Контакт

Европа

Се зголемува стравот за нуклеарната централа: работниците 13 дена се заробени во „Чернобил“

Објавено пред

Повеќе од 100 работници веќе 13 дена се заробени во „Чернобил“, односно во нуклеарната централа, која е местото на најголемата нуклеарна катастрофа во светот. Првиот ден беше окупирана од руските сили и оттогаш работниците не може да си заминат.

dobivaj vesti na viber

Заедно со нив има и 200 украински чувари што се грижеле за безбедноста во моментот на рускиот напад. Тие исто така не може да одат никаде, пишува Би-би-си.

Работниците продолжуваат со работа и атмосферата во моментот е мирна, но Би-би-си пишува дека условите се ужасно тешки, а количината храна и лекови е ограничена. Исто така, постојат стравувања дека зголеменото ниво на стрес може да влијае на тоа колку добро и безбедно работниците може да си ја вршат својата работа во нуклеарната централа.

Руските војници влегоа во забранетата зона и ја опколија нуклеарната централа, а украинската страна потврди дека целосно ја презеле контролата.

Роднина на еден од вработените изјави за Би-би-си дека Русите дозволуваат смените да се менуваат, но им кажуваат на работниците дека не може да им гарантираат безбеден пат до дома, ниту начин на работа за оние што дошле да ги заменат.

Иако „Чернобил“ повеќе не е функционална работна единица, оваа нуклеарна централа никогаш не била целосно напуштена и бара постојан мониторинг. По нуклеарната катастрофа што се случи пред 36 години, други реактори продолжија да работат уште неколку години, а цел град беше изграден за да се сместат работниците, кои беа евакуирани по експлозијата.

Таму сѐ уште се вработени околу 2.400 луѓе, научници, техничари, готвачи, лекари и друг персонал, а тука е и Националната гарда. Во нормални услови работниците патуваат со воз од и до работа, но сè се промени на првиот ден од руската инвазија кога беа принудени да живеат во нуклеарна централа.

„Ситуацијата е комплицирана и многу напната“, изјави Јури Фомичев, градоначалник на Славутиќ, за Би-би-си. „Тешко им е психички, физички и морално“, додаде тој.

Работниците имаат малку храна, но бидејќи не знаат уште колку ќе бидат таму, се ограничија на само еден оброк дневно, подготвен од готвачи што исто така се заробени. Најмногу јадат леб и каша.

Во неделата рускиот персонал понуди да достави храна, но украинските работници одбија и рекоа дека тоа е руска пропаганда. Дополнително, просториите на нуклеарната централа не се уредени за спиење. Некои спијат на кревети на склопување, други на масите, а трети на подот.

За да се одморат малку, заробените работници се делеле меѓу себе во смени. Едната група работи додека другата се одмора. За нивните семејства во моментот е доста тешко.

На некои од работниците им требаат лекови, кои во нуклеарната централа ги има малку, а тоа дополнително ги загрижува нивните семејства“, вели Фомичев. „Мораме да им повториме дека во моментот не постои безбеден начин да се извлечат работниците од ‘Чернобил’“, додаде тој.

Со оглед на тоа што работниците ги чувствуваат физичките и психолошките последици од речиси две недели заробеништво во старата нуклеарна централа, постојат стравувања дека таквиот стрес може да влијае на тоа како ги извршуваат своите должности.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, повтори дека работниците мора да имаат пауза за ефикасно да си ја вршат својата работа. Тој за Би-би-си изјавил дека стапил во контакт со руската страна, само за да го соопшти тоа.

Сепак, експертите за нуклеарна енергија велат дека опасноста за јавноста е многу мала бидејќи се работи за електрана што не е во функција.

Сепак, нивото на радијација се зголеми во регионот откога Русите ја окупираа нуклеарната централа. Ова, пак, се припишува на тешката воена опрема, која подигна радиоактивна прашина од земјата. Професорот Смит вели дека ова зголемување на радијацијата не било доволно големо за да биде загрижувачко.

Европа

Русија: Целосно го зазедовме „Азовстал“, се предадоа и последните украински милитанти

Објавено пред

Русија објави дека целосно ја зазела територијата на фабриката за челик „Азовстал“, во која беа позиционирани последните украински бранители на Мариупол.

dobivaj vesti na viber

„Територијата на ‘Азовстал’ е целосно ослободена“, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Територијата на металуршката фабрика ‘Азовстал’ во Мариупол, каде што група украински милитанти од нацистичката формација ‘Азов’ беше блокирана од 21 април годинава, е целосно ослободена“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Подземните објекти на фабриката се под контрола на руски војници, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

„Руското Министерство за одбрана објави дека од 16 мај 2.439 неонацисти од ‘Азов’ и украински војници заглавени во фабриката го положиле оружјето и се предале. Последната група од 531 милитант се предаде денеска“, објави руската државна новинска агенција „РИА новости“.

За потсетувањее, денеска командантот на украинскиот полк „Азов“, Денис Прокопенко, ѝ се обрати на јавноста и ѝ рече дека во „Азов“ добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол и да им ги спасат животите на борците.

Според него, сите цивили од „Азовстал“ биле евакуирани, а на тешко ранетите војници им била укажана лекарска помош. Тие мора да бидат однесени во област под украинска контрола, смета тој.

„Во тек е отстранувањето на телата на загинатите бранители на Мариупол“, додаде Прокопенко.

Прикажи повеќе...

Европа

Борел: Во светот има недостиг од храна, ќе станува сè поскапа

Објавено пред

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, уште еднаш предупреди на глобалниот недостиг од храна поради војната во Украина, која е еден од најголемите светски производители на жито, бидејќи житото поради борбите не може да се извезува, да се жнее или да се сади.

dobivaj vesti na viber

„Има недостиг од храна и тоа ќе продолжи. Кога ја има, таа е скапа, многу поскапа отколку што многу луѓе може да си дозволат“, рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за развој на ЕУ.

„Ако (засегнатите луѓе) трошат повеќе средства за храна, имаат помалку за образование и здравје, а тоа ќе ги продлабочи сиромаштијата и нееднаквоста“, нагласи Борел.

Министрите на ЕУ одлучиле да поддржат повеќе од 70 партнери за да ги подобрат отпорноста и одржливоста на нивните системи за храна со цел да ги зголемат нивните прехранбени капацитети на среден рок, рече високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност.

„Ги повикуваме нашите партнери да не ја ограничуваат глобалната трговија со земјоделски производи“, додаде Борел.

Тој исто така нагласи дека причината за претстојната криза со храна е руската инвазија на Украина, а не санкциите на ЕУ кон Русија, како што тврди Кремљ. Русија во моментот го блокира извозот на 20 милиони тони жито од Украина, пред сè, во Северна Африка и Азија, наведе германската влада, според која тоа предизвика раст на цените.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон го назначи составот на новата француска влада

Објавено пред

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска ја назначи актуелната амбасадорка на Франција во Велика Британија, дипломатот од кариера Катрин Колона, за нов министер за надворешни работи на земјата, соопшти Елисејската палата.

dobivaj vesti na viber

Актуелните министри за финансии и економија и за внатрешни работи, Бруно Ле Мер и Жерар Дарманен, ќе останат на функцијата, додаде генералниот секретар на Елисејската палата додека го читаше новиот состав на владата потврдувајќи ги претходните извештаи, пренесе „Ројтерс“.

Министерката за индустрија во заминување Ања Пание-Рунаше ќе го преземе новиот министерски ресор за енергетска транзиција, соопшти Елисејската палата.

Амели де Моншелен е назначена за нова министерка за животна средина и климатско планирање.

Тие ќе бидат одговорни за својата работа пред Елизабет Борн, која Макрон ја избра за нова премиерка во понеделникот.

Таа е втора жена на таа позиција во Франција.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 часа

Русија: Целосно го зазедовме „Азовстал“, се предадоа и последните украински милитанти

Русија објави дека целосно ја зазела територијата на фабриката за челик „Азовстал“, во која беа позиционирани последните украински бранители на...

Македонија7 часа

Архиепископот Стефан и српскиот патријарх ќе служат литургија и во Скопје на Денот на сесловенските просветители

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година во посета на Македонската православна...

Економија7 часа

Владата го утврди ребалансот на буџетот: „Кратење на непродуктивните трошоци за заштита на стандардот на граѓаните“

Владата на денешната 47. седница го усвои предлогот за изменување и дополнување на буџетот за 2022 година. „Предлогот за ребаланс...

Македонија8 часа

(Видео) Петков бара да се свика Советот за национална безбедност поради преговорите со Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање го повика претседателот на државата Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална...

Европа9 часа

(Видео) Зеленски објави снимка од проектил кој погоди зграда, загинале 11 лица

11 лица загинале по гранатирањето на местото Лозова во украинскиот регион Харков, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. На снимката се...

Македонија13 часа

Пресуда за уривањето на „Космос“: Груевски доби девет години затвор, Јанакиески три, а Трајковски четири

Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани донесоа осудителни пресуди за сите обвинети за случајот познат како „ТНТ“, за уривањето на...

Европа13 часа

(Видео) Командант на Азов: Добивме наредба да престанеме да го браниме Мариупол

Командантот на украинскиот полк од Азов, Денис Прокопенко, се обрати до јавноста и рече дека во Азов добиле наредба да...

Европа14 часа

Шојгу: Русија ќе формира 12 нови воени бази на западот од земјата како одговор на проширувањето на НАТО

Русија ќе формира 12 нови воени бази на западот од земјата како одговор на зајакнувањето на НАТО и очекуваното проширување...

Македонија14 часа

(Видео) Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Министерството за труд и социјална политика и СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на Колективниот договор со којшто се регулира...

Македонија15 часа

Комисијата за односи со верските заедници: Ги подржуваме мудрите чекори во црковната дипломатија

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи со особена внимателност ги следи актуелните случувања околу меѓународната активност на...

Македонија16 часа

Вархеји ја повика Софија во јуни да даде согласност за старт на преговорите со Скопје

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји очекува Софија во рок од три недели да се согласи за почеток...

Македонија16 часа

Петровска од Софија: Новата безбедносна реалност во Европа повикува на сплотеност

Новата безбедносна реалност на европскиот континент повикува на сплотеност и соработка, а нашата безбедност лежи во колективната безбедност на нашите...

Европа17 часа

Дипломат на ЕУ: Русија не може да биде запрена, а нема договор за ембаргото на руската нафта и гас

Неуспехот на земјите членки на Европската Унија да се договорат за ембарго на руската нафта покажува дека блокот ги достигнува...

Европа18 часа

(Видео) „Њујорк тајмс“: Имаме докази дека Русите убивале затвореници во Буча

„Њујорк тајмс“ објави нови видеа за кои тврдат дека докажуваат дека руските сили убиле најмалку осум украински затвореници на 4...

Европа18 часа

Шолц: Интеграцијата на Северна Македонија, БиХ, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово е во наш интерес

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе отпатува на Западен Балкан пред состанокот на Европскиот совет следниот месец, носејќи ја...

Регион18 часа

Шарл Мишел денеска доаѓа во Босна и Херцеговина

Мишел доаѓа во Сараево во рамките на посетата на регионот, вчера беше во Србија каде што се сретна со претседателот...

Свет18 часа

Пукање во Чикаго: Едно лице загина, неколку се ранети

Едно лице загина, а четворица се повредени во престрелка во Чикаго, соопштија денеска локалните власти. Портпаролот на полицијата изјави дека...

Европа18 часа

(Видео) Зеленски: Последната фаза од војната ќе биде најкрвавата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера зборувајќи пред украинските студенти рече дека сè уште не може да ги повика Украинците да...

Европа19 часа

Медведев: Санкциите против Русија се безвредни кога се во прашање енергијата и храната

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оцени дека Русија ги има сите можности да спречи кризи со...

Свет19 часа

Блинкен: Русија ја користи храната како оружје во Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја обвини Русија дека користи храна како оружје во Украина. „Не станува збор само за...