Контакт

Свет

Северна Кореја објави дека тестирала ново тактичко водечко оружје

Објавено пред

Северна Кореја соопшти дека тестирала ново тактичко водечко оружје со моќна боева глава, што е прв таков тест по неуспешните преговори меѓу претседателите Ким Џонг-ун и Доналд Трамп.

Државните медиуми објавија малку детали, но аналитичарите велат дека ова е малку веројатно Северна Кореја да се врати на тестовите за ракетни напади со голем дострел, кои се сметаат за закана за САД.

Сличен тест, минатиот ноември, се сметаше за обид за притисок врз САД. Но, како што пренесуваат светските медиуми, има мал напредок во нукеларните преговори од последниот самит.

Во февруари Трамп и Ким се сретнаа во виетнамската престолнина Ханој за да дискутираат за денуклеаризацијата, но разговорите пропаднаа. Минатата недела Ким изјави дека Трамп треба да го има вистинскиот став за да продолжат преговорите.

Свет

Руските експерти користат суперкомпјутер во потрага по третман за Ковид-19

Објавено пред

Вработените во технолошката лабораторија на Московскиот државен универзитет (МДУ) почнаа пресметки на суперкомпјутерот „Ломоносов“ во потрага по лек за новиот коронавирус Ковид-19, соопшти канцеларијата за печат на универзитетот, пренесува „Спутник“.

Според соопштението за медиумите, технологиите што ги користат суперкомпјутерите можат да обезбедат ефикасни алтернативни решенија за проблеми како што е лекувањето на заболувања.

„За многу болести, идентификувани се протеини кои се одговорни за развојот на патологиите. И ако најдеме таков протеин користејќи молекула што селективно се врзува за него во својот активен центар, тогаш развојот на болеста ќе запре“, вели Владимир Сулимов, шеф на лабораторија во МДУ.

Веќе се почнати масовни пресметки на суперкомпјутерот „Ломоносов“, а следниот чекор е да се пронајдат соодветни молекули способни за врзување со целните протеини. Суперкомпјутерот „Ломоносов“ е инсталиран на МДУ во 2009 година и има уникатен систем со најголем опсег на изведба.

Русија во моментот има 7.497 случаи на коронавирус во 81 регион. Од сите нови случаи, 697 се регистрирани во Москва и 69 во Санкт Петербург.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Русија почнаа клинички испитувања на три препарати против Ковид-19

Објавено пред

Во Русија почнаа клиничките испитувања на три препарати за лечење на пациентите заразени со Ковид-19, мефлохин, хидроксихлорикин и калидавир, соопшти прес-службата на федералната Медицинско-биолошка агенција, пренесува „Спутник“.

Испитувањата се спроведуваат со писмена согласност на пациентите инфицирани со новиот вирус.

Препаратот мефлохин, кој го претстави руската Федерална биомедицинска агенција (ФБМА), лесно се поднесува и ефикасно дејствува против коронавирусот, изјави пред неколку дена директоркаата на агенцијата, Вероника Скворцова.

„Мефлохин и хидрохлорид се аналози на антималарискиот препарат кини, но се значително помалку токсични, лесно се поднесуваат и имаат многу изразено антивирусно дејство, односно дури и микроконцентрации од 10 милимола по литар од овој препарат доведуваат до целосно инхибирање на цитопатските ефекти во културата на ткивото“, истакна Скворцова за „Росија 1“.

Прикажи повеќе...

Регион

Црногорско-приморската митрополија донирала средства на болниците за купување апарати

Објавено пред

Црногорско-приморската митрополија донирала средства за купување техничка апаратура потребна за работа на здравствените установи за Црна Гора што подобро да се избори со ситуацијата со која се соочи цел свет, пренесува „Вечерње новости“.

„Уплатени се средства за седум монитори и шприц-пумпи, од кои по еден се наменети за болниците во Цетиње и Никшиќ, а останатите за Клиничкиот центар во Подгорица“, се вели во информацијата.

Во договор со управите на болниците во повеќе црногорски градови, оваа опрема деновиве ќе виде врачена таму каде што е најпотребна, велат од митрополијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

За еден ден во земјава регистрирани пет смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од коронавирус. Станува...

Свет1 час

Во Русија почнаа клинички испитувања на три препарати против Ковид-19

Во Русија почнаа клиничките испитувања на три препарати за лечење на пациентите заразени со Ковид-19, мефлохин, хидроксихлорикин и калидавир, соопшти...

Македонија3 часа

Долги редови пред банките во Куманово, се чека и по два часа

Метеж во сообраќајот, долги редици пред банките, маркетите и аптеките, оваа е сликата во Куманово веќе втор ден, по полицискиот...

Топ4 часа

Штипјанец загина при работа во каменолом

Педесет и двегодишен маж од Штип загинал, откако паднал при работа во каменолом. Тој бил донесен во Клиничката болница Штип,...

Македонија4 часа

Апаратите за вода и кафематите можен преносител на коронавирус

Трудовиот инспекторат забранил за употреба 215 кафемати на бензински пумпи и повеќе други локации по градовите, соопшти претседателка на инспекциски...

Македонија4 часа

Бухова: Докторите професионално ги следат сите протоколи, граѓаните да им веруваат

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова, апелира до сите граѓани да им веруваат на медицинските лица. Според...

Топ5 часа

Полицискиот час синоќа го прекршиле 41 лице

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, 41 лице го прекршиле полицискиот час, односно забраната за движење, при...

Европа6 часа

Објавени детали за здравствената состојба на британскиот премиер

Британскиот премиер, Борис Џонсон, ја мина ноќта во одделение за интензивна нега во лондонската болница „Свети Томас“ и неговата состојба...

Свет7 часа

Трамп нуди помош вознемирен поради веста за состојбата на Џонсон

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е многу вознемирен од веста за британскиот премиер, Борис Џонсон, кој е заразен со...

Свет7 часа

Во Кина за првпат од јануари нема регистрирани смртни случаи од корона

За првпат од јануари, Кина забележа ден без смртни случаи од коронавирус. Во последните 24 часа во земјата има регистрирано...

Македонија17 часа

Уште две лица од Куманово починаа од коронавирус

Уште две лица од Куманово починале од коронавирус, од кои едниот полициски службеник. Како што соопшти на прес-конференција министерот за...

Свет20 часа

Експертите ги повикуваат пушачите да ги остават цигарите поради коронавирусот

Здравствените експерти ги предупредуваат пушачите да ги остават цигарите и тутунските компании да престанат да произведуваат и продаваат производи од...

Македонија20 часа

На годишен одмор не мораат сите вработени во приватните компании, Инспекторатот за труд ја појасни уредбата

Неискористените годишни одмори од 2019 година, како и првиот дел од одморот за 2020 година, задолжително треба да ги користат...

Македонија23 часа

Тројца пациенти починале од коронавирус во последните 24 часа

Тројца пациенти починале од коронавирусот во последниве 24 часа, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Еден од пациентите е од...

Свет1 ден

Во Русија создаден тест кој го открива коронавирусот за 40 минути

Руските научници создадоа експресен тест за откривање на коронавирусот кој дава резултати за 40 минути, соопшто руското Министерство за индустрија...

Македонија1 ден

Од среда полицискиот час ќе почнува во 16 часот, а за време на викендите 24 часовна забрана за движење

Владата на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе одлука...

Топ1 ден

Мајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

Мајка и син се пронајдени мртви во стан во Велес. Во моментов се врши увид од страна на екипа на...

Македонија1 ден

(Видео) Сијарто му ја предаде на Чулев унгарската донација од 100.000 маски и 5.000 заштитни одела

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со министерот за надворешни работи...

Македонија1 ден

АХВ препорачува да се избегнува користење автомати за кафе и апарати за вода

Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот Ковид-19, во услови на прогласена пандемија, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Македонија1 ден

(Видео) Сијарто: Почеток на преговорите најдоцна во јуни

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, упати честитки за започнувањето на преговорите со ЕУ и за членството во НАТО. На...

Досие