Свет
СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус и побара итно дополнително финансирање.
Тој рече дека на глобалната програма за дистрибуција на вакцини и требаат уште 4,3 милијарди долари.
Неколку десетици земји го потпишаа планот Ковакс, кој беше воспоставен од СЗО и алијансата за вакцини ГАВИ, за да добијат вакцини во земјите кои немаат пари да ги купат. Досега се собрани пет милијарди долари, вклучително и над 600 милиони долари дадени од Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик

Италијанската агенција за регулирање на приватноста на податоците вчера ѝ нареди на апликацијата „ТикТок“ да ги блокира сметките на сите корисници во Италија чија возраст не може да се потврди, по смртта на 10-годишно девојче во Палермо, Сицилија, кое ја користело кинеската апликација.
Нејзините родители изјавија дека таа учествувала во таканаречениот „предизвик за гушење“ на „ТикТок“, ставајќи ремен околу вратот и држејќи го здивот додека снимала со нејзиниот мобилен телефон.
„’ТикТок’ беше нејзиниот свет. И ‘Јутјуб’. Така го поминуваше времето“, изјави таткото на девојчето Анџело Сикомеро за весникот „Кориере дела сера“.
Девојчето било хоспитализирано на интензивна нега, каде пристигнало со срцев застој. Девојчето починало вчера, по длабока и неповратна кома предизвикана од недостаток на кислород во мозокот.
Обвинителството отвори истрага за можно поттикнување на самоубиство и истражува дали некој го поканил девојчето да учествува во предизвикот.
Во соопштението регулаторот наведува дека иако „ТикТок“ се обврза да забрани регистрација за деца под 13-годишна возраст, сепак, е лесно да се заобиколи правилото.
Портпаролот на „ТикТок“ во Италија одговори дека приватноста и безбедноста се апсолутни приоритети, истакнувајќи дека тие постојано работат на заштита на нивните политики, процеси и технологии за да ја заштитат заедницата и особено помладите корисници.
Свет
Министерката за здравство која промовираше „магична напивка“ против коронавирусот е позитивна

Министерката за здравство на Шри Ланка, Павитра Ванијарачи, која јавно ja поддржа и промовира употребата на „магична напивка“ во борбата против коронавирусот, е позитивна на Ковид-19.
Ванијарачи јавно ја консумираше „магичната напивка“, за која тој што ја направил тврдеше дека обезбедува доживотен имунитет на вирусот.
Како што подоцна беше откриено, сирупот односно напивката содржела мед и морско оревче.
Министерката во ноември лани истури бокал „благословена“ напивка во река, откако самопрогласениот Божји човек рече дека со тоа ќе се запре пандемијата.
Здравствен службеник потврди дека министерката Павитра е највисокиот функционер во таа земја заразен со вирусот.
Шри Ланка, која има 21 милион жители, вчера ја одобри употребата на вакцината на „АстраЗенека“, само неколку часа откако Ванијарачи објави дека е позитивна.
Регион
Во Хрватска 599 нови случаи на коронавирус, 29 лица починаа

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 599 нови случаи на коронавирус, 29 лица починаа, а бројот на активни случаи е 3.232.
1.468 пациенти се во болница, од кои 142 се на апарати за дишење.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, вкупно 228.568 лица се заразени со новиот коронавирус, од кои 4.799 починале, а вкупно 220.537 оздравеле, од кои 659 во последните 24 часа.
Во моментов има 16.114 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 1.149.691 лице, од кои 4.872 во последните 24 часа.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот