Контакт

Свет

СЗО: Делта-сојот регистриран во 124 држави

Објавено пред

Бројот на земји и територии во кои циркулира позаразниот делта-сој на коронавирусот е зголемен за уште седум од 13 јули, па сега е регистриран во 124 земји, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Експертите тврдат дека делта-варијантата бргу ќе се прошири и ќе ги засени другите соеви, а потоа ќе стане доминантен мутиран вид коронавирус во следните години.

СЗО нагласи дека точниот механизам за зголемување на инфективноста на Ковид-19 и натаму останува нејасен.

Покрај тоа, СЗО е загрижена за ширењето на сите четири нови видови.

Алфа-сојот, откриен во Велика Британија во септември 2020 година, е регистриран во 180 земји до 20 јули.

Бета-сојот, откриен во август минатата година во Јужна Африка, е присутен во 130 земји, а бразилскиот гама-сој е регистриран во 78 земји.

Свет

Претседателот на Бразил наместо во ресторан, вечераше пица на улица

Објавено пред

Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела, најверојатно, ќе мора да се задоволат со парче пица на улица, наместо богата вечера во рестораните во Њујорк.

Токму вака бразилскиот претседател Жаир Болсонаро вечераше во Њујорк првата ноќ, бидејќи таму, според важечките мерки поради пандемијата, никој не смее да влезе во градските ресторани без доказ за вакцинација против Ковид-19, пренесува Ројтерс.

Болсонаро и неговите министри имаа парчиња пица и газирани пијалаци среде улица во неделата кога пристигнаа лично на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации.

Бразилскиот претседател вчера се состана со британскиот премиер Борис Џонсон, кој пред билатералната средба забележа: „Фала на сите, набавете вакцини на „Астра Зенека“.

Потоа тој му рече на Болсонаро дека примил две дози од вакцината. На таа забелешка, Болсонаро се смееше и рече „не јас“, додека покажуваше на себе.

Еден член на неговата делегација, кој пристигна во Њујорк една недела пред претседателот, оттогаш е позитивен на КОВИД-19. Тој е сместен во карантин во хотел во Њујорк.

Болсонаро, кој беше гласен во отфрлањето на сериозноста на вирусот, беше позитивен во јули минатата година. Тој претходно ја опиша болеста како ништо повеќе од „мал грип“ и тврди дека неговото минато како спортист ќе го направи имун на најлошите симптоми.

Прикажи повеќе...

Свет

Трудо по победата најави подобри денови за Канада

Објавено пред

Во своето прво обраќање по се уште неофицијалната победа на изборите, премиерот Џастин Трудо им се заблагодари на Канаѓаните што гласаа за неговата партија и најави подобри денови за земјата.

„ Им дадовте јасни упатства на оваа влада и на овој парламент“, рече Трудо во говорот на француски и англиски јазик од хотелската сала во Монтреал, пренесува Би-Би-Си.

Тој ги спомена најважните прашања од кампањата на неговата партија – борбата против климатските промени, евтиното домување и грижата за децата, со ветување дека ќе продолжат да работат на нив.

Трудо, исто така, им се заблагодари на своите политички противници што биле дел од овој, како што рече, важен момент.

На крајот од своето обраќање, канадскиот премиер ги повика сите да се свртат кон иднината и да продолжат да работат заедно за се што ја чека новата влада.

Лидерот на главната опозициска Конзервативна партија во Канада, Ерин О’Тул, денеска го призна поразот на парламентарните избори и во разговор со своите поддржувачи потврди дека го повикал Трудо да му честита.

Прикажи повеќе...

Регион

Седница на Совет за безбедност на Србија за ситуацијата на Косово

Објавено пред

На Косово ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици Росу низ северот на провинцијата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ за денеска во 10 часот најави одржување итна седница на Советот за национална безбедност, на која главна тема ќе бидат настаните во Косово и Метохија.

По Јариње, транспаренти со натпис „Добредојдовте во Заедницата на српски општини“ се појавија синоќа во северниот дел на Косовска Митровица, пренесува Косово онлајн. Како што се наведува, плакатите биле поставени на влезот во градот, како и во самиот град.

Претходно, граѓаните кои протестираа во Јариње поради „мерките за реципроцитет“ воведени од Приштина, изработија транспарент на кој пишуваше „Добредојдовте во Унијата на српски општини“.

Новинарот на Танјуг, исто така, забележува дека вчера над оваа област летале хеликоптери на силите на КФОР, кои оцениле дека ситуацијата на терен е стабилна.

На административните премини, Јариње, Брњак и Мердаре ги одземаат регистарските таблички од северот на Косово, а возилата со знаци од централна Србија мора да земат тест таблички и да платат такса, која чини пет евра и важи два месеци.

Синоќа во Јариње имаше само неколку автомобили од правец кон централна Србија. Преминот, како и на Брњак, може да се помине само пеш, пишува РТС.

Косовската полиција употреби солзавец во близина на контролниот пункт Брњак, но насобраните Срби не се оддалечија од местото каде што протестираат.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

Претседателот на Бразил наместо во ресторан, вечераше пица на улица

Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела, најверојатно, ќе мора да се задоволат...

Регион45 минути

Седница на Совет за безбедност на Србија за ситуацијата на Косово

На Косово ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици Росу низ северот на провинцијата. Српскиот претседател Александар...

Свет1 час

Идентификувани жртвите од пукањето во универзитетот во Русија

Идентификувани се сите шест жртви на пукањето на универзитетот во рускиот град Перм. Како што пренесе ТАС С, повикувајќи се...

Свет13 часа

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Свет13 часа

(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди...

Регион14 часа

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за...

Македонија18 часа

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија20 часа

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Македонија20 часа

Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна

Тринаесет воспитувачи и 9 деца се позитивни на коронавирус низ градинките, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Jагода...

Македонија22 часа

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската oпција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во oпштина Карпош со претседателот на партијатија Стевчо...

Свет22 часа

(Видео) Проработе вулкан во Шпанија, лавата проголта 20 куќи

Шпанските власти евакуираа околу 5.000 луѓе од неколку села на канарскиот остров Ла Палма поради ерупција на вулкан, соопштија локалните...

Македонија2 дена

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет2 дена

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија2 дена

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија2 дена

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија2 дена

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ2 дена

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет2 дена

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет2 дена

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа2 дена

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Досие