Контакт

Свет

СЗО испраќа тим научници да го испитаат потеклото на Ковид-19 во Вухан

Објавено пред

Тим од 10 меѓународни научници следниот месец ќе отпатува во кинескиот град Вухан за да го испита потеклото на Ковид-19, соопшти Светската здравствена организација.

Кина не се спротивстави на независната истрага иако СЗО преговараше за пристап до градот неколку месеци. Се претпоставува дека вирусот потекнал од пазар во градот каде што се продаваат животни. Но, потрагата по изворот доведе до тензии, особено со САД. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја обвини Кина дека се обидува да ја скрие првичната епидемија.

Биолог од тимот што ќе го посети Вухан за новинската агенција „Асошиетед прес“ изјави дека СЗО не сака да пронаоѓа вина, туку да спречи идни епидемии.

„Навистина не станува збор за пронаоѓање виновна земја“, рече Фабијан Леендерц од германскиот институт „Роберт Кох“.

„Се работи за обид да разбереме што се случило и потоа да видиме дали врз основа на тие податоци можеме да се обидеме да го намалиме ризикот во иднина“, додаде тој.

Мисијата се очекува да трае четири или пет недели.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Објавено пред

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека тој се соочил со претседателот Путин за низа прашања почнувајќи од неодамнешниот кибер-напад на американската компанија „Солар виндс“ до сомневањата за труење на водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални.

„Владимир Путин му честита на Џозеф Бајден за почетокот на работата во својство на претседател на САД. Истакна дека нормализацијата на односите меѓу Русија и САД би била од интерес на двете земји и со оглед на нивната одговорност за одржување на безбедноста и стабилноста во светот тоа би било од интерес и на меѓународната заедница“, се вели во соопштението за разговорот што го објави Кремљ.

Прес-секретарката на Бајден, Џен Псаки, рече дека тој го почнал телефонскиот повик со намера да разговара за СТАРТ (договорот за ограничување на стратешкото нуклеарно вооружување), кој администрацијата на Бајден се надева дека ќе го продолжи, руската агресија во Украина, кибер-нападот на „Солар виндс“, чиј обем сè уште се утврдува, извештаите дека Русија давала награди за елиминација на американски војници што служат во Авганистан, мешањето на Москва во претседателските избори во САД и труењето на Алексеј Навални.

„Неговата намера беше да разјасни дека Соединетите Американски Држави ќе дејствуваат цврсто во одбрана на нашите национални интереси како одговор на малигните активности на Русија“, рече Псаки истакнувајќи дека повикот се случил за време на нејзиниот брифинг и дека поцелосно резиме ќе објави подоцна.

Според информациите од светските медиуми, кај двете страни има волја најбргу што може да ги завршат неопходните процедури за натамошно функционирање на договорот за заемно ограничување на ракетно-нуклеарните арсенали.

Договорот истекува на 5 февруари.

Повикот дошол на барање на Москва, соопштија американски дипломатки извори, кои додаваат дека Бајден сакал најпрвин да разговара со европските лидери и неговите советници пред да оствари телефонски разговор со Путин.

Прикажи повеќе...

Свет

Многу полицајци страдаат од посттрауматски стрес поради упадот на толпата во американскиот Конгрес

Објавено пред

Полицијата задолжена за обезбедување на зградата на американскиот Конгрес се извини за пропустите за време на упадот од страна на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп на 6 јануари.

Официјалните лица признаа голем број грешки: разни информации, недоволна подготовка и мобилизација на партнерските агенции. Тие повикаа на подобрени канали за комуникација и подобри системи за отчетност.

„Тука сум да ги искажам моите најискрени извинувања во име на одделот“, рече Јоланда Питман, шефица на полицијата на Конгресот, во подготвена изјава за Комисијата за надзор на јавните финансии на Претставничкиот дом.

„Одделот не ги исполни своите високи стандарди ниту, пак, вашите“, додаде таа.

Питман рече дека повеќето од полицајците што биле на должност на 6 јануари денес страдаат од посттрауматско стресно нарушување.

Во упадот на приврзаниците на Трамп, кои сакаа да ја запрат, но само на неколку часа ја одложија потврдата на победата на Џо Бајден, загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец.

Шефицата на полицијата рече дека немирите се индиректно поврзани со смртта на уште еден полицаец.

Поранешните началници на конгресната полиција во меѓувреме поднесоа оставка и неколку недели по нападот и во пресрет на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари повеќе од 20.000 припадници на Националната гарда беа испратени во центарот на Вашингтон. Речиси 5.000 од нив ќе останат во главниот град на САД до средината на март.

Прикажи повеќе...

Европа

Германската полиција уапсила крадец, испаднало дека им бил колега

Објавено пред

Германската полиција во Берлин уапсила 30-годишен колега од Бамберг, кој е осомничен за неколку кражби, пренесува „Б92“.

Уапсениот полицаец веќе подолго време бил на боледување, соопштила полицијата.

Тој е осомничен дека заедно со еден соучесник, кој исто така е уапсен, извршил повеќе злосторства во Баварија.

Наводно, на 14 јануари во Бамберг тој насилно украл скап мобилен телефон од една жена, што потоа преку интернет го понудил на продажба.

Истата вечер тие украле автомобил од една личност во Швајнфурт.

Следниот ден со тоа возило влетале во излогот на една златарница во Бамберг и украле накит вреден повеќе од 100.000 евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет31 минута

Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека...

Македонија5 часа

21 починат и 444 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на...

Топ5 часа

Поранешниот прилепски градоначалник осомничен за криминал со државно земјиште

Против поранешниот градоначалник на Прилеп, Маријан Ристески, и уште осум лица, како и против две правни лица, поднесена е кривична...

Европа5 часа

Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на состанок на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се заложила за можност за целосна...

Македонија8 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036...

Свет8 часа

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување  пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние...

Европа9 часа

(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го...

Европа10 часа

Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на...

Македонија10 часа

Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен. За...

Македонија10 часа

Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот...

Европа11 час

Меркел: Ситуацијата со коронавирусот ни избега од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земјата, во борбата против коронавирусот, им избегала од контрола на властите. Според...

Европа11 час

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми. Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите...

Македонија12 часа

Брзи антиген тестови на скопскиот аеродром

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради Ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ...

Македонија12 часа

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

За португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Како претставник...

Македонија13 часа

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е која било етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти на која било етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија,...

Европа13 часа

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на...

Свет14 часа

Поднесено обвинение против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор...

Свет1 ден

Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член...

Свет1 ден

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа...

Македонија1 ден

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Иако Насер Зибери не успеа да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата народен правобранител. Го предложи ДУИ, а...

Досие