Контакт

Свет

Северна Кореја извршила крипто-кражба од 2 милијарди долари

Објавено пред

Северна Кореја заработила дури 2 милијарди долари преку сајбер напади од огромни размери, кои ги финансираат нејзините програми за нуклеарно оружје, се тврди  во новиот извештај на Обединетите нации.

Наодите беа објавени во исто време кога Пјонгјанг тестира две балистички ракети со краток дострел, четврти таков тест за помалку од две недели.

Во извештајот се наведува дека Северна Кореја користела хакери за да спроведат „присилни незаконски трансфери на средства од финансиски институции и берзи на криптовалути, да перат украдени пари и создадени приходи за да се избегнат меѓународните санкции“.

Инспекторите велат дека тие активности може да помогнат во финансирањето на нуклеарното оружје и развојот на балистички ракети на Северна Кореја.

Овие обвиненија беа објавени во нацртот на двогодишниот извештај на панелот независни експерти кои работат на набљудување на санкциите на ОН врз Северна Кореја. Претходните извештаи од комисијата, исто така, го обвинија Пјонгјанг за избегнување санкции преку незаконско однесување.

Експертите велат дека Северна Кореја инвестирала значителни ресурси во развојот на софистицирана сајбер способности и мрежа на хакери кои сè повеќе се користат за да се избегнат санкциите на Обединетите нации и САД.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Австриец казнет зошто пукал кон крадци во неговиот дом

Објавено пред

Австриец кој во својот дом затекнал двајца провалници и пукал кон нив, ќе мора на едниот да му исплати обештетување.

Сопственикот на куќата, 67-годишник од местото Санкт Валентин во февруари ги изненадил провалниците во неговиот дом, но морал да одговора пред суд затоа што пукал кон нив.

Тој погодил еден од разбојниците, 47-годишен Хрват, кој се обидел да избега.

Сопственикот на домот пукал двапати и еден куршум завршил во ногата на Хрватот, кој успеал да избега со соучесникот.

Сепак, на блиската бензинска пумпа, непознатиот крадец го оставил ранетиот соучесник, кого го пронашле случајни минувачи.

Судот го осудил сопственикот на домот на осум месеци условна казна за нанесување телесни повреди и со парична казна од 3.600 евра.

Поточно, било откриено дека тој незаконски поседувал оружје.

Исто така Австриецот на повредениот крадец ќе треба да му исплати 2.100 евра како компензацијата за претрпената болка.

Судијата ја оправдал својата пресуда велејќи дека не е самоодбрана кога се стрела кон лица кои бегаат.

 

 

Прикажи повеќе...

Свет

Ево Моралес доби бегалски статус во Аргентина

Објавено пред

Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, е во Аргентина, каде што доби статус на бегалец, рече аргентинскиот министер за надворешни работи, Фелипе Сола, обраќајќи се на локална телевизиска станица.

Моралес претходно беше во Мексико, каде што доби азил откако неговата влада падна во ноември годинава, соопшти „Ројтерс“.

Моралес поднесе оставка како претседател на Боливија по масовните протести заради контроверзните претседателски избори што ги освои.

Прикажи повеќе...

Свет

Судир на минибус и пикап во Пакистан, 13 загинати

Објавено пред

Најмалку 13 лица загинаа денес во судир на минибус и пикап кој пренесувал бензин во југозападен Пакистан.

Полицијата соопшти дека во пикапот се наоѓал бензин шверцуван од соседен Иран во пластични канти.

Судирот се случил на 75 километри северно од Кета, главниот град на провинцијата Балучистан, по што во минибусот избувнал пожар.

Причината за несреќата сè уште не е утврдена.

Балучистан се наоѓа на главната шверцерска рута, забележува АП. Се граничи со Иран, од каде што се шверцува гориво заради значајната разлика во цената во двете земји.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија18 минути

Фросина Ременски врши увид во доказите за „Меѓународен сојуз“

Пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да направи...

Македонија32 минути

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот “Талир”, на почетокот од судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет2 часа

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуцијата со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет3 часа

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет3 часа

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија14 часа

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет14 часа

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет15 часа

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа15 часа

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет16 часа

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт16 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија19 часа

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа20 часа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија20 часа

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија20 часа

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија22 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија22 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија23 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија24 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Досие