Контакт

Европа

Сведоштва за масакрот во џамиите: Насекаде имаше крв и мртви тела

Објавено пред

Очевидците на масакрот во џамиите на Нов Зеланд во шок и вознемиреност пред медиумите ги раскажаа првите впечатоци по терористичкиот напад за време на петочната молитва.

Нур Хамза (54) од Малезија рече дека со други луѓе истрчал од џамијата кога почнало пукањето, пренесе „Њу Зеланд хералд“.

Се скриле зад најблискиот автомобил. Потоа, во џамијата влетала вооружана полиција, а Хамза вели дека видел мртви тела на влезот во џамијата. Кога погледнав низ прозорецот во џамијата, видов голем број тела.

„Ројтерс“ го пренесе сведочењето на друг очевидец ,кој раскажува дека напаѓачот носел шлем и заштитен елек.

„Имаше голема пушка. Влезе и почна да пука врз сите во џамијата, насекаде“, рече Ахмад ал-Махмуд, кој со уште неколку верници излегол низ стаклената врата.

Радио „Њу Зеланд“ ги пренесе зборовите на третиот очевидец, кој раскажа дека слушнал пукање и видел најмалку четири лица како лежат на подот, а насекаде имало крв.

Махмуд Назер раскажа за една телевизија дека од напаѓачот се скрил под клупата.

„Го молев Бог да го сопре овој човек“, изјави Назер за ТВНЗ.

„Пукањето продолжуваше. Едно лице пред нас беше погодено во раката“, додаде тој.

Во терористичкиот напад загинаа најмалку 49 лица, а десетици се повредени. Уапсени се 4 лица. Од она што досега е познато, главен напаѓач е Брентон Тарант, кој дошол од Австралија во Нов Зеланд за да го изврши нападот.

Европа

Италијанската полиција заплени оружје наменето за неофашистите

Објавено пред

Полицијата во северна Италија приведе тројца мажи, вклучувајќи и еден поврзан со неофашистичка италијанска политичка партија, кога открила огромна количина автоматско оружје, еден проектил и материјал со нацистички симболи.

Полицијата соопшти дека ова откритие било резултат на претходна истрага за Италијанците што учествувале во војната во источна Украина, пренесе АП.

Во официјално соопштение полицијата од Торино изјави дека еден од уапсените мажи во 2001 година безуспешно се кандидирал за Сенатот како кандидат за неофашистичката партија „Форца нуова“.

Во неговата куќа полицијата пронашла речиси 30 ловечки пушки, пиштоли и бајонети, како и муниција и стари нацистички плакети со свастика.

Двајцата други мажи биле уапсени кога полицијата пронашла проектил произведен во Франција во хангар на аеродром за кој веруваат дека требало да биде ставен на продажба, објави агенцијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Штрајк на 2.000 вработени во „Амазон“ во Германија

Објавено пред

Повеќе од 2.000 работници во седум центри за дистрибуција на „Амазон“ во Германија почнаа штрајк, при што бараат зголемување на платите, објави синдикатот „Верди“, најавувајќи дека штрајкот ќе трае најмалку два дена.

Штрајкот, со мото „Нема повеќе попусти на нашата заработка“, почна ноќта помеѓу неделата и понеделникот и се совпадна со „Прајм деј“ на „Амазон“ кога овој американски онлајн-гигант за малопродажба им нуди попусти на своите претплатници на програмата „Прајм“, објави „Ројтерс“.

Во „Амазон“ не го наведоа точниот број на вработени што се во штрајк, но беше кажано дека тој немал влијание врз испораката на клиентите.

Прикажи повеќе...

Европа

Ликот на прогонетиот хомосексуалец и воен херој на банкнота од 50 фунти

Објавено пред

Алан Турнинг, основачот на концептот на модерен компјутер и математичар, познат по разбивањето на воениот код Енигма, ќе се појави на новата британска банкнота од 50 фунти, според „Гардијан“.

Тој бил избран меѓу речиси 1.000 научници поради неговата улога во Втората светска војна, но и поради повоеното прогонство што го доживеал бидејќи бил хомосексуалец.

Британската централна банка, Банката на Англија, го пофали Туринг и како научник и како личност што имаше огромно влијание врз општеството. И покрај заслугите добиени за време на Втората светска војна, тој беше уапсен во 1952 година поради кршење на јавниот морал и беше осуден на задолжителна хормонална терапија. Две години подоцна тој извршил самоубиство, се отрул со цијанид.

Банкнотите со ликот на Туринг ќе стапат во промет во 2021 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е на барање на обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија41 минута

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија1 час

Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија2 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија3 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија5 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава5 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет5 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет7 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион7 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт16 часа

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа18 часа

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт19 часа

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет19 часа

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Спорт19 часа

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот...

Регион20 часа

Ердоган: Испораката на С-400 системите ќе заврши в година

Испораката на руските ракетни системи С-400, Турција би можела да ја заврши до април следната година, изјави денеска турскиот претседател,...

Регион20 часа

Јулски снег во Бугарија

На планината Рила во Бугарија, падна снег, објави Метео Балканс. Лошите временски услови ја зафатија Бугарија, а метеоролозите најавуваат обилни...

Македонија23 часа

Лидерската средба е неизвесна, власта и опозицијата не можат да ги усогласат темите

Неизвесно е дали ќе има лидерска средба помеѓу првите луѓе на најголемите политички партии, а несогласувања постојат во оснос на...

Култура24 часа

(Видео) Огнен и Марина ја крунисаа љубовта на 46-тата Галичка свадба

Во Галичник денеска се одржа 46-то издание на традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, која повеќе од 4 децении ги негува...

Европа24 часа

На парадата во Париз се појави „летачки војник“

По повод францускиот национален празник Ден на падот на Бастиља во Париз, вниманието го привлече поранешниот џет-ски шампион Фреки Запата...

Досие