Контакт

Европа

Секој 60. Италијанец заразен од коронавирус, владата воведува нови мерки

Објавено пред

Секој 60. Италијанец е заразен од Ковид-19, бројот на нови случаи на инфекција на дневна основа е речиси 40.000, а на секои сто тестирани лица, 16 се позитивни на вирусот, пишува агенцијата „Анса“.

Владиниот комесар за вонредни ситуации, Доменико Аркури, тврди дека последните владини мерки донесени минатата недела даваат резултати.

Според него, во некои региони кривата на раст на заразата од коронавирусот е забавена, а во други региони бројот на новоинфицирани продолжува да расте, затоа ќе бидат преземени нови построги мерки.

Новите мерки стапуваат во сила во трите региони Фриули Венеција Џулија, Венето и Емилија Ромања.

Веќе овој викенд ќе бидат затворени сите продавници и трговски центри, освен аптеките и продавниците за храна, спортските активности ќе бидат дозволени во парковите и периферните делови на градот, а забранети се собири на граѓани.

Новите мерки се во прилог на веќе постојните ограничувања претходно донесени од владата во Рим.

Според соопштението на цивилната заштита, состојбата во одделите за интензивна нега, каде што сега се сместени околу 3.000 пациенти, е загрижувачка.

Регионалните влади утврдуваат кои установи може да се претворат во таканаречени ковид-хотели, односно места каде што може да се сместат ковид-пациенти со поблага клиничка слика, со цел да се олеснат болниците што се под притисок поради големиот прилив на нови пациенти бидејќи има недостиг на слободни кревети.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Жената која изврши напад во трговски центар во Лугано, била во врска со џихадист од Сирија

Објавено пред

Истрагата покажа дека жената-напаѓач од трговскиот центар во Лугано била во врска со џихадист од Сирија.

Уапсената 28-годишна жена, за која се тврди дека е швајцарска државјанка, во вторникот нападнала две жени во стоковната куќа во Лугано. РТС пренесува дека таа ја фатила едната жена за вратот, а другата ја избола со ножот.

Полицијата соопшти дека сериозно повредената жртва во нападот не е во животна опасност, а откриено е дека во 2017 година, турските власти забраниле напаѓачката да премине од Турција во Сирија и ја вратиле во Швајцарија, пренесува АП.

Од швајцарскиот „Федпол“ било откриено дека жената во тоа време имала психички проблеми, како и дека била примена на психијатриска клиника веднаш по враќањето од Турција.

Швајцарскиот државен обвинител покрена постапка за можен напад со терористички мотиви – нанесување тешка телесна повреда, обид за убиство со умисла и кршење на забраната за активности со екстремистички групи како Ал-Каеда и Исламска држава.

Швајцарските медиуми објавија дека напаѓачката во трговскиот центар била совладана од двајца купувачи пред доаѓањето на полицијата, а во меѓувреме австрискиот премиер Себастијан Курц го осуди овој напад на, како што рече, исламски тероризам и изрази поддршка за Швајцарија во тешките моменти.

Прикажи повеќе...

Европа

Разрешена естонска министерска која со владино возило ги праќала децата на училиште

Објавено пред

Претседателката на Естонија Керсти Калјулајд денеска назначи нов министер за образование, откако неговата претходничка поднесе оставка во врска со скандал со употреба на владини автомобили.

Јаак Ааб, досегашниот министер за јавна администрација, ја замени Мајилис Репс, која поднесе оставка минатата недела.

Репс, самохрана мајка, неколку пати со министерски автомобил управуван од службен возач ги праќала своите шест деца на училиште, без притоа таа да биде во возилото, објавија естонските весници.

Со оставката на Репс и трансферот на Ааб, дури четворица министри ја напуштиле или замениле владината позиција од почетокот на ноември.

Прикажи повеќе...

Европа

Британскиот премиер израдува едно загрижено момче: Дедо Мраз е подготвен да тргне

Објавено пред

Пандемијата на Ковид-19 нема да го спречи Дедо Мраз да носи подароци, рече британскиот премиер Борис Џонсон како одговор на писмото на осумгодишното момче Монти, кое го праша дали Дедо Мраз ќе може да дели подароци оваа година.

Џонсон рече дека лекарите му рекле оти нема ризик за здравјето на децата доколку се следат правилата.

Во своето писмо до премиерот момчето праша дали владата го разгледува прашањето за годишната посета на Дедо Мраз: „Знам дека си многу зафатен, но дали можете вие и научниците да разговарате за тоа“, објави „Ројтерс“.

Џонсон го објави писмото на „Твитер“ со копија од неговиот одговор.

„Му се јавив на Северниот Пол и можам да кажам дека Дедо Мраз е подготвен да тргне, како и Рудолф и сите други ирваси“, рече Џонсон.

Тој исто така рече дека главниот здравствен експерт му рекол оти под услов Дедо Мраз да се однесува на својот вообичаен одговорен начин и да работи брзо и безбедно нема ризик за здравјето на децата.

Премиерот рече дека добил многу писма од децата на таа тема и дека го поддржува предлогот на Монти да го остави средството за дезинфекција за рацете на Дедо Мраз.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитува и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Свет2 часа

Меркел: Задолжителни маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет2 часа

Трамп одобри помилување на неговиот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри помилувањето на неговиот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија13 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија13 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија15 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет15 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен16 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија19 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија21 час

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија21 час

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура22 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа23 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет23 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија24 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија24 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион24 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа1 ден

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет1 ден

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет1 ден

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Досие