Контакт

Свет

Сенатот ја укина вонредната состојба на Трамп

Објавено пред

Американскиот Сенат, во кој мнозинството се републиканци, ја усвои вечерва резолуцијата за укинување на вонредната состојба на границата помеѓу САД и Мексико, која претседателот на САД, Доналд Трамп, ја прогласи во февруари.

Бидејќи минатиот месец иста резолуција усвои и претставничкиот дом на американскиот Конгрес, каде демократите се мнозинство, Трамп најави дека ќе го искористи правото на вето за да блокира.

АП констатира дека американскиот Конгрес најверојатно нема да има доволно гласови за да се избори против претседателското вето бидејќи за таа цел потребно е изгласување со двотретинско мнозинство во двата конгресни дома.

„Ројтерс“ додава дека ова е првпат, Конгресот да ја искористи својата моќ за да укине вонредна состојба што ја прогласил претседател, откако е донесен ваков закон во 1976 година.

Трамп прогласи вонредна состојба за да обезбеди средства за изградба на ѕидот на границата со Мексико.

Свет

Иран со остри критики кон САД: Не се откажуваме од нашите цели и да не бомбардираат

Објавено пред

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран нема да попушти под притисокот на САД и дека нема да се откаже од своите цели, дури и ако Иран биде бомбардиран. Неговата изјава, за време на церемонијата во знак на иранско-ирачката војна во 1980-те, ја пренесе државната новинска агенција ИРНА.

„Мораме да се спротивставиме и нашите непријатели треба да знаат дека и кога ќе ја бомбардираат нашата земјаи кога нашите деца ќе бидат убиени, ранети или апсени, нема да се откажеме од нашите цели, независност на нашата земја и нашата гордост“ порача Рохани.

Прикажи повеќе...

Свет

Сијарто ја обвини западна Европа за лицемерие и ја поддржа употребата на „Хуавеј“

Објавено пред

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги обвини големите западноевропски земји за лицемерие и хистерија, поради критикување на средноевропските држави и нивните деловни договори со Кина, бранејќи ја унгарската употреба на „Хуавеј“ 5Г мобилна технологија.

Шеснаесет средноевропски и источноевропски држави, вклучително 11 членки на ЕУ, во април учествуваа на самитот со Кина, за време на кој рекле дека ќе ја зголемат трговијата и ќе обезбедат поддршка за големи прекугранични инфраструктурни проекти

Прикажи повеќе...

Свет

Украинскиот претседател предлага анкета за тоа како да се преговара со Русија

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да ја праша јавноста како неговата земја би требала да преговара со Русија за војната во источна Украина.

„Треба да се послуша секоја личност“ рекол Зеленски, кој беше инаугуриран оваа недела, на состанокот со воените доброволци, се наведува во извештајот на канцеларијата на претседателот. .

Тој предложи анкета за тоа треба ли да се склучи мировен договор со Русија, иако резултатите не би требало да бидат правно обврзувачки, стои во извештајот.

Украинската војска веќе пет години, од отстранување на прорускиот претседател, се бори со проруските бунтовници во близина на руската граница. Според проценките на Обединетите нации, во судирите се убиени над 13 илјади луѓе.

Русија, која ги претставува бунтовниците во мировните преговори под меѓународно покровителство, ги отфрли обвинувањата дека пружа оружје на бунтовниците и дека активно делува воено во судирите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Јункер: Глупавите националисти ги сакаат само своите земји

Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската...

Топ12 часа

(Видео) Груби ја поздрави одлуката за оставка на Богоевски

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, ја поздрави одлуката за оставката на пратеникот Павле Богоевски и изрази жалење за состојбата во...

Бегството на Груевски13 часа

Јовески: Не постојат пречки за Интерпол да објави потерница по Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека верува оти не постојат законски или какви било пречки за да биде објавена потерницата за...

Македонија14 часа

(Видео) Павле Богоевски најави оставка

Пратеникот Павле Богоевски најави дека ќе поднесе оставка по скандалот со аудиоснимката објавена на руската мрежа „Вконтакте“, а на која...

Регион16 часа

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал...

Свет18 часа

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје. Министерството...

Спорт18 часа

Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Медиумите објавија дека...

Европа18 часа

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент....

Забава1 ден

Тамара прва од гласовите на жирито, а седма во финалето, гласовите коригирани

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите...

Македонија1 ден

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија1 ден

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија2 дена

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија2 дена

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија2 дена

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија2 дена

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија2 дена

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет2 дена

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа2 дена

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет2 дена

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Досие