Контакт

Свет

Сексот после корона е опасен, докторите препорачуваат да се почека барем еден месец

Објавено пред

Оние луѓе кои закрепнуваат од коронавирусот, најмалку 30 дена треба да се пазат од големи напори. Пациентите кои се заразиле со коронавирус не треба да водат љубов најмалку еден месец по закрепнувањето од инфекцијата, предупредуваат експертите.

Покрај тоа, самиот однос не треба да биде жесток и не треба да трае подолго од десет минути, бидејќи во спротивно може значително да ја влоши постојната состојба и да доведе до сериозни срцеви заболувања, па дури и до смрт. Поради сето ова, експертите советуваат да се користат помалку напорни пози во сексот.

Во зависност од сериозноста на клиничката слика, коронавирусот остава разни последици во организмот, а една од најзагрозените групи се срцевите пациенти и луѓе со висок крвен притисок, така што предвремената активност и возбуда, како и други физички напори може само да ја влоши состојбата на пациентот.

„ Без оглед на степенот на оштетување на срцето и сериозноста на клиничката слика на короната, пациентот не треба да има сексуални односи најмалку четири недели по инфекцијата. Самиот однос не треба да биде напорен и не треба да трае подолго од 10 минути. Опоравувањето напредува, враќањето кон сексуални активности може исто така да го подобри здравјето на пациентите, но мора да биде трпеливо. Значи, прво закрепнување, а потоа водење водење љубов”, вели кардиохиругот Миљко Ристиќ.

Тој додава дека вирусот е проследен со закрепнување под надзор на лекар, а неговата должина зависи од основната дијагноза и потенцијалното оштетување предизвикано од Ковид-19.

„ Вирусот корона во поголема или помала мера ги уништува срцевите клетки, односно срцевиот мускул, што доведува до негово ослабување, а сето тоа предизвикува замор, недостаток на кондиција, слаба подвижност“, објаснува Ристиќ.

Како што велат експертите, најголем ризик имаат мажите на возраст околу 50 години кои се заразиле со коронавирус, а имаат и помлади љубовнички, затоа што сакаат да се докажат и толку често се јавува срцев удар. Тие предлагаат неколку пози за парови во кои тие се најмалку уморни и во кои има најмал притисок за срцето.

„ Ако мажот прележал коронавирус, најдобра поза е” уморна косилка “. Мажот лежи на грб со свиткани раце под главата додека жената е на него. Ако жената била заразена, тогаш најдобрата поза е мисионерската поза, кога целиот товар паѓа врз мажот. Во случај и двајцата партнери да биле заразени, препорачувам странична поза, како што некои ја нарекуваат, бидејќи тоа е најмалку заморно“ велат докторите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Жената која изврши напад во трговски центар во Лугано, била во врска со џихадист од Сирија

Објавено пред

Истрагата покажа дека жената-напаѓач од трговскиот центар во Лугано била во врска со џихадист од Сирија.

Уапсената 28-годишна жена, за која се тврди дека е швајцарска државјанка, во вторникот нападнала две жени во стоковната куќа во Лугано. РТС пренесува дека таа ја фатила едната жена за вратот, а другата ја избола со ножот.

Полицијата соопшти дека сериозно повредената жртва во нападот не е во животна опасност, а откриено е дека во 2017 година, турските власти забраниле напаѓачката да премине од Турција во Сирија и ја вратиле во Швајцарија, пренесува АП.

Од швајцарскиот „Федпол“ било откриено дека жената во тоа време имала психички проблеми, како и дека била примена на психијатриска клиника веднаш по враќањето од Турција.

Швајцарскиот државен обвинител покрена постапка за можен напад со терористички мотиви – нанесување тешка телесна повреда, обид за убиство со умисла и кршење на забраната за активности со екстремистички групи како Ал-Каеда и Исламска држава.

Швајцарските медиуми објавија дека напаѓачката во трговскиот центар била совладана од двајца купувачи пред доаѓањето на полицијата, а во меѓувреме австрискиот премиер Себастијан Курц го осуди овој напад на, како што рече, исламски тероризам и изрази поддршка за Швајцарија во тешките моменти.

Прикажи повеќе...

Европа

Разрешена естонска министерска која со владино возило ги праќала децата на училиште

Објавено пред

Претседателката на Естонија Керсти Калјулајд денеска назначи нов министер за образование, откако неговата претходничка поднесе оставка во врска со скандал со употреба на владини автомобили.

Јаак Ааб, досегашниот министер за јавна администрација, ја замени Мајилис Репс, која поднесе оставка минатата недела.

Репс, самохрана мајка, неколку пати со министерски автомобил управуван од службен возач ги праќала своите шест деца на училиште, без притоа таа да биде во возилото, објавија естонските весници.

Со оставката на Репс и трансферот на Ааб, дури четворица министри ја напуштиле или замениле владината позиција од почетокот на ноември.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Регистриран најголем број на новозаразени на неделно ниво

Објавено пред

Повеќе од четири милиони луѓе во светот се заразени со коронавирус во изминатите седум дена, што е највисока бројка за период од една недела, објави СЗО.

Светската здравствена организација посочи дека 4.060.891 лице биле заразени со коронавирус минатата недела и дека во истиот период починале 67.221 пациент, пренесува „Тасс“.

Една недела претходно, потврдени беа 3.977.223 нови случаи на заболување и 59.699 смртни случаи.

Тренд на опаѓање на бројот на нови инфекции е забележан во Европа и Југоисточна Азија, додека ширењето на вирусот е зголемено во Северна и Јужна Америка, со зголемување и на бројот на смртни случаи од Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија3 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија4 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет4 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен5 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија8 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија10 часа

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија10 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура11 час

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа12 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет12 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија13 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија13 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион13 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа13 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет14 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет14 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет14 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет15 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет15 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Досие