Контакт

Свет

Светските лидери на меѓународна конференција за Либија во Берлин

Објавено пред

Во Берлин денеска се собираат клучните фактори во долгогодишната граѓанска војна во Либија, во обид да се ограничи странското воено мешање, да се консолидира примирјето и да се помогне во повторното започнување на политичкиот процес за иднината на оваа северноафриканска држава, објави АП.

Канцеларката Ангела Меркел ги покани лидерите на 12 земји, како и Обединетите нации, Европската унија, Африканската унија и Арапската лига, на самит во германската престолнина.

Повеќемесечните дипломатски напори на Германија да ги засили активностите за запирање на борбите во Либија се дел од иницијативата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и неговиот пратеник во Либија, Гасан Саламе, пренесе агенцијата АП.

Меѓу оние кои се очекуваат во Берлин се и претседателите на Русија, Турција и Франција – Владимир Путин, Реџеп Таип Ердоган и Емануел Макрон, италијанскиот и британскиот премиер Џузепе Конте и Борис Џонсон, како и државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Поканети се и претставници на Обединетите Арапски Емирати, Египет, Алжир, Кина и Република Конго.

Исто така, германското Министерство за надворешни работи потврди дека на самитот ќе присуствува премиерот на меѓународно признатата либиска влада на националното единство, Фајез ал-Сараж и неговиот главен противник, командантoт на Народната армија, Калифа Хафтар.

Сепак, како што наведуваат светските агенции, не е јасно колку е веројатно да се оствари вистински напредок во земјата која по соборувањето и ликвидацијата на Моамер Гадафи во 2011 година, западна во хаос и конфликти.

Либија е поделена од ривалските администрации, секоја со поддршка од различни држави.

Силите на Хафтар, кои од април се во опсада на Трполи се поддржани од Египет, Русија и Обединетите Арапски Емирати, додека владата со седиште во главниот град се сврте кон Турција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Уапсени тинејџери кои планирале вооружен напад врз училиште во Русија

Објавено пред

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапсила двајца 14-годишни тинејџери кои планирале вооружен напад врз училиште во Саратов, изјави за ТАСС прес-службата на ФСБ.

„Осуетениот напад беше организиран од двајца руски државјани родени во 2005 година, кои учествувале во разни интернет-групи кои промовираат масовни убиства и самоубиства. Тинејџерите беа откриени во напуштена скривница во која чувале скратена сачмарка“, информираат од прес-службата.

Покрај тоа, според ФСБ, тинејџерите планирале да користат импровизирани поттикнувачи на пожари што ги направиле со упатства преку Интернет.Еден од притворените тинејџери сакал да убие околу 40 лица како одмазда, изјавил неговиот соучесник.

Рускиот истражен комитет во регионот Саратов отвори кривична истрага според членовите 30.1 и 105.2 од рускиот Кривичен законик (заговор за убиство на две или повеќе лица).

Прикажи повеќе...

Регион

Курти го менува Тачи поради тајната спогодба за северот на Косово

Објавено пред

Косовскиот премиер Албин Курти тврди дека постои основа за покренување процедура за смена на косовскиот претседател Хашим Тачи поради сериозно кршење на Уставот со потпишувањето на „тајната спогодба“ со која на припадниците на КБС им се забрануваат активности на северот од Косово.

Според пишувањата на приштинска „Газета експрес“, Курти смета дека тоа е доволна основа за покренување постапка за смена на Тачи.

Според весникот, во канцеларијата на косовскиот премиер постои документ според кој Тачи во 2013 година, додека бил премиер, потпишал потполно тајна спогодба за активностите на припадниците на КБС со тогашниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен.На тој начин, се додава во текстот, Тачи од име на Приштина му пренел на КФОР апсолутна надлежност над сите идни активности на припадниците на КБС на северот од Косово.

Покрај објавената спогодба, Курти го објавил и своето мислење за тој документ во кое се заклучува дека Тачи сериозно го повредил косовскиот Устав, со што се оправдува покренување уставна процедура за негово разрешување.

Прикажи повеќе...

Регион

Колинда оди во САД , добила и понуди за работа

Објавено пред

Доскорешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, наскоро ќе отпатува во САД за да ја посети ќерката која студира на Харвард, а постои можност да има и разговори во врска со нејзината идна кариера, пишува риечки „Нови лист“.

Колинда Грабар Китаровиќ, откако ѝ заврши претседателскиот мандат, ја активираше опцијата врз основа на која половина година има право на плата од 24.000 куни, односно околу 3.200 евра, а потоа половината од таа сума во следните шест месеци.

Грабар Китаровиќ рече дека досега добила многу понуди за работа, а „Нови лист“ наведува дека едната од нив е од американскиот институт „Брукингс“, којашто поранешната хрватска претседателка не ја прифатила.

Како што наведува овој медиум, во прашање била многу конкретна понуда со дефинирани годишни примања. Институтот „Брукингс“ е еден од најпознатите либерални тинк-тенкови и негов претседател е пензионираниот генерал Џон Ален, кој ја посети Колинда во 2015 година како пратеник на американскиот претседател, а во 2018 година таа гостуваше во неговиот институт.

„Нови лист“ наведува, повикувајќи се на извори блиски до Колинда, дека таа има и две сериозни понуди за предавања на странски универзитето на тема меѓународни односи.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија27 минути

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет48 минути

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија1 час

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион1 час

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион3 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа3 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава3 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија4 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија5 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија5 часа

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт15 часа

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија18 часа

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија18 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија22 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија22 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија24 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион1 ден

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија1 ден

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно1 ден

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Досие