Контакт

Свет

Седница за Сирија зад затворени врати во Советот за безбедност на ОН

Објавено пред

Советот за безбедност на Обединетите нации утре ќе одржи седница зад затворени врати, на која ќе разговара за ситуацијата во Сирија, истакнаа неименувани дипломати, откако Турција денеска започна воена интервенција против курдските борци во североисточниот дел на Сирија.

Расправа на СБ на ОН за ситуацијата во Сирија побараа пет европски членки – Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Полска, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, најавувајќи го денеска почетокот на воената акција, изјави дека таа има за цел да го елиминира „коридорот на теророт“ на јужната граница на Турција.

Регион

Хрватска доби зелено светло за Шенген

Објавено пред

Европската комисија и даде на Хрватска зелено светло за влез во Шенген.

Одлуката би требала да биде објавена денеска, јави „Блумберг“, повикувајќи се на извори од Брисел.

За одлуката ќе расправа и Советот на Европа.

Претходно, хрватските европарламентарци ја повикаа ЕК да ја потврди подготвеноста на Хрватска за Шенген.

Прикажи повеќе...

Европа

Тора го повика Мадрид на разговор за самоопределување на Каталонија

Објавено пред

Претседателот на каталонската влада, Ким Тора, денеска го повика официјален Мадрид на разговори за самоопределување на шпанската покраина, по неколкудневните масовни протести предизвикани од изречените затворски казни за сепаратистите од Каталонија.

Во телевизиско обраќање Тора го повика вршителот на должност премиер Педро Санчез да почне дијалог без услови, во кој каталонската влада ќе го брани своето право на самоопределување, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Шпанскиот премиер Санчез во понеделникот беше во Барселона, но не се сретна со Тора, кој неколку пати го покани на средба. Санчез не одговорил ниту на неговиот телефонски повик.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Голем пожар на градилиште на конгресен центар во Нов Зеланд, илјадници евакуирани

Објавено пред

Голем пожар изби на градилиште на конгресен центар во Оукланд, поради што се издигна густ чад над вториот по големина град на Нов Зеланд. Властите издадоа предупредување за опасност по здравјето, а пожарникарите и натаму се борат со огнената стихија.

Предупредувањето е издадено околу 13 часот по локално време, а доцна вечерта пожарникарите сè уште не го ставиле пожарот под контрола, кој изби на покривот на конгресниот центар „Скај сити“, зграда голема колку четири рагби игралишта.

„Нема извештаи за евентуални жртви“ објави на „Твитер“ управата на конгресниот центар, додавајќи дека персоналот навреме е евакуиран.

Овој градежен потфат вреден 452 милиони долари моментално е најголем проект во изградба на Нов Зеланд. На местото на избивање на пожарот се наоѓаат 23 пожарникарски возила и се очекува дека пожарникарите ќе имаат работа цела ноќ.

Блокиран е сообраќајот, а граѓаните се советувани да се држат подалеку од местото на пожарот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Вучиќ: Дали за косовското прашање ќе добиеме гаранции од ЕУ какви што доби Северна Македонија?

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за австрискиот весник „Стандард“ ја исклучи можноста Белград да го признае Косово во актуелните...

Македонија2 часа

(Видео) Нови вработувања и подобри услови за истражувачка работа бараат од Институтот за хемија

Создаваме способни оформени кадри кои заминуваат во странство бидејќи со години не се овозможуваат вработувања на млади соработници, уловите за...

Македонија3 часа

Ѓоко Поповски повторно доби 9 години затвор за набавката на полициски возила

Судијката Добрила Кацарска попладнево повторно го осуди на казна затвор од 9 години поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, откако...

Македонија4 часа

Вебер: Од Скопје и Тирана баравме многу, а сега вратата им е затворена пред носот

Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот парламент едногласно ја осудија одлуката за одложување на преговорите со Северна Македонија и...

Топ4 часа

Тројца повредени во судир на два мотоцикли на „Партизанска“

Две лица се повредени вчера во сообраќајна несреќа помеѓу два мотоцикли на бул. Партизански одреди во Скопје. Во незгодата со...

Македонија4 часа

Заев: Не треба да го одложуваме пописот, ќе разговараме со директорот за термините

Пописот не треба да го одложиме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. Тој најави дека следната недела ќе...

Македонија5 часа

Туск пред пратениците во ЕП: Голема грешка е одлуката за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент рече дека е голема грешка тоа што не...

Свет5 часа

Нарухито прогласен за јапонски цар, помилувани половина милион осуденици

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито. Одлуката, одобрена од владата...

Свет6 часа

„Фејсбук“ ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

„Фејсбук“ најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион7 часа

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет7 часа

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град. Ударите...

Регион7 часа

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион20 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет21 час

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија23 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ24 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија1 ден

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија1 ден

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Досие