Контакт

Свет

СЗО: Многу сме загрижени за ситуацијата со коронавирус во Европа

Објавено пред

Светската здравствена организација е многу загрижена за ширењето на Ковид-19 во Европа додека континентот се бори со нов бран на заразени, изјави шефот на Канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Клуге предупреди дека до март може да се регистрираат околу 500.000 смртни случаи доколку не се преземат итни мерки.

Тој рече дека обврската за носење маски може веднаш да помогне да се забави пандемијата.

Шефот на регионалната канцеларија на СЗО смета дека студеното време, недоволниот удел на вакцинирани лица и доминацијата на се позаразните делта соеви на вирусот се одговорни за епидемиолошката состојба. Тој повика на зголемување на бројот на вакцинирани, спроведување на основните мерки за јавно здравје и нови третмани за борба против ширењето на болеста.

„Ковид-19 повторно стана главна причина за смрт во нашиот регион“, рече Клуге, додавајќи дека знаеме што треба да се направи за да се бориме со болеста.

Клуге смета дека обврската за вакцинирање треба да биде последно средство на кое се прибегнува, но дека би било вистинско време за правна и социјална дебата по ова прашање.

„Пред тоа има и други средства, како што се потврдите за Ковид“, рече тој, оценувајќи дека сертификатите за ковид не претставуваат ограничување на слободите, туку се средство за зачувување на нашата индивидуална слобода.

Австрија стана првата европска земја во петокот што објави дека вакцинацијата против Ковид-19 ќе стане законски задолжителна. Тоа правило треба да стапи на сила во февруари. Во исто време, Австрија, како одговор на рекордното зголемување на инфекцијата и ниската покриеност со вакцинација, воведе карантин за сите жители, откако првично беше на сила само за вакцинираните лица.

И многу други европски земји воведуваат нови мерки, додека бројот на случаи расте. Земјите како Чешка и Словачка воведоа нови ограничувања за жителите кои не биле вакцинирани против Ковид-19.

Насилни протести избија во текот на ноќта во Ротердам, Холандија, против владините планови за дополнителни ограничувања и забрана за новогодишен огномет, на што полицијата одговори со пукање врз демонстрантите.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан рече дека Германија е во „вонредна состојба“ и одби да ја исклучи можноста за воведување ново заклучување во земјата.

Европа

Генерал ќе биде на чело на германскиот кризен штаб против коронавирусот?

Објавено пред

Новата германска влада ќе формира кризен штаб за сузбивање на пандемијата, кој треба да дејствува брзо, а она што е интересно е што со него ќе раководи генерал на Бундесверот, пишува „Дојче веле“.

Идната германска сојузна влада сака да формира нов кризен штаб што е можно поскоро, поради ефикасно сузбивање на пандемијата, а идниот сојузен министер за финансии, Кристијан Линднер, најави дека на чело ќе биде германски генерал.

Според информациите на весникот „Зидојче цајтунг“, станува збор за генерал-мајор Карстен Бројер, кој од 2018 година е на чело на командата за територијални задачи на германската војска (Бундесвер), што е задолжена за соработка на воените сили со цивилните организации.

Според упатените, од избувнувањето на пандемијата во Германија, 56-годишниот генерал постигнал извонредни резултати, особено кога станува збор за исполнување на барањата за помош што масовно доаѓале до Бундесверот во одредени периоди.

Како што се наведува, она што е интересно е тоа што повеќе од една година во борбата против пандамијата е вклучен уште еден генерал-мајор, а тоа е докторот на Генералштабот Ханс-Улрих Холтерм (57), кој претходно бил управител на воената болница во Улм и кој од март 2020 година води оддел наречен „Здравствена заштита, здравствена сигурност и одржливост“ во рамките на сојузното Министерство за здравство.

Според наводите, невообичаено е еден офицер да биде на чело на кризниот штаб, а воените експерти на ова ново назначување првенствено гледаат како ПР и го поставуваат прашањето дали во ваква ситуација првиот човек на кризниот штаб ќе одговара пред министерот за одбрана.

Претходно, портпаролот на владата во заминување, Штефен Зајберт, јасно стави до знаење дека политичарите ќе одлучуваат за насоката на борбата против Ковид-19 и во иднина.

Но, можноста за назначување на висок офицер на чело на кризниот штаб во секој случај на борбата против ширењето на заразата ѝ дава воен призвук.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија нема да ги казнува граѓаните што одбиваат да се вакцинираат

Објавено пред

Официјален Кремљ ја отфрли можноста за воведување казни за одбивање вакцинација против коронавирусот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Не, не дозволуваме да се воведат такви мерки во Русија“, рече претставникот на Кремљ на прашањето дали Русија би можела да воведе мерки слични на оние што се планираат во Австрија, со кои, како што е најавено, би можеле да почнат да ги казнуваат луѓето што одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот, пренесува руската агенција ТАСС.

Виенскиот весник „Ди Пресе“ вчера пишуваше за тековниот закон што се однесува на воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19 во Австрија. Според тој член, последниот закон предвидува глоба до 7.200 евра за одбивање вакцинација.

Предлог-законот треба да биде претставен за една недела, а на двата дома на австрискиот парламент ќе им треба зелено светло.

Прикажи повеќе...

Свет

Прв случај на омикрон потврден и во Јапонија

Објавено пред

Во Јапонија денеска е потврден првиот случај на омикрон-сојот кај турист што неодамна пристигнал во земјата од Намибија.

Секретарот на јапонската влада, Хироказу Мацуно, изјави дека пациентот има 30-ина години, тестиран бил завчера на аеродром и по позитивниот резултат, веднаш е изолиран и прима редовна терапија.

Анализата вчера утврди дека тој е заразен со новиот сој омикрон за кој Светската здравствена организација предупреди дека е ризичен. Овој вид првпат бил откриен во лабораторија во Јужна Африка.

Јапонските власти вчера објавија дека ќе бидат забранети сите пристигнувања во земјата со цел да се спречи ширењето на новиот сој за кој експертите предупредуваат дека може да биде опасен и по вакцинирањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Бугарската министерка Комитова: Патот „Струма“ има недостатоци, но тие не се причина за пожарот во автобусот

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите што важеле во 2002 година кога се реконструирал патот, а денеска...

Европа2 часа

ЕМА: Вакцини против омикрон може да се одобрат за три месеци

Европскиот медицински регулатор денеска објави дека може да одобри вакцини приспособени за заштита од омикрон-варијантата на коронавирусот за три до...

Европа2 часа

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, за забава по учеството во...

Европа3 часа

Блинкен: Потребно е поголемо присуство на ЕУ и САД на Балканот

Австрискиот министер за надворешни работи, Мајкл Линхарт, и министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен, сметаат дека е потребно...

Македонија5 часа

Бугарските власти ќе ги презентираат резултатите од инспекцијата на автопатот по трагичната несреќа на „Струма“

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, нареди увид на патната делница меѓу Драгичево и Горна Дикања по констатираните...

Македонија17 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија19 часа

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија20 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија23 часа

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија24 часа

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија1 ден

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа1 ден

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија1 ден

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа1 ден

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет1 ден

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија2 дена

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 дена

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија2 дена

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија2 дена

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет2 дена

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Досие