Свет
СЗО почнува постапка за сертифицирање на руската вакцина „спутник В“

Светската здравствена организација (СЗО) ќе јаапочне постапката за сертифицирање на вакцината против коронавирусот – „спутник В“ на 22 јануари, изјави портпаролот на Рускиот фонд за директни инвестиции.
„На 22 јануари СЗО ќе почне со постапката за проверка на документацијата за регистрација на вакцината ’спутник В’“, изјави претставникот на Фондот.
Претходно, претставникот на СЗО во Русија, Мелита Вујновиќ, објави дека производителите на руската вакцина против коронавирусот „спутник В“ поднеле барање за сертифицирање на вакцината до Светската здравствена организација во Женева, пренесува „Спутник“.
Вакцината „спутник В“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Капитол Хил под опсада: Сите седници откажани поради страв од нов бунт

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ја откажа седницата планирана за денес, по предупредувањето на полицијата во Капитол Хил дека во зградата можат да упаднат екстремисти.
Претставничкиот дом требаше да расправа за предлог-законот за полициска реформа, но еден од членовите на тоа тело рече дека полициското предупредување, засновано на разузнавачки податоци, претставува голем ризик и затоа плановите биле променети, наведува „Гласот на Америка“.
Властите велат дека екстремистите кои планирале да го нападнат Конгресот припаѓаат на група поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој упадна во Конгресот на 6 јануари за да спречи потврда за победата на Џо Бајден на претседателските избори. Полицијата во Капитол ја нарече групата екстремисти кои планираа упад „неидентификувана милитантна група“.
Во полициското соопштение се наведува дека се воведени значителни промени и зголемени безбедносни мерки во Капитол, каде што се наоѓаат Претставничкиот дом и Сенатот. Не е познато дали овие промени се воведени заради последната закана или дали станува збор за мерките за кои станува збор по немирите на 6 јануари.
Во теориите на заговор на десницата, 4 март се спомнува како ден кога Трамп, инаку поразен на изборите на 3 ноември, требаше да даде заклетва за втор мандат. Тоа беше денот на претседателските инаугурации се до 1933 година.
Регион
Повеќе од 1,5 милион вакцинирани во Србија, ревакцинирани над 500.000 луѓе

Во Србија, според последните владини податоци, досега се дадени 1.535.274 вакцини против коронавирус, а втора доза добиле 534.751 лице.
Србија е убедливо прва во регионот според бројот на вакцини на милион жители, по што следуваат Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Бугарија, Албанија и Црна Гора. Србија е на прво место во регионот според бројот на граѓани кои ја примиле втора доза вакцина на милион жители.
Според вкупниот број вакцини и ревакцинации, Србија е втора во регионот, по Романија.
Кога станува збор за бројот на вакцинации на милион жители, Србија е на седмото место во светот – по Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, САД и Малдивите.
Според бројот на вакцинации на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија.
Кога станува збор за бројот на оние кои ја примиле втората доза на вакцина на милион жители, Србија е прва во Европа и петта во светот, по Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати и САД.
Европа
Во Чешка рекорден број на заболени од Ковид-19

Претседателот на Чешка, Милош Земан му се обрати на кинескиот лидер Си Џиннпинг за да обезбеди испорака на кинеската вакцина против Ковид-19 во неговата земја, изјави вчера портпаролот на Земан.
Според амбасадата на Чешка во Пекинг, Кина одлучила „веднаш да го исполни“ барањето.
Досега, Унгарија е единствената членка на Европската Унија која ги вакцинира своите граѓани со кинеската вакцина „Синофарм“.
Европската агенција за лекови сè уште не ја одобрила вакцината.
Земан испрати слично барање до Русија.
Чешка е погодена од голем бран на нови случаи со Ковид-19 и покрај строгите мерки за затворање , а чешките болници вчера објавија рекорден број случаи на пациенти од Ковид-19.
Многу болници се преполни и немаат лекари и друг медицински персонал.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер