Контакт

Европа

Свечено отворен вентилот и официјално пуштен гас низ „Турскиот тек“

Објавено пред

Со поврзување на последната цевка и одвртување на вентилот, претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, заедно со српскиот претседател, Александар Вучиќ, и бугарскиот премиер, Бојко Борисов, симболично и официјално го пуштија во употреба гасоводот „Турски тек“.

Денес, беше пуштен во употреба дел од гасоводот од рускиот град Анапа до турскиот Кијакеј со цевки под Црното Море.

Вториот крак на гасоводот, наменет за снабдување на јужна и југоисточна Европа со руски гас, е во фаза на изградба и ќе минува од турската граница, преку Бугарија и Србија, до Унгарија.

Голем број официјални претставници присуствуваа на церемонијата на отворањето во Истанбул.

Турскиот претседател, Ердоган, изјави дека „Турскиот тек“ е показател за добрата соработка меѓу Турција и Русија и историски енергетски проект во регионот, преку кој со гас ќе се снабдуваат милиони домови.

Претседателот Путин истакна дека соработката меѓу Русија и Турција на овој проект е добар пример за соработка меѓу две држави во услови на сложени меѓународни односи додавајќи дека проектот не е важен само за овие две земји, туку и за граѓаните на цела Европа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Турскиот амбасадор во Австрија повикан на разговор поради Ердоган

Објавено пред

Министерството за надворешни работи на Австрија го повика на разговор турскиот амбасадор Озан Чејхун, бидејќи претседателот на Турција ја „проколна“ Австрија.

Реџеп Таип Ердоган реагираше на потегот на Австрија, која го постави израелското знаме на зградата на Владата во знак на солидарност поради конфликтот во Појасот Газа.

„По апсурдните изјави на Ердоган, турскиот амбасадор беше повикан на разговар во министерството со цел јасно да го пренесе ставот на Австрија“, се вели во соопштението на австриското министерство, пренесува „Спутник“.

Министерот за надворешни работи Александар Шаленберг истакна дека конфликтот на Блискиот Исток не може да се реши со пена во уста.

Ердоган реагираше луто на постапката на Австрија, сфаќајќи ја како поддршка на Израел.

„Ја проколнувам австриската држава. Тие веројатно сакаат муслиманите да ја платат цената на геноцидот врз Евреите”, рече Ердоган.

Прикажи повеќе...

Европа

Комбинацијата на „астразенека“ и „фајзер“ е ефикасна и безбедна

Објавено пред

Шпанска студија за комбинирање на вакцини против Ковид-19 откри дека давањето доза на „фајзер“ на луѓе кои веќе ја примиле првата доза на „астразенека“ е исклучително безбедно и ефикасно, објавија денес истражувачите.

Таканаречената студија „Комбивакс“, предводена од шпанскиот државен здравствен институт „Карлос III“, покажа дека имунолошкиот одговор кај луѓето кои примиле „фајзер“ е меѓу 30 и 40 пати поголем отколку во контролната група луѓе кои примиле само една доза „астразенека“, пренесува „Ројтерс“.

Меѓу 600-те учесници во студијата забележани се само неколку сериозни несакани ефекти, велат авторите на студијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Австрија веќе нема да јa користи вакцината на „Астразенека“

Објавено пред

Австрија веќе нема да ја користи вакцината на „Астразенека“ во процесот на вакцинирање, најави министерот за здравство, Волфганг Микштајн.

Тој рече дека причина за тоа е проблемот со испораките што ги има шведско-британскиот фармацевтски концерн.

Микштајн рече дека за втората доза, за граѓаните кои ја примиле првата доза на „Астразенека“, има доволно вакцини од тој производител во магацините.

Тој најави дека во иднина Австрија ќе се потпре на својата кампања за вакцинирање само на mRNA вакцините на „Бионтек-Фајзер“ и „Модерна“, како и на векторската вакцина „Џонсон и Џонсон“.

И нарачаните количини за 2022 и 2023 година се состојат од 90 проценти од mRNA вакцини, додаде Микштајн.

Тој рече дека неговата одлука нема никаква врска со наводното послабо дејство на „Астразенека“, што, како што вели, не е случај, туку само со проблеми со испораката.

ЕУ не го продолжи договорот со „Астразенека“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Дипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја...

Македонија2 часа

Џамбаски го критикува хрватскиот претседател поради Македонија: „Тој зазема страна во спорот, ова е антибугарска кампања“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што рече, ја обвини Софија за мешање...

Топ3 часа

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија5 часа

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет5 часа

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија5 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет6 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет6 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет6 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет6 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион19 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија20 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија20 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа20 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија23 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија1 ден

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет1 ден

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија1 ден

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет1 ден

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет1 ден

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Досие