Контакт

Свет

САД ќе спречат Кина да зазема територии во меѓународните води

Објавено пред

Новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп вети во понеделникот дека САД ќе спречат Кина да зазема територија во Јужнокинеското Море, за што кинеските медиуми одговорија дека Вашингтон би требало „да води војна“.

„Мислам дека САД ќе осигурат таму да ги заштитиме нашите интереси. Тоа е прашањето дали тие острови се во меѓународни води а не дел од Кина, и тогаш ќе осигуриме меѓународната територија да не ја заземе ниедна земја“, изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, на брифингот со новинарите.

Кина, којашто не ја признава јуриздикцијата на судот во Хаг и назначи дека неговите пресуди немаат важност за неа, голем дел од Јужнокинеското Море го смета за своја територија. По овој пат се одвива поморската трговија во вредност од 5 билиони долари годишно, а на овие води право полагаат и регионалните сојузници на САД, како Виетнам, Филипини, Малезија, Брунеи, Тајван и Јапонија.

Кина се повикува на разграничувањето кое се појавува во кинеските географски карти од 1940-те години. Меѓутоа, Постојаниот арбитражен суд (PCA) во Хаг оцени во јули минатата 2016 година дека Пекинг нема историско право на природните богатства во рамките на ткн „линија од девет цртички“. Кина уште во 1947 година ја прогласи таканаречената „линија од девет цртички“ која се протега на стотици километри јужно и источно од копнениот дел на најнаселената земја на планетата, како и нејзината островска покраина Хаинан. Линијата опфаќа голема област на којашто Кина полага право врз основа на она што го смета за свои „историска права“

Јужнокинеското Море е една од најважните геостратешки точки на светот за кои неретко се вели дека е вториот Персиски залив, имајќи ги предвид богатите природни ресурси на неговото дно. Кина одамна процени дека таму се кријат повеќе од 18 милијарди тони сирова нафта. Исто така, овие води се едни од најфреквентните поморски рути.

Предмет на меѓудржавните несогласувања се главно и најчесто поморските граници, како и полагањето право на поедини острови, архипелази и гребени, Станува збор за околу 3,5 милиони квадратни километри простор во чија сторија подоцна се вмешуваат и Јапонија и САД, кои им даваат поддршка на сите кои им се спротиставуваат на одлуките и активностите на најголемата регионална сила – Кина.

Спајсер одговори на прашањето дали претседателот Доналд Трамп се согласува со својот кандидат за државен секретар Рекс Тилерсон кој на 11-ти јануари рече дека на Кина не требало да ѝ се дозволи пристап на островите и ртовите кои ги изгради во спорните води на Јужнокинеското Море, на кое право полагаат и повеќе земји од регионот, сојузници на САД.

Изјавите на Тилерсон на сослушувањето во Сенатот ги поттикна кинеските државни медиуми да пишуваат дека САД би требало „да водат војна“ за да ѝ забранат на Кина да им пристапи на вештачките острови на кои изгради авионски писти со воени должини и постави противвоздушни системи.

На споменатото сослушување на прашањето дали поддржува поагресивен став кон Кина одговори дека „Ќе мора на Кина да ѝ испратиме јасен сигнал дека, прво, градењето на островите ќе престане и, второ, вашиот пристап он тие острови, исто така, нема да биде дозволен“.

Поранешен претседател на управниот одбор и извршен директор на „Exxon Mobile Corp“, не навлегуваше во детали за тоа што би можело да стори за на Кина да ѝ се оневозможи пристап до тие острови.

Американските медиуми пишуваат дека Трамп планира големо јанење на морнарицата во источна Азија за да се спротистави на подемот на Кина./крај/мф/сн

Најново

Македонија18 минути

Муцунски и Петрова-Чамова ќе се сретнат на маргините на конференцијата за Коридорот 8 во Софија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Софија ќе оствари билатерална средба со бугарската министерка за...

Економија32 минути

Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан премиерно претставени во Македонија

Две различни интерпретации на врвот на BMW понудата, обединети во ново поглавје на дизајн, технологија и луксуз Името е познато,...

Македонија49 минути

Бугарскиот производител: Во два од четирите случаи со БСЖ-вакцината во Хрватска е наведена доза 10 пати над пропишаната

Бугарскиот производител „Бул Био“ тврди дека податоците за четирите пријавени случаи на остеомиелит по БСЖ-вакцинација во Хрватска не докажуваат проблем...

Спорт50 минути

Артета во Арсенал барем до 2030 година

Актуелниот шампион на Премиер лигата, Арсенал, го продолжи договорот со тренерот Микел Артета. Арсенал секогаш сакал да има континуитет со...

Економија1 час

„Халкбанк“ со донација од 30.000 евра ја реновираше читалната на Економскиот факултет во Скопје

Со цел создавање уште подобри услови за учење, истражување и стекнување знаење за студентите, денес на Економскиот факултет во Скопје...

Македонија1 час

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“. –...

Спорт1 час

Турција му врачи отказ на Монтела

Винченцо Монтела повеќе не е селектор на Турција, му пресудија лошите резултати на Светското првенство и Лигата на нации. На...

Спорт1 час

Згасна КК Монако

АС Монако Баскет објави дека повеќе не е во можност да ги исполнува своите финансиски обврски и затоа ќе ги...

Македонија2 часа

(Видео) Јанчев: Со европско знаменце се турка закон што ја загрозува заштитата на животната средина

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната собраниска седница посочи на три клучни проблеми во Предлог-законот за изменување и дополнување...