дипломатијата меѓу...

Свет13 часа

Русија се враќа во Советот на Европа

Русија доби поддршка од Парламентарното Собрание на Советот на Европа, по неколку години да се врати во тоа тело, пренесе...

Македонија1 ден

Герила акција: Скопските дрвја во синџири

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на...

Топ1 ден

Две лица се обиделе да запалат кафуле во Лисиче

Синоќа во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на улицата „Горно Лисиче“ во Скопје две...

Македонија1 ден

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија1 ден

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Македонија1 ден

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ1 ден

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион1 ден

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Досие