Свет
Северна Кореја ја осуди американската продажба на напредно оружје на југот и на Јапонија

Северна Кореја денеска ја осуди потенцијалната американска продажба на напредно оружје на Јапонија и Јужна Кореја нарекувајќи ја опасен чин што ги зголемува тензиите во регионот и почнува нова трка во вооружување, објавија државните медиуми.
Во соопштението пренесено од новинската агенција КЦНА, севернокорејското Министерство за одбрана рече дека Пјонгјанг ќе ги засили мерките за воспоставување одвраќање од војна за да одговори на нестабилноста во регионот, за која рече дека е предизвикана од Соединетите Американски Држави и нивните сојузници.
Пентагон минатиот петок објави дека американскиот Стејт департмент ја одобрил потенцијалната продажба на 400 ракети „Томахавк“ на Јапонија во договор вреден 2,35 милијарди долари.
Соединетите Американски Држави исто така неодамна објавија одобрување за можната продажба на ракетите „Сајдвиндер“ и „Стандард мисл 6 Блок I“ на Јужна Кореја.
„Предупредуваме дека колку повеќе САД профитираат од неселективна продажба на оружје, толку повеќе ќе мора да платат за безбедносната криза“, се вели во соопштението на Северна Кореја.
Пјонгјанг ги критикува, како што ги нарече, „воените закани“ од страна на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници велејќи дека како одговор ќе покажат „поофанзивни и надмоќни способности за контра акција“.
Северна Кореја минатата среда соопшти дека успешно извршила статички тестови на „нов тип мотор со цврст погон со висок потисок“ за балистички ракети со среден дострел (ИРБМ) за кои рече дека се клучни за подобрување на стратешките офанзивни способности на војската.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Прекинати преговорите меѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците

Преговорите меѓу Израел и Хамас за заложниците држени во Газа прекинаа денеска откако Израел продолжи да инсистира на ослободување на група жени, а Хамас одби, изјави за „Си-Ен-Ен“ извор запознаен со преговорите.
Додека преговорите за жените беа во ќорсокак, Хамас се залагаше за отворање на разговорите за ослободување на мажите, според изворот, веројатно под различни услови. Израел ја отфрли идејата, инсистирајќи на тоа дека е императив прво да се ослободат сите жени.
Израелските и американските власти веруваат дека Хамас сè уште држи во заложништво голем број жени на возраст меѓу 20 и 30 години – многу од нив киднапирани од музичкиот фестивал. Хамас тврди дека некои од преостанатите жени ги смета за заложници како дел од израелските одбранбени сили, што Израел го негира.
Претходно во саботата, израелската влада објави дека го повлекла својот тим преговарачи од Катар откако разговорите дојдоа во ќорсокак.
„Терористичката организација Хамас не го исполни својот дел од договорот, кој вклучуваше враќање на сите жени и деца држени како заложници, во согласност со списокот испратен до Хамас и одобрен од нив“, се вели во соопштението.
Свет
(Видео) Опасноста од цунами на Филипините е надмината, објави Геолошкиот институт на САД

Врз основа на сите достапни податоци, заканата од цунами од земјотресот на Филипините сега помина, соопшти Геолошкиот институт на САД.
Сепак, локалните власти се уште не го повлекле своето предупредување.
Опасноста од цунами во Јапонија и на Филипините беше издадена по разорниот земјотрес од 7,6 степени.
Significant #earthquake damage in Butuan, #Caraga, #Philippines. These images were from a hospital, a mall, & a warehouse.
📷: Michael Trillo (Facebook)#EarthquakePH pic.twitter.com/M8PAL9Zser
— Seismix (@SeismixGeo) December 2, 2023
„Силно и долготрајно”, „Тресењето ме разбуди од сонот и тресењето продолжи како да нема крај. Ги видов таванот и ѕидовите како се тресат во темнината. Најдолгото и најсилното тресење што сум го почувствувал“, „Чувствував вртоглавица додека стоев таму“, „На некои места снема струја“, сведочат луѓето на Филлипините.
🚨ALERT – A Massive 7.6 Magnitude Earthquake Just Hit Off The Coast of Philippines Not Far From Japan ⚠️
❗️WE COULD BE ABOUT TO SEE A MAJOR TSUNAMI❗️ pic.twitter.com/F0L7M8yVlI
— Matt Wallace (@MattWallace888) December 2, 2023
По првиот земјотрес се случија серија последователни потреси, а голем број лица итно се евакуираа.
Засега е познато дека штетите се огромни, а се уште нема информации за загинати лица.
Регион
Пронајдени тинејџерките кои со денови беа исчезнати во Грција

Среќно заврши потрагата по 13-годишната Елефтерија и 14-годишната Катерини во Калитеа, Грција, кои беа исчезнати од четвртокот на 30 ноември, јавуваат грчките медиуми.
Според соопштението на грчката невладина организација „Насмевката на детето“, двете девојчиња биле пронајдени утрово и се во добра здравствена состојба. Воедно, како што нагласуваат од организацијата, ќе им биде дадена психолошка поддршка и се’ друго што е потребно во такви ситуации.
Девојчињата биле затекнати на подрачјето на општина Агиос Димитриос, но засега грчките медиуми не објавија како и зошто исчезнале. Според претходно објавените информации, двете тинејџерки влегле во такси по што им се изгубила секаква трага.