Контакт

Европа

Салвини се закани дека ќе ја бојкотира „Нутела“ бидејќи не му е доволно италијанска

Објавено пред

Италијанскиот десничарски опозиционер, Матео Салвини, се закани дека ќе ја бојкотира „Нутела“, бидејќи нејзините состојки не се сто проценти италијански.

„Се премислив затоа што дознав дека ‘Нутела’ содржи лешници од Турција, па повеќе би сакал да им помогнам на компании кои користат италијански производи“, изјави Салвини на еден јавен собир.

„Повеќе би јадел италијански производи ако со тоа можам да им помогнам на италијанските земјоделци“, додаде 46-годишниот политичар.

Салвини сака јавно да ги истакнува своите прехранбени навики како дел од неговата стратегија на социјалните мрежи. „Нутела“ честопати досега ја истакнувал на фотографии со храна на своите профили на „Твитер“ и „Фејсбук“.

Во видео на „Фејсбук“, тој ги повика „Фереро“ и другите локални компании за храна да набават италијански шеќер, лешници и млеко.

Производителот на „Нутела“ не одговори на забелешките на Салвини. „Фереро“ е најголемиот купувач на лешници во светот, а како што се тврди, количината на лешници во Италија не е доволна за да се задоволат потребите за производство на кремот „Нутела“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Осум мртви во Чешка, се запалил дом за лица со попреченост

Објавено пред

Најмалку осум лица загинаа во пожар во Чешка, кој денеска избувнал во дом за лица со инвалидитет.

Повредени се околу 30 луѓе, некои од нив посериозно, изјави портпаролот на одделот за итни случаи.

Многу жители на домот вдишале големи количини чад.

Пожарот избувнал утрово во дом за лица со инвалидитет во гратечето Вејпрти. Причината за пожарот сè уште не е откриена.

Градот се наоѓа во северозападниот дел на Чешка, во близина на германската граница.

На местото на настанот пристигнале седум амбулантни возила, меѓу кои и две од Германија. Пожарот веќе не се шири, но сè уште не е целосно под контрола.

Ова е втор најсмртоносен пожар во Чешка во последните неколку децении.

Прикажи повеќе...

Европа

Хари и Меган останаа без кралските титули

Објавено пред

Принцот Хари и неговата сопруга Меган веќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности, нема да ги користат титулите Кралско височество и нема официјално да ја претставуваат британската кралица, објави Бакингамската палата.

„Хари, Меган и Арчи (нивниот новороден син) секогаш ќе бидат многу сакани членови на моето семејство“, се вели во изјавата на кралицата Елизабета.

„Ги разбирам предизвиците со кои се соочуваа поради големото внимание во јавноста во последните две години и ја поддржувам нивната желба да живеат самостојно“.

Кралицата додава дека е особено горда што Меган станала дел од семејството.

„Целото семејство се надева дека денешниот договор ќе им овозможи да започнат со градење на среќен и мирен нов живот“.

Хари (35) и неговата американска сопруга, поранешната актерка Меган Маркл (38), овој месец предизвикаа криза во кралското семејство, најавувајќи дека сакаат да ги намалат своите кралски должности и да минуваат повеќе време во Северна Америка со цел да станат финансиски независни.

Кралицата и нејзиното семејство во последниве денови се договараа со државните власти како ова практично да се спроведе.

Палатата објави дека Хари и Меган повеќе нема да примаат јавни пари за кралски должности и ќе ги вратат парите што ги потрошиле за реновирање на нивниот дом во Виндзор. Станува збор за 2,4 милиони фунти.

Промените стапуваат на сила напролет, објави палатата, одбивајќи да ги коментира безбедносните аранжмани направени за Хари и Меган.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин одговори на прашање дали планира да биде доживотен претседател

Објавено пред

Во разговор со ветерани од Втората светска војна во Санкт Петербург, рускиот претседател, Владимир Путин, изрази мислење дека не треба да се врати практиката на неограничен мандат на претседателот на државата.

Како што пренесува агенцијата „Спутник“, еден од ветераните му пристапил на рускиот претседател, барајќи од него да го смени, односно како што рекол, да подобри еден од членовите на законот, така што овластувањата на претседателот нема да се ограничуваат со конкретен мандат.

„На тој начин народот ќе има можност на одредени периоди да одлучува дали ќе ја продолжи работата на претседателот или ќе го отповика, заблагодарувајќи му се за направеното“, ја објаснил ветераот својата идеја, додавајќи дека Путин во своето владеење ја зајакнал одбранбената способност на земјата, па отсега може да започне и со решавање на други прашања.

Путин му се заблагодарил на ветеранот за изнесените оценки и дал краток одговор.

„Во однос на мандатот, разбирам дека прашањето има голема поврзаност со тоа што нашите луѓе се загрижени за стабилноста на општеството и земјата – и за надворешната и за внатрешната стабилност“, посочил тој.

„Сепак, би било многу загрижувачко доколку се вратиме на ситуацијата од средината на 80-тите години на минатиот век, кога лидерите на државата, еден по друг, останаа на власт до нивната смрт, заминувајќи без да ги овозможат потребните услови за трансформација на власта. Затоа ви благодарам на убавите зборови, но подобро е да не се враќаме кон таквата ситуација“, истакнал претседателот на Руската Федерација.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет9 часа

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Забава11 час

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се...

Регион13 часа

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди денеска Албанија.Епицентарот на земјотресот е на 64 километри северо-источно од Тирана.         ...

Свет14 часа

Иранците ги враќаат телата на жртвите од паднатиот авион, но не и црните кутии

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран  се  пренесени од Иран во Киев, но...

Македонија18 часа

(Видео) Скопјанецот Кристијан Ниневски исто како лани прв дојде до крстот во водите на Вардар

Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите...

Европа19 часа

Осум мртви во Чешка, се запалил дом за лица со попреченост

Најмалку осум лица загинаа во пожар во Чешка, кој денеска избувнал во дом за лица со инвалидитет. Повредени се околу...

Македонија20 часа

Петар Рупески од Варош по петти пат го фати крстот во Охрид

Петар Рупески, 30-годишник од Варош, беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро...

Македонија21 час

Пендаровски: Богојавление е потсетник материјалните предизвици да не нè оттргнат од духовните вредности

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква –...

Европа1 ден

Хари и Меган останаа без кралските титули

Принцот Хари и неговата сопруга Меган веќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности, нема да ги користат титулите...

Македонија1 ден

Шилегов: Тргнати се основите за панорамското тркало, добивме мост без барокни елементи

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на „Фејсбук“ објави фотографии од кои се гледа дека јавните служби од коритото на реката Вардар...

Македонија2 дена

Емил Јакимовски кој им се закануваше на две новинарки доби осумдневен притвор

Судија на претходна постапка попладневно му одреди осумдневен притвор на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар. „Осумдневниот притвор му...

Македонија2 дена

Заев: Остануваме отворени за соработка на изборите со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект...

Свет2 дена

(Видео) Макрон евакуиран од театарот во Париз, демонстранти се обидоа да влезат во зградата

Француските безбедносни сили го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон од театарот Ле Буфе ду Норд во Париз поради напад...

Топ2 дена

Разбојниците по кражбата во НЛБ банка го запалиле возилото

Три вооружени лица најверојатно го извршиле грабежот во еокспозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров.Тие го извршиле грабежот со „опел...

Економија2 дена

(Видео) Aнгеловска: Буџетот е во добра кондиција, платите и пензиите ќе бидат исплатени навреме

„Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за...

Свет2 дена

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.         ...

Култура2 дена

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Економија2 дена

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија2 дена

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Досие