Контакт

Свет

Светот ја чека одлуката на Трамп за вмешаноста на САД во војната

Објавено пред

„Можеби ќе го направам тоа, можеби нема. Мислам, никој не знае што ќе правам“, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите на тревникот пред Белата куќа одговарајќи на прашање дали САД планираат да нападнат ирански нуклеарни постројки.

dobivaj vesti na viber

Според медиумските извештаи, Трамп ги одобрил плановите за можен напад, но одлучил да чека засега надевајќи се дека Техеран можеби ќе се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма.

Сепак, мисијата на Иран во Обединетите нации соопшти дека Иран не преговара под притисок сигнализирајќи дека нема намера да се повлече поради заканата од воена акција на САД.

Поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, К. Т. Мекфарланд, вели дека претседателот ќе донесе одлука во последен момент. Но, без надворешен рок, што ќе го принуди да го стори тоа, не е јасно кога би можела да дојде таа одлука.

 

Свет

Најголемото парче од Марс пронајдено на Земјата продадено на аукција

Објавено пред

„Неверојатно ретко“ парче од Марс, најголемо досега пронајдено на Земјата, е продадено за 4,3 милиони долари на аукција во Њујорк. Метеоритот, познат како NWA 16788, тежи 24,5 килограми и е долг 38,1 сантиметар, според Sotheby’.

dobivaj vesti na viber

Откриен е во оддалечен регион на Нигер во ноември 2023 година и е 70% поголем од следното најголемо парче од Марс пронајдено досега. Аукциската куќа Sotheby’s го опиша метеоритот, црвено-кафеава карпа, како „невероятно редок“. Само околу 400 марсовски метеорити се пронајдени на Земјата.

„Ова е најголемото парче од Марс на планетата Земја. Шансите ова да стигне тука оттаму се астрономски мали. Имајте на ум дека околу 70% од површината на Земјата е покриена со вода. Затоа имаме неверојатна среќа што ова слета на суво, а не во средината на океанот“, рече Касандра Хатон, потпретседател за наука и природна историја во Сотби.

Останува нејасно каде ќе заврши метеоритот, бидејќи информациите за купувачот ќе останат приватни. Дополнителните даноци и такси ја доведоа вкупната цена на каменот на околу 5,3 милиони долари, соопшти Sotheby’s.

Прикажи повеќе...

Свет

Јужна Кореја под вода: стотици училишта оштетени, илјадници евакуирани

Објавено пред

Две лица загинаа, а повеќе од 1.000 се евакуирани во Јужна Кореја откако обилни дождови ја зафатија земјата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

Од четврток наутро, делови од регионот Јужен Чунгчеонг јужно од главниот град Сеул добија повеќе од 400 милиметри дожд од среда, соопшти Министерството за внатрешни работи и безбедност.

Поројните дождови донесоа рекордни врнежи во областа, а за четврток вечерта се прогнозира повлажно време, соопшти Корејската метеоролошка управа.

Предупредувањата за свлечишта беа зголемени на највисоко ниво за неколку региони, вклучувајќи го и Чунгчеонг, бидејќи обилните дождови продолжија, според Корејската шумска служба.

Во градот Гвангџу, околу 270 километри јужно од Сеул, 87 патишта и 38 згради беа поплавени во рок од околу два часа по издавањето на предупредувањата за обилни дождови, според новинската агенција Јонхап.

Околу 400 училишта беа затворени, а 166 пријавија материјална штета од обилните дождови, соопшти Министерството за образование.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) 50 загинати во пожар во трговски центар во Ирак

Објавено пред

50 лица загинаа во голем пожар во хипермаркет во градот Ал-Кут во источен Ирак, објави државната новинска агенција ИНА, повикувајќи се на гувернерот на покраината.

dobivaj vesti na viber

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат пламен како ја зафаќа петкатна зграда во Ал-Кут преку ноќ, додека пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди видеата.

Причината за пожарот сè уште не е позната, но гувернерот најави дека првичните резултати од истрагата ќе бидат објавени во рок од 48 часа, објави ИНА.

„Покренавме тужби против сопствениците на зградата и трговскиот центар“, го цитираше ИНА гувернерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Загина 16-годишно момче од Охрид: со мопед излетал од пат и удрил во метален столб

Денеска во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и...

Македонија3 часа

Три активни пожари во државата, еден под контрола

Центарот за управување со кризи известува дека во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар, од кои три се...

Регион4 часа

Три лица извлечени од морето во различни делови на Грција: меѓу нив и српски државјанин

Три лица, меѓу кои и еден српски државјанин, беа извлечени во несвест од морето во различни делови на Грција, соопшти...

Свет4 часа

(Видео) Американци: Историска заплена на иранско оружје наменето за Хутите

Американската војска објави дека Националните сили на отпорот (NRF) на Јемен, предводени од генералот Тарек Салех, успешно пресретнале и заплениле...

Свет5 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 7,3 степени ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со магнитуда од 7,3 степени по Рихтеровата скала го погоди брегот на Алјаска. Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави...

Македонија12 часа

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа13 часа

(Видео) Еруптираше вулкан во Исланд, евакуирана е позната туристичка дестинација

Впечатлива сцена од оган, чад и блескава лава беше снимена денес во југозападен Исланд, каде што еруптираше вулкан на полуостровот...

Свет14 часа

Американски сенатор до Путин: „Што по 50 дена? Нека му се јави на ајатолахот и нека го праша“

Американскиот сенатор Линдзи Греам го поддржа рокот од 50 дена што Доналд Трамп му го даде на Владимир Путин да...

Македонија17 часа

Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран

Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран, извести АМСМ. Од 16 часот, на регионалниот пат Р-1101...

Македонија18 часа

Докторка затекната при примање поткуп во битолска болница: најостра осуда од Министерството за здравство

Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ...

Македонија19 часа

Незгода на патниот правец Битола – Прилеп: сообраќајот во прекин за тешки моторни возила, патничките се пропуштаат наизменично

Од 15:45 часот поради вршење на увид на сообраќајна незгода на магистрален пат А-3 Битола – Државна граница Маџитлија кај...

Македонија19 часа

Во земјава има 200.000 дивоградби, предничи Гостивар, вели Меџити и повикува институциите да делуваат, но не селективно

Сегашниот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој 12 години беше градоначалник на Општина Чаир, повика институциите да...

Македонија20 часа

Меџити не исклучува можност да биде кандидат за градоначалник на Чаир: Сè е на маса

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, не ја исклучува можноста да му биде противкандидат на Бујар Османи...

Македонија20 часа

Активни три пожари во државата, оној кај Николиќ ставен под контрола

Активни се три пожари во државата, соопшти Надица Вчкова од Главниот штаб за управување со кризи. Во моментот сѐ уште е...

Македонија22 часа

Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството – Алиу ветува дека ќе го слуша гласот на народот

Министерството за здрвство добило 90 пријави од граѓани кои се пожалиле на функционирањето на здравствениот систем. Министерот за здравство Азир...

Македонија22 часа

Токму полициски службеници на Тошковски се фатени за диви приклучоци, проблемот не е водата, туку тие што ја добиваат бадијала и институциите што ги штитат, велат од Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ, кога обвинува за недостиг на вода во град Скопје, заборава да додаде дека токму полициските службеници на Панче Тошковски...

Македонија22 часа

55 ветерници ќе обезбедуваат струја за 100.000 домаќинства – почна изградбата на ветерниот парк кај Штип

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција...

Македонија23 часа

Дивоградбите ќе се уриваат ако се утврди дека се проблем за безбедноста на граѓаните, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека една од општините во која вчера е влезено од страна на Одделот...

Македонија23 часа

Тошковски: Арсовска одбива да соработува, полициските службеници не може да обезбедат изјава

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека градоначалничката Данела Арсовска одбива да соработува со полициските службеници од Одделот за внатрешна...

Топ23 часа

Пренесувале и продавале дрога: осомничените откриени преку скај-комуникација

Врз основа на доказите добиени преку скај-комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе...