Контакт

Свет

СЗО: Епидемијата на ебола е вонредна, но се уште не е глобална криза

Објавено пред

Светската здравствена организација соопшти дека епидемијата на вирусот ебола во Конго, која се прошири во Уганда оваа недела, се уште не заслужува да биде прогласена за глобална криза, но е вонреден случај, кој предизвикува длабока загриженост.

Американската здравствена агенција денеска свика стручен одбор по трет пат, за да ги процени нивоата на епидемијата, во која животот го загубија над 1.400 луѓе.

Некои експерти велат дека епидемијата ги исполнила критериумите за одамна да се означи како меѓународна вонредна ситуација, пренесе АП.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Вознемирувачко видео) Хорор во зоолошка градина во Пакистан, лав му ја откинал раката на хранителот

Објавено пред

Работник во зоолошката градина во Пакистан, врескајќи, се обидувал да се извлече од вилицата на предаторот, а колегите и посетителите само го гледале и снимале.

Посетителите на пакистанската зоолошка градина присуствувале на вистински хорор кога за време на вообичаеното хранење бел лав низ решетките од кафезот му ја зграпчил раката на хранителот Кану Пирадит, кој му фрлал месо.

Додека врескал од болка, обидувајќи се да се извлече од вилиците на лавот, посетителите и другите вработени гледале во шок и неверување, но никој од нив не направил ништо за да му помогне, пишува „Дејли мејл“. Борбата со лавот траела 40-ина секунди пред опасното животно, конечно, да го пушти.

Снимката што се појави на интернет сведочи за паниката на луѓето што во тоа време биле блиску до кафезот, па така може да се слушне како врескаат додека хранителот седи крвавејќи на подот.

Прикажи повеќе...

Свет

Уапсени пет членови на Исламска држава во Русија, планирале напади

Објавено пред

Руската федерална безбедносна служба ФСБ приведе петмина мажи, осомничени дека се припадници на Исламска држава.

Како што се наведува, двајца од уапсените се Руси, а тројца доаѓаат од централна Азија.

ФСБ тврди дека мажите планирале терористички напад во Русија. ФСБ објави видеоснимка од уапсените членови на Исламска држава, кои се осомничени за планирање терористички напади низ Русија.

Прикажи повеќе...

Свет

САД и Кина ја договорија првата фаза од трговскиот договор

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД со Кина ја договориле првата фаза од трговскиот договор, според која Вашингтон ќе се откаже од воведување царини за увоз на кинески артикли, додека Пекинг ќе го зголеми купувањето на американски земјоделски производи.

„Постигнавме многу детален договор од првата фаза со Кина. Тие се согласија на многу структурни промени и огромно купување на земјоделските производи, енергетски и индустриски производи и уште многу други“, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде дека нема да се наплаќаат казнените царини утврдени на 15 декември поради фактот што е постигнат договор. Трамп најави дека ќе почнат преговорите за втората фаза.

„Оваа е исклучителен договор за сите. Ви благодарам!“, напиша Трамп на Твитер.

Во меѓувреме Канцеларијата на американскиот трговски претставник (УСТР) објави дека САД прифатиле „значително“ да ги модифицираат своите царини за кинеските производи во првата фаза од трговскиот договор со Пекинг, а Кина да купува многу повеќе американски артикли и услуги.

Според договорот, Вашингтон ќе ги задржи 25 процентните царини на околу 250 милијарди долари американски увоз од Кина, додека царините воведени на кинеските производи во вредност од 120 милијарди долари ќе се намали на 7,5 отсто.

Во соопштението од УСТР се наведува дека трговскиот договор бара структурни реформи на кинескиот економски и трговски режим во областите на интелектуалната сопственост, трансфер на технологијата, земјоделството, финансиските услуги, девизниот курс. Договорот вклучува и „силен систем за решавање на споровите“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Административците денеска ќе чистат на 20 локации во Скопје

Со почеток во 12 часот, денеска ќе почне еколошката акција „Администрацијата чисти со ‘Не биди ѓубре’“, и на тој начин ќе...

Македонија32 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО за роднини и пријатели

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на...

Свет16 часа

Изгласани одредбите за импичмент на Трамп

Одборот на американскиот Претставнички дом, каде мнозинство се демократите, одобри обвинение за злоупотреба на власта и попречување, против претседателот на...

Македонија16 часа

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ17 часа

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Македонија18 часа

Поднесено обвинение против Јанакиески и уште 10 лица за предметот „Шпански скали“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција  достави обвинение до кривичниот суд против 11 лица за предметот популарно наречен „Шпански...

Топ18 часа

Ексамбасадорот Томислав Димитровски репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата

Поранешниот амбасадор во Љубљана, Томислав Димитровски вчера репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда...

Македонија20 часа

(Видео) Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за да се откочи можноста за една изборна единица

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала, рече дека...

Македонија23 часа

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија23 часа

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот „Талир“ на почетокот на судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет1 ден

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет1 ден

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет1 ден

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија2 дена

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет2 дена

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет2 дена

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа2 дена

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет2 дена

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт2 дена

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија2 дена

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Досие