Контакт

Вести

Сеул жали за одлуката на Трамп да го откаже патот на Помпео во Северна Кореја

Објавено пред

Јужна Кореја изрази жалење поради одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја откаже посетата на државниот секретар Мајк Помпео на Северна Кореја. Јужна Кореја наведе дека дипломатијата е најважна за решавање на нуклеарната криза.

Трамп вчера му наложи на државниот секретар да ја одложи посетатата на Северна Кореја, поради тоа што, како што рекол, има недоволен напредок во денуклеаризацијата на земјата.

Јужнокорејското министерство за надворешни работи навело дека е важно сојузниците да бараат суштински напредок во денуклеаризацијата и дека од Кина се очекува да продолжи со конструктивната улога во меѓународните напори да се реши нуклеарната криза.

Шефот на јужнокорејската дипломатија, Канг Кјунг-хва разговарал телефонски со Помпео и било заклучено дека сојузниците треба да работат заедно за дијалогот да се одржи во живот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Пентагон има нов шеф, стариот се повлекол за да поминува повеќе време со семејството

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека вршителот на должност министер за одбрана, Патрик Шенахан, ја повлекол кандидатурата за прв човек на американската војска. Трамп рекол дека Шенахан сака да поминува повеќе време со семејството.

Нов вршител на должност шеф на Пнетагон ќе биде актуелниот државен секретар задолжен за војската, Марк Еспер.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Пронајдено телото на магионичарот кој скокна во река врзан со синџири

Објавено пред

Индиската полиција го пронајде телото на магионичарот кој врзан со синџири беше спуштен во река обидувајќи се да го изведе познатиот трик на Худини. Чанчал Лахири (42) исчезнал во неделата попладне.

Поентата на целата точка била магионичарот да се ослободи од синџирите и да отплива на сигурно. Меѓутоа, тој не испливал од реката.

Набљудувачите на настанот ја известиле полицијата за исчезнувањето на магионичарот, која веднаш почнала потрага.

„Гардијан“ објави дека тој пред насобраната публика рекол:

„Ако можам да се ослободам – тоа ќе биде магија. А ако не успеам – тоа ќе биде трагедија“.

Сè уште врзано со челични синџири, неговото тело испливало на брегот на реката на еден километар оддалеченост од местото каде што почнал да го изведува трикот.

Ова не е првпат Лахири да се обиде да изведе трик под вода. Пред 20 години тој се спуштил во река врзан во стаклена кутија. Тогаш трикот го направил успешно.

Прикажи повеќе...

Вести

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Објавено пред

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на нафта, САД не сакаат војна со Техеран.

„Претседателот Трамп направи сè за да избегне војна. Ние не сакаме војна“, изјави Помпео во интервју за телевизијата „Фокс“.

Тензиите меѓу САД и Иран го достигнаа врвот откако администрацијата на Доналд Трамп го обвини Техеран дека во четвртокот изврши напад врз два танкери за нафта во Оманскиот залив. Иран отфрла одговорност за нападот.

Помпео додаде дека не сака да зборува за идните потези на Вашингтон.

Запрашан дали САД ќе испратат повеќе војници и оружје во регионот, тој рече дека Иран има за цел да нема нуклеарно оружје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Захариева: Можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека е можно до октомври да биде донесена одлуката за почеток...

Топ17 часа

Три години затвор за жената што прегази 13-годишно дете на Илинденска

Основниот кривичен суд денеска ја објави пресудата за предметот со сообраќајната несреќа, која на 18 септември 2015 година се случи...

Топ17 часа

Татко и љубовник сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против пет лица за трговија со дете. Меѓу нив...

Свет18 часа

Тројца Руси и еден Украинeц обвинети за уривањето на малезискиот авион во Украина

Четири мажи се обвинети за убиство при уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина во 2014 година, при...

Свет19 часа

Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција – покажа независната истрага на ОН

Саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција, заклучи специјалниот известувач на Обединетите нации, Агнес Каламард, по...

Екологија19 часа

Арктичкиот вечен лед се топи 70 години порано од очекувањата на научниците

Пермафрост или трајно замрзнатата почва во канадскиот дел на Арктикот почнала да се топи 70 години порано од прогнозите на...

Македонија19 часа

Заев: Ниту една земја членка на ЕУ не е против отворањето преговори со Северна Македонија

Ниту една земја членка на Европската Унија не е против отворањето преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на...

Топ20 часа

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство,...

Свет20 часа

Русија претстави доказ дека терористите се обидуваат да добијат биолошко оружје

Меѓународните терористи се обидуваат да добијат пристап до нуклеарно и биолошко оружје, а и до токсични хемикалии за да ги...

Свет23 часа

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Свет23 часа

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија1 ден

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет2 дена

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ2 дена

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија2 дена

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа2 дена

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија2 дена

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија2 дена

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет2 дена

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион2 дена

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Досие