Контакт

Европа

Семејството на напаѓачот од Крим: Со него беше многу тешко да се разговара

Објавено пред

Семејството на 18-годишниот Владислав Росилјаков, кој е виновен за масакрот во училиштето на Крим, вели дека ништо не укажувало на тоа дека тој е способен за вакво злосторство.

Неговиот татко на сослушувањето во полиција рекол дека со Владислав некогаш било многу тешко да се разговара. Неговите родители од неодамна биле разведени, но весникот „Комерсант“ наведува дека неговиот татко е хендикепиран.

Полициски извори за весникот „Ивестија“ рекол дека таткото на убиецот рекол дека неговиот син практично немал пријатели. Наводно во детството имал еден пријател, но тоа пријателство прекинало. Таткото додал дека синот никогаш не му се пожалил за ништо во врска со училиштето.

Владислав, според неговото семејство, бил опседнат со компјутерски игри во кои има многу пукање и убиства, но дека момчето било добро воспитано и дека никогаш не покажувало агресија.

Неговата баба рекла дека Владислав живеел со неговата мајка и дека биле сиромашни. Тој доаѓал кај баба му за да се истушира бидејќи во куќата каде што живеел немало тоалет. Таа нагласила дека тој воопшто не бил комуникативен. На прашањето дали нејзиниот внук се жалел на нешто, бабата рекла дека не се жалел и дека не се задржувал многу кај неа на гости.

Владислав во нападот во училиштето во градот Кирч на Крим усмрти 21 човек и рани над 40, по што си го одзеде животот. Руските власти се сомневаат дека некој му помогнал да го изведе масакрот.

Европа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Објавено пред

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година, соопшти Светската здравствена организација по повод Светскиот ден на жртвите на сообраќајни несреќи кој се одбележува секоја трета недела во ноември.

Сообраќајните несреќи се водечка причина за смртност кај децата и младите на возраст од 5 до 14 години и втора причина за смртност кај младите на возраст од 15 до 29 години.

СЗО наведува дека сообраќајните несреќи не се несреќи кои се дефинираат како неочекуван и непредвидлив настан кој не може да се спречи, туку како настан кој има свои фактори на ризик и со самото тоа може да се превенираат.

Главни фактори за ризик се брзото возење, алкохолот, некористењето на кацига, појас и детски седишта и се поврзани со половина од смртните случаи во сообраќајките во Европа.

Прикажи повеќе...

Европа

Руте: Ја отфрламе идејата за европска војска

Објавено пред

Холандскиот премиер Марк Руте ја отфрли идејата за создавање европска војска, која ја предложи францускиот претседател Емануел Макрон.

„Идејата за европска војска оди предалеку за Холандија. НАТО е и ќе остане камен темелник на нашата одбранбена политика“ рекол Руте по состанокот на неговиот кабинет, пренесе Ројтерс.

Францускиот претседател, Макрон претходно се заложи за идејата за формирање европска војска, со која би била постигната помала одбранбена зависност од НАТО, што наиде на остра осуда од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Прикажи повеќе...

Европа

Меј: Брегзит нема да биде полесен ако ме тргнат како премиер

Објавено пред

Британската премиерка Тереза Меј им порача на критичарите дека ако се ослободат од неа како премиер, тоа нема да го олесни договорот за брегзит, пренесе Би-би-си.

Меј, која се соочува со повици за гласање на нејзина недоверба од страна на некои нејзини пратеници, откако беше објавен нејзиниот нацрт-план за напуштање на ЕУ, нагласи дека нејзиното отстранување од функцијата ќе создаде само неизвесност.

Таа посочи дека прагот од 48 писма, за гласање недоверба, според нејзини информации, не бил постигнат.

Лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин истакна дека тие можат да добијат подобар договор за брегизт.

Нацрт-договорот за повлекување постигнат меѓу Велика Британија и ЕУ, предизвика широка критика, а кој треба да биде потпишан на специјален самит следната недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Протестот пред Собранието почна со македонската химна во изведба на Игор Дурловски

Протестот пред Собранието против уставните измени и промена на името почна со македонската химна пуштена на звучници, а во изведба...

Вести2 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија3 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет5 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија6 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски7 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет8 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион8 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет9 часа

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет1 ден

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски1 ден

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија1 ден

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија1 ден

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија1 ден

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија1 ден

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate1 ден

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести1 ден

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести1 ден

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Бегството на Груевски2 дена

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Досие