Контакт

Свет

Секс-скандал ја тресе Америка, гувернерот на Њујорк под жесток притисок

Објавено пред

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, одби да го послуша повикот на лидерот на неговата демократска партија да се повлече од власта поради обвинувањата за сексуално вознемирување или лошо однесување поднесени од седум жени, пишуваат светските агенции.

„Нема да дадам оставка“, рече Куомо на прес-конференција.

„Не сум избран од политичарите, туку од народот“, рече Куомо.

Тој се осврна и на обвиненијата за него, вклучително и на приказните за сексуално вознемирување поранешни асистенти.

„Нема да шпекулирам за можните мотиви на луѓето“, им рече тој на новинарите, а како поранешен државен обвинител рече дека многу луѓе зборуваат некои работи од разни причини.

„Никогаш не сум малтретирал никого. Никогаш не злоупотребив никого. Никогаш не нападнав никого. И никогаш не би сакал“, додаде Куомо.

Во четвртокот повеќе од 55 демократски пратеници од Њујорк побараа од гувернерот да си даде оставка бидејќи тој се соочува со обвиненија за сексуално вознемирување и напад.

Свет

Норвешка ја одложи одлуката за вакцината на „Астразенека“

Објавено пред

На Норвешка ѝ треба повеќе време да процени дали да продолжи да ја користи вакцината на „Астразенека“ или да ја исклучи од програмата за вакцинација, изјави денеска министерот за здравство, Бент Хеј.

Норвешкиот Институт за јавно здравје препорача да се прекине употребата на вакцината на „Астразенека“, но на владата ѝ требаат повеќе информации пред да донесе конечна одлука.

Властите ја прекинаа вакцинацијата со оваа вакцина на 11 март откако мал број вакцинирани млади беа хоспитализирани поради комбинација на згрутчување на крвта, крвавење и ниско ниво на тромбоцити, а некои од нив починаа.

„Владата верува дека нема доволно добра основа да постигнеме конечен заклучок дека вакцината треба да се отстрани од норвешката програма за вакцинирање во овој момент“, рече Хеј.

Тој додаде дека владата ќе назначи комисија за понатамошно анализирање на сите достапни податоци и до 10 мај ќе достави извештај.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Шефицата на Агенцијата за лекови на Данска колабираше на прес-конференција

Објавено пред

Шефицата на Агенцијата за лекови на Данска, Тања Ерихсен, се онесвести на прес-конференција на која ја соопшти одлуката дека нејзината земја веќе нема да ја користи вакцината на „Астразенека“.

Ерихсен се струполи на земја одеднаш. Таа била пренесена во болница, а данските медиуми информираа дека сега се чувствува добро.

Данска вчера стана првата европска земја која објави дека веќе нема да ја дава вакцината на „Астразенека“.

Прикажи повеќе...

Европа

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Објавено пред

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на националната фармацевтска агенција АИФА објавен денес.

Според извештајот на АИФА, различни несакани ефекти биле потврдени кај 0,5 проценти од 9 милиони дози инјектирани помеѓу 24 декември и 26 март со употреба на вакцини од три производители – „Фајзер“, „Астразенека“ и „Модерна“.

Тешки несакани ефекти биле потврдени во 0,04 проценти од случаите. Лесните несакани ефекти најчесто биле симптоми на грип, болка на местото на убодот и замор.

Како и многу европски земји и Италија накратко ја прекина вакцинацијата со вакцината на „Астразенека“ во март кога се појави загриженост за појава на тромби. Оттогаш, со оваа вакцина во Италија се вакцинираат само луѓето постари од 60 години, бидејќи европските регулатори заклучија дека придобивките од вакцинацијата се многу поголеми од ризиците.

Во Италија 11 лица развија тромби, откако примија вакцина на „Асразенека“, а четири починаа.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на...

Македонија6 часа

Во Македонија 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа, а оздравени се 1.024...

Македонија7 часа

Мицкоски: Илјадници луѓе се заведени во Избирачкиот список со два матични броја

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите обелодени нов скандал со назив „Мафија 2“, кој се однесува...

Европа9 часа

Фон дер Лаен обвинета за кршење на дипломатскиот протокол

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, е обвинета за кршење на дипломатскиот протокол како одговор на поканата на...

Македонија11 час

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјата ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини додавајќи дека потврдата ја...

Регион12 часа

Објавен нон-пејперот што го потресе регионот: предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија. Документот, кој...

Регион13 часа

Борисов ја достави оставката пред Националното собрание

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министрите,...

Европа13 часа

Две години од пожарот во „Нотр Дам“ – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата „Нотр Дам“ во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во...

Свет14 часа

Тела на четири деца пронајдени по пожар во куќа во Русија

Телата на четири деца се пронајдени по избувнувањето пожар во приватна куќа во село во регионот Свердловск во Русија. Во...

Македонија15 часа

Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години

Денеска, почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку vakcinacija.mk или преку матичните лекари....

Македонија1 ден

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Регион1 ден

Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“. Оваа вакцина во иднина ќе може да се...

Македонија1 ден

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија1 ден

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија1 ден

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Македонија1 ден

Мицкоски: Оставка треба да си даде целата Влада, а Рашковски треба да е во затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски рече дека оставка треба да...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на...

Македонија1 ден

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 во благ пад, притисокот во болниците и натаму голем

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19....

Македонија1 ден

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови 51 отсто

Владата го усвои ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во...

Регион1 ден

Борисов: Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет

Бојко Борисов нема да биде предлог на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите по...

Досие