Свет
Северна Кореја им забрани на граѓаните да се смејат и да пијат

На граѓаните на Северна Кореја не им е дозволено да се смеат или да пијат 11 дена, по повод десетгодишнината од смртта на лидерот на земјата Ким Џонг-ил.
Според светските медиуми, државните власти наредиле да нема изразување на среќа во јавноста, додека Северна Кореја ја одбележува смртта на поранешниот севернокорејски лидер.
Ким Јонг-ил владееше со Северна Кореја од 1994 до 2011 година, кога беше наследен од неговиот син Ким Џонг-ун.
„ Во периодот на жалост не смееме да пиеме алкохол, да се смееме или да се занимаваме со лежерни активности“, изјави севернокорејски жител на Синиџи за Радио Слободна Азија.
Истиот извор тврди дека на граѓаните нема да им биде дозволено да одат по намирници на 17 декември, кога се одбележува годишнината од смртта на Ким Џонг-ил.
„ Претходно се случувало да уапсат луѓе кои пиеле или биле пијани во моментот на жалост и биле третирани како идеолошки криминалци. Тие биле однесени и никогаш не биле видени повеќе“, тврди лицето, а пренесува „Дејли мејл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Бајден пак падна

Американскиот претседател Џо Бајден повторно падна. Тој се сопна и падна откако ја врачи последната диплома на церемонијата на дипломирање на американската академија на воздухопловните сили.
Три лица му помогнаа да стане на 80-годишниот Бајден. Во моментот кога станува, Бајден покажува нешто зад себе, веројатно од што се сопнал.
Директорот за комуникации на Белата куќа на Твитер потврди дека Бајден е добро. „На сцената имаше вреќа со песок“, објасни ЛаБолт.
Не е првпат да падне претседателот на САД. Минатата година падна од велосипедот додека се обидуваше да се симне од него. Исто така, се сопна и во февруари оваа година додека се качуваше по скалите на авионот на заминување од Варшава.
Свет
Париз и Берлин повикаа на нови избори на северот на Косово со учество на Србите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Молдавија дека Париз и Берлин денеска апелираа до Србија и Косово што е можно поскоро да организираат нови локални избори во четири општини со српско мнозинство на северот на Косово и дека на нив учествуваат српски претставници.
По заедничките средби на Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц со претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Вјосa Османи, францускиот лидер пред новинарите изјави дека тензиите на северот на Косово се резултат на локалните избори, на кои само три отсто на 23 април излегоа запишани гласачи.
„Ние целосно ги поддржуваме сите повредени, пред се војници на НАТО. Ги повикавме двете страни да организираат нови избори во четири општини (на северот на Косово) што е можно поскоро и на нив да учествуваат српски претставници“, изјави Макрон за новинарите по самитот на Европската политичка унија.
По самитот во молдавското село Булбоака, Макрон изјави и дека шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ќе разговара со лидерите на Србија и Косово за одржување нови избори.
„Како што знаете, Германија и Франција предложија план и сега тој треба да се спроведе“, додаде Макрон, мислејќи на Договорот за патот кон нормализација на Косово и Србија, за кој лидерите на двете страни се договорија на 27 февруари и 18 март.
Во близина на зградите на локалните самоуправи во Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан денеска продолжија протестите на Србите, четврти ден по ред. Десетици луѓе од двете страни беа повредени во судирите меѓу граѓаните и војниците на КФОР и припадниците на косовската полиција во понеделникот.
Регион
Вучиќ разговараше со Зеленски: „Не го признава Косово, зошто да не му подадам рака?“

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека имал краток и фер разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Зошто да не му подадеме рака на човек кој не ја признава независноста на Косово“ .
Вучиќ додаде дека луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел се сретнал со нив во Молдавија на самитот на Европската политичка заедница, пишува Н1 Србија.
„Украина не ја призна независноста на Косово и го почитува територијалниот интегритет на Србија, исто како што Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина. Имавме краток и фер разговор, но одлуката за санкции ја носат граѓаните на Србија преку нивните лидери “, изјави Вучиќ за новинарите по самитот на Европската политичка унија во Кишињев.
На прашањето дали разговарал со украинскиот претседател за воведување санкции против Москва, Вучиќ рече дека Србија ја донела својата одлука во март 2022 година и дека позицијата на земјата не може да се смени само со еден разговор.