Контакт

Свет

Сведоштво на француска тенисерка: тренерот ме силуваше 400 пати за две години

Објавено пред

Поранешната француска тенисерка Анжелик Коши сведочеше како дел од истрагата за сексуална злоупотреба на малолетници во рамките на Француската тениска федерација. Коши даде грозоморни детали за злоупотреба наведувајќи дека тренерот ја силувал 400 пати во период од две години, понекогаш и трипати на ден.

dobivaj vesti na viber

Анжелик Коши сведочеше дека тренерот Андрју Гедес ја силувал трипати на ден кога ја презел тренерската должност во француската репрезентација, а таа имала само 12 години.

„Бевме во Ла Бол, таму ги носеше своите жртви. Ги живеев најлошите две недели во животот, ме силуваше трипати на ден“, им рекла тенисерката на властите. Таа додаде дека нејзиниот тренер ѝ рекол дека има СИДА поради што живеела убедена дека и самата има СИДА од 13. до 18. година.

„Многупати размислував за самоубиство, ме силуваше трипати на ден. Првата вечер ме замоли да одам во неговата соба, а јас не отидов. И така тој влезе во мојата. Беше лошо. Бев затворена, не можев да излезам кога сакав“, изјави поранешната тенисерка, која и самата е тениски тренер.

Таа се присети и дека му рекла на тренерот дека не треба да го прави тоа, дека не сака, на што тој одговорил дека тоа понекогаш се случува во односите меѓу тренерите и учениците бидејќи поминуваат многу време заедно и дека тоа е целосно нормално.

Коши тврди дека тренерот имал поддршка од претседателот на тениската асоцијација.

„Во светот на тенисот беше познато дека неговото однесување кон младите девојки не е коректно. Кога една девојка му се пожалила на претседателот дека се однесува недолично кон младите со вербално и физичко насилство, одговорот бил: ‘Да, но тој ни носи титули’“, тврди Коши.

Уште три девојчиња, на возраст меѓу 15 и 17 години, станаа жртви на Гедес.

Тие рекоа дека тренерот ги принудил да ги прекинат врските со своите семејства и пријателите и ги подложил на серија насилни сексуални напади во неговиот автомобил, во соблекувалната или за време на тренинг.

Тренерот Ендрју Гедес беше осуден на 18 години затвор во 2021 година за сексуално вознемирување четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Захарова: Ако Србија влезе во ЕУ, ќе мора да се бори за националниот идентитет

Објавено пред

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова рече дека Србија ќе мора да се бори за својот национален идентитет, доколку стане членка на Европската унија, бидејќи во ЕУ примаат исклучиво врз основа на генетски модифицирана национална свест.

dobivaj vesti na viber

Таа реагираше по повод интервјуто на српскиот вицепремиер, министер за одбрана и лидер на СНС, Милош Вучевиќ за весникот „Политика“, во кое тој меѓу другото изјави дека Србија „мора да стане полноправна членка на Европската унија, бидејќи тоа ќе донесе придобивки за нејзините граѓани“, но дека нема намера да воведува санкции кон Русија, како и дека ќе одржува „партнерски односи со Кина, како и со арапскиот свет, Индија, Африка и двете Америки“.

-Одличен говор. Единствениот проблем е што во ЕУ се примаат исклучиво врз основа на генетски модифицирана национална свест, напиша Захарова на Телеграм.

Како пример таа ги наведе Полска и Унгарија, кои како полноправни членки на Европската унија, како што кажа, „буквално се принудени да се борат за зачувување на својот национален идентитет“.

-Арбитражи, судови, дури и внатрешни санкции, а при тоа се членки на НАТО и постојано гласаат за незаконски антируски санкции. И не треба да ја изгубиме од вид западната расипаност: тие ветуваат многу, а кога ќе го добијат тоа што го сакаат, ништо не исполнуваат, рече Захарова.

Прикажи повеќе...

Свет

Нетанјаху изрази загриженост за „анти-израелската позиција“ на Русија

Објавено пред

Израелскиот лидер денеска разговараше со Владимир Путин и го изрази своето незадоволство поради „анти-израелската позиција“ заземена од претставниците на Москва во ОН.

dobivaj vesti na viber

Во израелската изјава се вели дека г-дин Нетанјаху, исто така, изразил „огромно негодување“ за „опасната“ соработка на Русија со Иран.

Во петокот Русија ја поддржа резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за примирје во Газа.

По американското вето, заменик-амбасадорот на Русија во ОН Дмитриј Полјански го нарече гласањето „еден од најтемните денови во историјата на Блискиот Исток“.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин: Западот никогаш нема да успее да ја ослаби и уништи Русија

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји се обиделе да ја ослабат и уништат Русија, но дека тоа никогаш нема да успее.

dobivaj vesti na viber

„Тие се обидоа да ја потиснат Русија, да ја ослабат. И конечно да го скрши. Тоа нема да работи. Никогаш“, рече Путин на доделувањето на наградата по повод Денот на хероите на татковината, одржана на 8 декември, а снимки од церемонијата денеска објави новинар на ТВ Русија-1.

Путин потсети на изјавите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, кои признаа дека немаат намера да ги спроведуваат договорите од Минск и дека ги користеле за да ја подготват Украина за конфликт, пренесува РИА Новости.

Путин оцени дека иднината на Русија зависи од учесниците во „специјалната операција“, како што официјална Москва ја нарекува војната во Украина.

Церемонијата на доделување на наградите се одржа во петокот во Кремљ, пред Денот на хероите на татковината, кој Русија го слави на 9 декември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Ковачевски: Кандидатот за претседател на државата ќе биде од СДСМ, а не од ДУИ

Ковачевски пристигна во штабот на СДСМ каде во 19 часот ќе се одржи состанок на извршниот одбор и рече дека...

Свет1 час

Захарова: Ако Србија влезе во ЕУ, ќе мора да се бори за националниот идентитет

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова рече дека Србија ќе мора да се бори за својот...

Македонија1 час

ОН ја повика Бугарија да ги гарантира правата на македонската етничка заедница

Комитетот за елиминација на расна дискриминација при Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во извештајот за Бугарија препорачува таа...

Македонија2 часа

Душан Миљуш од “Јутарњи лист”: Не контактиравме лично со градоначалникот туку со неговиот кабинет, пред директорката бришевме фотографии

По реакциите во јавноста за посетата на „Јутарњи лист“ во училиштето каде учеше убиената Вања Ѓорчевска, „Макфакс“ побара одговори од...

Свет4 часа

Нетанјаху изрази загриженост за „анти-израелската позиција“ на Русија

Израелскиот лидер денеска разговараше со Владимир Путин и го изрази своето незадоволство поради „анти-израелската позиција“ заземена од претставниците на Москва...

Македонија4 часа

Обдукцискиот наод за Вања се уште не е изготвен и доставен до обвинителството

Обдукцискиот наод за 14 годишната Вања Ѓорчевска се уште не е изготвен и доставен до обвинителството, велат оттаму. Од обвинителството...

Македонија4 часа

СДСМ: Близок соработик на Мицкоски фатен со кокаин; ВМРО-ДПМНЕ: Толоманоски по пријавата е разрешен

Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин, вели СДСМ. „Како што информираше...

Свет4 часа

Путин: Западот никогаш нема да успее да ја ослаби и уништи Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји се обиделе да ја ослабат и уништат Русија, но дека тоа никогаш...

Македонија5 часа

Маричиќ: Мора силно да се залагаме за мирно разрешување на конфликтите низ дијалог и дипломатија

Во честитката по повод денешниот празник, заменик претеседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ потсетува на клучниот постулат...

Македонија5 часа

Битиќи: Македонија негува стабилно, правично и инклузивно општество

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, во својата објава на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права...

Македонија5 часа

Костадиновска-Стојчевска: Продолжуваме да се бориме против дискриминацијата, насилството и неправдата

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во честитката на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права напиша дека „и...

Топ5 часа

Пешак го загуби животот откако бил прегазен на улица во Нов Дојран

Пешак од Нов Дојран го загуби животот откако вчеравечер во него удрило патничко возило „шевролет“ на главната улица во Нов...

Економија5 часа

Вучиќ најави изградба на гасна интерконекција кон Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со колегите од Софија и Баку денеска во Ниш ја пуштија во употреба гасната...

Македонија7 часа

Герасимовски: Ниту сум имал контакт, ниту сум дал дозвола на хрватски новинари да влезат во Песталоци

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, демантира дека дал дозвола на хрватски медиуми да влезат во училиштето каде учеше Вања....

Македонија8 часа

Нови шокантни детали од Ковачки: „Безбеден Град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Оливер Спасовски е должен да и одговори на македонската јавност зошто на 4 декември за време на неговата прес-конференција, излажа...

Македонија9 часа

Скандал: директорката на училиштето каде учеше Вања избркала хрватски новинари – „Избришете ги сите фотографии!“

Директорката на „Јохан Хајнрих Песталоци“, училиштето каде што учеше Вања, не им дозволила на хрватски репортери да фотографираат и ги...

Свет10 часа

(Видео) Сите очи вперени кон Аргентина: денеска инаугурацијата на Мајли, пристигна и Зеленски

ВО ГЛАВНИОТ град на Аргентина, Буенос Аирес, се е подготвено за денешната инаугурација на новиот претседател Хавиер Мајли, човекот кој...

Свет10 часа

Обединети нации: 9 од 10 луѓе во Газа не можат да јадат секој ден

Висок претставник на Светската програма за храна на Обединетите нации денеска предупреди дека половина од населението во Појасот Газа гладува...

Свет10 часа

„Ова е ментална болест!“ – Ердоган ѝ удри шлаканица на Америка, па постави прашање на кое цел свет чека одговор

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го искористи говорот за човекови права за да го обвини Западот за „варварство“ поради неговиот...

Свет10 часа

(Фото) Од птичја перспектива: еве каде живеат Палестинците додека траат борбите меѓу Израел и Хамас

Повеќето од 2,3 милиони жители на Газа биле принудени да ги напуштат своите домови, често неколкупати, откако Израел им нареди...