Контакт

Свет

Се судрија патнички и товарен воз во Пакистан, загинаа 10 лица

Објавено пред

Пакистанските власти соопштија дека патнички воз удрил во товарен во градот Рахим Јар Кан, најголемиот во провинцијата Пенџаб, при што 10 лица загинаа, а 64 беа повредени.

АП пренесува дека во локалните болници во кои биле транспортирани повредените е воведена вонредна состојба.

Товарниот воз стоел на станицата во градот кога го удрил патнички воз кој се движел со голема брзина.

Свет

Трамп во разговор со гувернерите: Мора да доминирате или ќе изгледате како група кретени

Објавено пред

Си-ен-ен јавува дека американскиот претседател Доналд Трамп разговарал со гувернерите на 50 држави од САД во теле-конференциски повик што се одржувал од бункер во Белата куќа.

„Мора да доминирате или ќе изгледате како група кретени. Мора да апсите луѓе“, рекол тој во повикот од бункерот, додавајќи дека во спротивно демонстрантите ќе ги прегазат властите, пренесува Си-ен-ен.

Претседателот исто така посочил дека целиот свет се смеел кога демонстрантите запалија полициска станица во Минеаполис.

Новинарот на „Вашингтон пост“, Робер Коста остварил контакт со едно лице кое учествувало во повикот.

Неговиот извор му кажал дека претседателот побарал да ги користат војската и Националната гарда за борба против демонстрантите.

По бранот протести во саботата вечер поради смртта на црнецот Џорџ Флојд, кој почина од прекумерна употреба на сила за време на апсење во Минеаполис, во голем број градови е воведен полициски час.

Вакви ограничувања има во Лос Анџелес, Чикаго, Детроит и Вашингтон, додека во југозападната држава Аризона воведен е целонеделен полициски час, откако демонстрантите излегоа на улиците и се судрија со полицијата, која користеше солзавец и гумени куршуми.

Ограничувањето на движењето, кое ќе влијае на милиони луѓе, стапи во сила во исто време со распоредувањето на повеќе од 5.000 припадници на Националната гарда, кои беа активирани во 15 држави и главниот град, за поддршка на локалните сили за спроведување на законот.

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Путин го одложи референдумот за измени на Уставот

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, го одобри предлогот на изборната комисија во Русија за одложување на референдумот за уставни измени за 1 јули, јавија државните медиуми.

„Тој датум е совршен“, истакна Путин одговарајќи на предлогот на изборната комисија.

На референдумот ќе се гласа за измени на уставните одредби, а доколку предлогот помине, Путин би можел да владее до 2036 година бидејќи претходните негови мандати би биле фактички избришани.

Референдумот беше закажан за 22 април, но беше одложен поради пандемијата на коронавирусот.

Шеесет и седумгодишниот Путин, кој е на власт во Русија веќе 20 години, ротирајќи како премиер и претседател, е најдолготраен лидер на земјата уште од времето на Сталин.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Ќе ја престигнеме Хрватска многу побргу отколку што очекувавме

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа гостуваше на телевизијата „Пинк“, каде што го најави економското престигнување на Хрватска, најпрвоин во однос на БДП, а потоа и во однос на платите.

„Ќе ја престигнеме Хрватска многу побргу отколку што очекувавме“, рече Вучиќ.

Потоа тој даде и низа конкретни ветувања.

„За едн аи пол година, ќе ја надминеме Хрватска во однос на БДП, а за шест години, во однос на платите. Сите други земји во регионот се веќе одамна зад нас“, рече српскиот претседател.

Според Вучиќ, без коронавирусот, Србија би имала најголем раст во Европа.

„Повеќето граѓани се задоволни од успехот на земјата, но не можеме да се навикнеме да бидеме најуспешни и мора да се жалиме за нешто. Отсекогаш сум бил против таа политика на поплаки. Извозот од ИТ-секторот ќе го надмине земјоделството за една и пол година. Ние мора да растеме и структурно да ги зајакнеме земјоделството, образованието и подготвени да влеземе во четвртата индустриска револуција“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија истакна дека во последниот квартал Србија имала економски раст од 6,1 проценти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија4 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија5 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија6 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија6 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија7 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион8 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија8 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија8 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија9 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија10 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија10 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија10 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет11 час

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет11 час

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет22 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија23 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија1 ден

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт1 ден

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија1 ден

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Досие