Свет
Се ублажуваат мерките во Британија, вакцинирани една третина од возрасната популација

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе почне со олеснување на третото затворање на земјата поради коронавирус, додека брзото спроведување на вакцинацијата го намалува притисокот врз тешко погодените болници.
Во обраќањето до Парламентот, Џонсон се очекува да го потврди повторното отворање на сите училишта на 8 март, во првиот голем чекор кон продолжување на нормалниот живот. Тој рече дека ќе претстави „претпазлив, но неповратен“ план за да се осигура дека нема да има повеќе затворања на земјата.
„Денес ќе презентирам упатства за внимателно излегување од блокадата“, стои во соопштението на Даунинг стрит, пред говорот на Џонсон во парламентот.
„Наш приоритет секогаш беше да ги вратиме децата на училиште, што е клучно за нивното образование, како и за менталната и физичката благосостојба, а исто така ќе дадеме приоритет на начините на кои луѓето можат безбедно да се обединат со своите најблиски“ се додава во соопштението.
Велика Британија е една од земјите најсилно погодени од Ковид-19, со 120.000 лица починати од оваа болест. Тоа е првата земја што започна масовна програма за вакцинирање во декември минатата година, но поради зголемувањето на бројот на заразени, затворањето беше повторно воведено на почетокот на јануари по олеснителните мерки за време на Божиќ.
Повеќе од 17 милиони луѓе сега ја примиле барем првата доза на вакцина, што претставува една третина од возрасната популација во Велика Британија.
Бројот на заразени повторно опаѓа, а раните податоци покажуваат дека вакцинацијата го намалува посериозниот развој на болеста, откако некои единици за интензивна нега беа преоптоварени минатиот месец.
Од 8 март, владата планира да им дозволи на постарите жители на домовите за пензионери да започнат да добиваат посети од роднина или пријател, а се очекува да бидат дозволени ограничени социјални контакти на отворено.
Но, целосното отворање на продавници и пабови за малопродажба и присуството на спортски настани, како што е фудбалот во Премиер лигата, ќе се одложат за подоцна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Австрија го укинува полицискиот час и ги отвора рестораните

Австрија планира да ги ублажи епидемиолошките ограничувања на 19 мај, што вклучува отворање на рестораните, хотелите и театрите, првпат по повеќе од пет месеци.
Во февруари беше дозволено да се отворат продавниците и беше воведен ноќен полициски час наместо целодневното ограничување на движењето.
Поради зголемениот број заразени на истокот од земјата, Виена и соседните провинции воведоа затворање за Велигден, кое сè уште е во сила.
Австрија регистрира по над две илјади лица заразени од Ковид-19 дневно.
„Светлото на крајот од тунелот станува сѐ појасно“, рече канцеларот Себастијан Курц на прес-конференција.
Тој рече дека олеснувањето на мерките веројатно ќе го зголеми бројот на заразени, но додаде дека забрзувањето на вакцинацијата, особено на лицата над 65 години, значи дека бројот на хоспитализирани не мора да се зголеми.
Во исто време, владата преку соопштение објави дека ќе се укине полицискиот час, но останува во сила забраната за дружење со повеќе од четири возрасни лица од 22 часот навечер до 5 часот наутро.
Максимум 10 лица ќе може да седат на маса на терасите во рестораните и кафулињата и четири лица во затворен простор, а културните и другите настани ќе бидат ограничени на 3.000 луѓе надвор и 1.500 внатре.
Повторно ќе бидат дозволени спортските активности во затворено и на отворено.
Децата и младите ќе се вратат во училиштата на 17 мај.
„Би било најбезбедно да оставиме сè затворено засекогаш, но тоа не е од наш интерес“, потенцира Курц додавајќи дека прашањата за образованието, работните места и психолошкото здравје на Австријците е исто така важно.
Европа
Напаѓач со нож уби полицајка во Франција

Напаѓач во Франција со нож до смрт избоде полицајка во полициска станица во близина на Париз по што беше застрелан од други полицајци, пишува „Ле Фигаро“.
За време на нападот, напаѓачот извикувал: „Алах акбар“.
Инцидентот се случил околу 14.20 часот, рекол полициски извор, додавајќи дека и жртвата и напаѓачот, и двајцата туниски државјанин, се мртви.
Напаѓачот наводно пристигнал во Франција во 2009 година.
Свет
Вакцинираните со „астра зенека“ во Норвешка ќе добијат втора доза од друг производител

Министерството за здравство на Норвешка соопшти дека оние што примиле една доза од вакцината против коронавирусот на „Астра зенека“ ќе може да се вакцинираат со втора доза од друг производител.
Норвешка ја прекина вакцинацијата со „астра зенека“ на 11 март откога мал број млади беа хоспитализирани поради комбинација на згрутчување на крвта, крвавење и низок број тромбоцити, од кои некои починаа.
Сега се чека извештај од комисијата назначена од владата, кој треба да биде готов на 10 мај, за тоа дали вакцинацијата ќе продолжи.
Но, одлуката ќе дојде премногу доцна за оние што ја примиле првата доза од вакцината на „Астра зенека“ и треба да добијат втора доза пред одлуката на комисијата.
Затоа, на оние што примиле една доза од вакцината на „Астра зенека“ ќе им биде понудена втора доза од „Фајзер“ или „Модерна“.
Речиси 135.000 луѓе, претежно здравствени работници, ја примија вакцината на „Астра зенека“ во Норвешка пред да се запре вакцинацијата.
Норвешка е последна во низата земји што одлучија да комбинираат вакцини, заедно со Данска, Финска, Франција и Германија.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија4 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?