Свет
Се шири лажна слика од писмото кое Трамп му го оставил на Бајден на масaта во Белата куќа

По вчерашната инаугурација на Џо Бајден за американски претседател, на социјалните мрежи со молскавична брзина се прошири лажна слика, а еве за што поконкретно станува збор.
Имено, традиција е претседателот во заминување да му остави на новиот претседател лично писмо на работната маса во Белата куќа. Иако Доналд Трамп прекрши многу традиции, сепак оваа ја испочитувал и тој оставил лично писмо за Бајден, што вчера го потврди и новоименуваниот претседател.
Набргу откако Бајден го потврди ова, слика со лажна содржина на писмото се прошири на социјалните мрежи. На таа слика е прикажан текст од само една реченица: „Џо, знаеш дека победив“.
Но, вистинската содржина на писмото што Трамп му го оставил на Бајден не е објавена.
Иако е сосема јасно дека содржината што се појави на социјалните мрежи е монтажа, некои ја сфатија сериозно, па иранското државно радио го објави лажното писмо како вистински факт. Според Би-би-си, монтажата масовно се шири меѓу руските корисници на социјалните мрежи.
Бајден потврди дека Трамп му оставил лично писмо.
„Тој ми напиша многу великодушно писмо. Но, писмото е приватно и нема да зборувам за тоа додека не разговарам со Трамп, иако тоа беше навистина великодушно”, рече вчера Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Нов земјотрес ја погоди Хрватска а потоа следеше уште еден

Нов земјотрес ја погоди Хрватска, а потоа следуваше и друг, јавуваат хрватските медиуми.
Земјотресот кој бил со послаб интензитет се случил околу 13.45 часот, во централниот дел на Хрватска.
Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 25 километри југозападно од Сисак.
Хрватските граѓани во изјави за тамошните медиуми велат дека го почувствувале земјотресот во Загреб, Сисак .
Набргу по првиот, Хрватска ја погоди уште еден, посилен земјотрес. Тој бил со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала, пренесува ЕМСЦ.
Свет
Почнува судењето за убиството на Џорџ Флојд, судот во проблеми со изборот на поротници

Судењето на поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Човин во врска со смртта на Џорџ Флојд започнува денеска по комплексен процес за избор на поротници.
Судијата посветил три недели само за да избере поротници, знаејќи за потенцијалните потешкотии во наоѓањето на непристрасни жители од Минеаполис во случајот што ја подели државата и чија жртва Џорџ Флојд стана меѓународен симбол во борбата за расна праведност.
Лани судот испратил прашалник на 16 страници до потенцијалните поротници, испитувајќи го нивното знаење за случајот со Флојд, кој почина на 25 мај минатата година, при апсењето пред продавница.
Прашалникот содржел прашања од типот „дали ги видовте снимките од неговата смрт“, „дали учествувавте во протестите што следуваа“ или „што мислите за движењето ‘Црните животи вредат (BLM)“ .
Смртта на Флојд беше снимена со мобилен телефон од страна на девојка која минувала на местото, а на снимката се гледа како Човин со коленото го притиска вратот на Флојд, скоро девет минути, додека 46-годишникот вели дека не може да дише.
Снимката се прошири на интернет за неколку часа и доведе до едни најмасовните протести во американската историја.
Се очелува адвокатите на Човин да го оспорат изборот на поротници кои го поддржуваат движењето против системскиот расизам.
Одбраната на Човин петнаесет пати може да го отфрли изборот на некој поротник без да ја образложува причината за тоа, а обвинителите може да го сторат тоа девет пати. Ако која било од страните се сомнева дека член на поротата е разрешен поради раса, етничка припадност или пол, тие можат да побараат од судијата да се произнесе поинаку.
Дел од правните експерти се загрижени дека нема да има црнци меѓу конечните 12 поротници и четири замени и дека ова може да ја наруши довербата на јавноста во пресудата. Околу една петтина од жителите на Минеаполис се црнци.
„Потребна ни е порота која ќе го претставува спектарот на ставови и мислења и демографските карактеристики на нашата заедница“, рече Валери Ханс, професорка по право на Универзитетот Корнел.
„Треба да бидат вклучени и луѓе кои можеби биле на протест или имаат различни ставови во врска со некои од прашањата“, додава таа.
На Човин му се заканува затворска казна од 40 години, а од страв од протести ќе му се суди во добро заштитена судница. Неговите адвокати тврдат дека во справувањето со Флојд, тој ги користел методите што ги научил за време на полициските обуки.
Свет
Башар ал Асад и неговата сопруга позитивни на коронавирус

Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговата сопруга Асма се позитивни на тестот за коронавирусот, беше објавено денес од кабинетот на претседателот.
بعد شعورهما بأعراض خفيفة تشبه أعراض الإصابة بفايروس كوفيد – 19 أجرى الرئيس #الأسد والسيدة #أسماء_الأسد فحص الـ PCR وأظهرت النتيجة إصابتهما بالفايروس علماً أنهما بصحة جيدة وحالتهما مستقرة وسيتابعان عملهما خلال قضائهما فترة الحجر الصحي المنزلي التي ستستمر لأسبوعين أو ثلاثة أسابيع. pic.twitter.com/zZ9O1hZA2z
— Syrian Presidency (@Presidency_Sy) March 8, 2021
Двајцата, наводно, биле тестирани бидејќи покажале благи симптоми на зараза.
Во соопштението се вели дека и двајцата се со добро здравје и дека ќе продолжат да работат од дома додека се во изолација, пренесува „Ројтерс“.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“