Контакт

Свет

Северна Кореја истрела најнова противвоздушна ракета

Објавено пред

Северна Кореја ја истрела најновата противвоздушна ракета, објавија агенциите.

Целта на тестот, како што објави Севернокорејската академија за одбранбени науки, е да се потврдат практичната функционалност на ракетниот фрлач, радарот, сеопфатното командно возило и на борбените перформанси.

Ракетата има нови клучни технологии, како што се двојна контрола на кормилото и двопулсен мотор за летање, се вели во соопштението.

„Потврдени се извонредните борбени перформанси на новиот тип противвоздушна ракета со карактеристики за брз одговор и прецизност на системот за контрола на ракети, како и значително зголемување на растојанието при соборување воздушни цели“, изјавиле од академијата.

Светските агенции посочуваат дека, најверојатно, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун не присуствувал на тестирањето.

Северна Кореја во изминатите недели изјави дека нејзините тестови за оружје се со цел да ги зајакнат своите одбранбени способности, исто како што тоа го прават другите земји, обвинувајќи ги САД и Јужна Кореја за двојни стандарди и непријателска политика кон Пјонгјанг.

Ким во средата рече дека нема причина да ја нападне Јужна Кореја и дека е подготвен да ги обнови прекинатите меѓукорејски телефонски линии.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во Италија од денеска е задолжителен зелен пасош за сите вработени

Објавено пред

Од денес во Италија зелениот пасош е задолжителен на сите работни места во Италија. Досега беше задолжителен на сите затворени места, како и во училиштата и за патување, а од денес важи за сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за оние кои работат од дома.

Обврската за зелен пасош е на сила од денес до 31 декември, што воедно е и датум дефиниран како датум на престанување на вонредната состојба.

Во случај некој од вработените да не дојде на работа, бидејќи нема зелен пасош, ќе се смета за неоправдано отсуство, а вработениот ќе остане без плата, иако не се предвидени дисциплински мерки и лицето не може да биде отпуштено.

Предвидени се казни од 500 до 1.500 евра доколку вработените дојдат на работа без тој документ.

Со воведувањето на зелениот пасош, бројот на дадени први дози на вакцина се зголеми за 46 проценти. Ова се податоци за периодот од 16 септември и 13 октомври. Бројот на тестови, исто така, се зголеми на речиси 300.000 дневно.

За да добијат зелен пасош, Италијанците мора да се вакцинирани со барем една доза вакцина и да примат потоа и втора доза или да прележале коронавирус во последните шест месеци.

Прикажи повеќе...

Регион

Советот за безбедност на ОН ќе расправа за Косово

Објавено пред

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе го разгледа редовниот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН за работата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК).

Србија на седницата ќе ја претставува министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, а Косово претседателката, Вјоса Османи.

Извештајот ќе го претстави шефот на УНМИК и специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Захир Танин, кој рече дека новиот извештај се фокусира на владините реформи, владеењето на правото, безбедносните прашања и ситуацијата со пандемијата на коронавирус.

Во пресрет на седницата, како дел од редовните консултации, Танин разговараше одделно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово Албин Курти. Сесијата започнува во 16 часот по средноевропско време.

Претходната седница на Советот за безбедност на ОН, на која се разговараше за шестмесечниот извештај за работата на УНМИК, се одржа на 13 април во онлајн формат, поради пандемијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 6.786 нови случаи на коронавирус, починаа 54 луѓе

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 6.786 нови случаи на коронавирус, починаа 54 луѓе.

Тестирани се 22.710 лица. Од 6.786 нови случаи, најмногу има во Белград, 1.723, додека трицифрен број на новозаразени е забележан во 10 градови.

Вирологот и микробиолог д-р Миланко Шеклер вели дека непочитувањето на мерките во Србија и слабиот одговор на вакцинацијата доведуваат само до дополнителни проблеми.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Во Македонија активни се 6.602 случаи на коронавирус

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473,...

Македонија25 минути

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела. Агенцијата за аудио и...

Македонија18 часа

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Македонија20 часа

Град Скопје ќе им додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за...

Македонија21 час

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им...

Економија21 час

(Видео) Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Западен Балкан во постковид-светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?, е темата на самитот на Западен Балкан во...

Свет22 часа

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се...

Свет23 часа

Курц: Не сум робот, туку човек со грешки и мани

Лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, кој поднесе оставка на функцијата канцелар поради истрагата против него и луѓето...

Регион23 часа

Мирна ноќ во Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта во Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот...

Регион24 часа

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот инстаграм-профил под која напиша: „Ќе ги браниме нашите луѓе на Косово...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои...

Свет1 ден

(Видео) Пожар во зграда на Тајван, 25 загинати и 44 се повредени

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 44 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван. Зградата...

Регион1 ден

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за прележан коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора...

Европа1 ден

(Видео) Маж со лак и стрела извршил напад во Норвешка, има повеќе загинати и повредени

Маж бил уапсен откако повредил неколку луѓе со лак и стрела во Конгсберг, Норвешка, а полицијата во меѓувреме ја евакуирала...

Свет2 дена

СЗО ja запре постапката за итно одобрување на „спутник В“

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека е прекината постапката за итно одобрување на руската вакцина „спутник В“ бидејќи недостасува одредена...

Македонија2 дена

12 починати, регистрирани 412 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.567 тестирања,...

Македонија2 дена

Влада: До 50 проценти присуство на публика на настани во затворено, услов се две дози на вакцина

Владата на денешната 112-та седница, врз основа на препораки на Комисијата за заразни болести донесе повеќе заклучоци и одлуки за...

Топ2 дена

19-годишно момче од Тетово испраќало порнографски снимки на малолетно девојче

19-годишно момче од Тетово се сомничи за прикажување порнографски материјал на дете, соопшти полицијата. СВР Тетово поднесе кривична пријава против...

Топ2 дена

(Видео) Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога во вредност од речиси 200.000 евра, приведени шест лица

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, РЦ „Југ“...

Македонија2 дена

Две млади лица загинаа во рудникот „Бучим“

Две млади лица загинаа во рудникот „Бучим“. Трагедијата се случи денес претпладне кога двајцата радовишани чистеле високонедостапни силоси, работа што...

Досие