Свет
Се очекува американскиот Сенат денес да гласа за обвинението против Трамп

За време на четвртиот ден од процесот на импичмент на Доналд Трамп во Сенатот на американскиот Конгрес, адвокатите на поранешниот претседател ги презентираа своите позиции три часа, по што беа испрашувани од сенаторите, јави ДПА.
Демократите прашуваа: како неоснованите обвинувања на Трамп за изборни измами ги радикализирале неговите приврзаници. Републиканците се сомневаат дали импичментот е политички спектакл насочен кон дискредитација на Трамп. Претставниците на обете партии прашаа дали Трамп презел нешто за да го запре насилството на 6 јануари.
Утрово, по локално време, Сенатот повторно ќе се состане и се очекува да гласа за обвинението за поттикнување бунт против Трамп.
За да се признае вината на Трамп, 17 републиканци мора да застанат на страната на демократите. Досега само неколку умерени републикански сенатори изјавија дека сакаат да ја признаат вината на Трамп. Меѓу нив се Мит Ромни од Јута и Лиса Мурковски од Алјаска.
Во меѓувреме, анкетата на Cи Ен Би Си покажа дека 54 проценти од анкетираните се за целосно повлекување на Трамп од политиката. Во истражувањето учествувале околу 1.000 возрасни Американци и е спроведено од 2 до 7 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Принцот Филип префрлен во друга болница заради испитување на срцето

Британскиот принц Филип, 99-годишен сопруг на кралицата Елизабета (94), е префрлен во друга болница во центарот на Лондон за да се испита претходната состојба на срцето и да се лекува од инфекција.
„Војводата останува на лекување, но се очекува да остане во болница барем до крајот на неделава“, се вели во соопштението на Бакингамската палата.
Војводата од Единбург ќе наполни 100 години во јуни. Тој беше примен во болницата „Крал Едвард Седми“ во Лондон на 16 февруари. Палатата првично одлучи да не ја открие причината за хоспитализацијата, но подоцна беше објавено дека тој се лекува од инфекција, повикувајќи се на неговите лекари кои рекоа дека е добро расположен.
Извештаите за наводната намера на медицинските лица да го задржат во болница подолго од планираното, предизвикаа загриженост за здравјето на стариот крал.
Европа
Во Чешка, полицијата го контролира движењето

Слободата на движење во Чешка е строго ограничена во следните три недели со цел да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус.
Денес полицијата започна да патролира по улиците и возовите затоа што на луѓето им е дозволено да го напуштаат својот град или село во исклучителни случаи, на пример, да одат на работа, на лекар или некое државно тело.
„Ќе бидеме насекаде, дури и на најмалите патишта“, рече портпаролот на полицијата.
Тој додаде, дека полицијата ќе биде блага, но во случај на намерно кршење на правилата, прекршителите ќе бидат казнети. Казните ќе се движат до 400 евра, а некои луѓе како што информираше, веќе се казнети.
Медиумите јавуваат дека контролите во некои области предизвикале застој во сообраќајот. Повеќе од 25.000 полицајци и до 5.000 војници учествуваат во акцијата.
Некои граѓани како што пренесуваат чешките медиуми ги критикуваат овие строги мерки на социјалните медиуми, потсетувајќи дека тоа не беше случај ниту во комунизмот. Другите сметаат дека не се доволно строги.
Владата планира да воведе задолжително тестирање на коронавирус во компании со повеќе од 250 вработени.
Европа
Саркози осуден нa една година затвор со две условни казни

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е осуден за мито и злоупотреба на службената положба. Тој ќе издржува казна затвор од една година со две условни казни.
Шеесет и шестгодишниот политичар, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, е осуден затоа што се обидел незаконски да открие информации за правни постапки преземени против него од страна на висок судија во 2014 година, пренесува АП.
На суд беше наведено дека тој ќе има право да бара издржување на казната од дома со електрична нараквица.
Саркози ќе се соочи со уште еден судски процес подоцна овој месец, заедно со 13 лица, под обвинение за незаконско финансирање на неговата претседателска кампања во 2012 година.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран