Свет
СЗО: Не е време за опуштање

Претставничката на СЗО, Марија ван Керкове, оцени дека не е време за опуштање иако има пад на бројот на новозаболени лица во светот и најниска стапка на инциденција од средината на октомври 2020 година. Таа додаде дека ширењето на новите варијанти на коронавирусот, како и сомнежите во ефикасноста на вакцините го намалуваат оптимизмот во однос на излезот од кризата, објави „Ројтерс“.
„Не смееме да се доведеме во ситуација во која повторно би имале зголемување на бројот на заболени“, предупреди Ван Керкове.
Во последните 24 часа потврдени се 351.335 нови случаи на Ковид-19 и 10.957 смртни случаи кај ковид-пациенти, наведува „Ројтерс“.
Досега вакцинацијата почна во 85 земји, а администрирани се нешто помалку од 188 милиони дози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Телеграф: Хакирана лабораторија во Оксфорд за истражување на ковид

Кибер-група ја хакирала биолошката лабораторија на Универзитетот во Оксфорд, која го истражува Ковид-19, објави британски „Телеграф“.
Според лондонскиот весник, хакирањето се случило во Одделот за структурна биологија, познат како „Струби“, кој врши истражувања за Ковид-19, пренесува „Ројтерс“.
Универзитетот во Оксфорд не одговори веднаш на барањето за коментар, но за „Телеграф“ потврди дека „Струби“ бил цел на хакери.
„Го идентификувавме и ограничивме проблемот и сега истражуваме понатаму“, вели портпаролот на Оксфорд.
Свет
Бразил не знае што да прави со мутациите, калифорнискиот вид е најопасен

Бразил се соочува со нова фаза на пандемијата со мутирани варијанти на Ковид-19, три пати позаразни, рече министерот за здравство. Најсмртоносен е калифорнискиот вид. Бразилскиот министер Едуардо Пазуело изјави дека владата распределила од 13 до 14 милиони дози вакцини и дека планира да вакцинира половина од 210 милиони жители во земјата до средината на годината, пренесува „Ројтерс“.
Од друга страна, научниците се загрижени за постоењето на т.н. калифорниски вирус, за кој не се знае многу, но постои можност тој да биде најсмртоносна и најзаразна варијанта досега. Прелиминарна студија укажува на тоа дека овој вид се шири побрзо од другите, дека може да доведе до потешки форми на инфекција, дека бара поинтензивно лекување и дека може да биде уште посмртоносен.
Бидејќи истражувањето ја нема поминато проверката на независна група научници, сите овие тврдења треба да се земат со резерва.
Свет
Воздушни напади во Сирија по наредба на Бајден

Американската армија изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот eо Бајден врз објекти за кои Пентагон вели дека припаѓаат на проиранската милиција. Воздушниот напад е одговор на ракетниот напад врз американски цели во Ирак и тој беше со ограничена големина, можно е да нема ескалација, пренесува „Ројтерс“.
Сириската опсерваторија за човекови права објави дека во тие напади биле убиени 17 проирански борци.
„Три камиони муниција беа уништени во нападите. Многу луѓе беа убиени”, рече директорот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман.
„По наредба на претседателот Бајден, американските воени сили извршија воздушни напади вечерва врз инфраструктурата што ја користеа милитантните групи со поддршка на Иран во источна Сирија“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Тој изјави дека Бајден ќе дејствува со цел да ги заштити американските и коалициските војници.
„Во исто време, дејствувавме на одреден начин со цел да ја деескалираме целокупната состојба во источна Сирија и Ирак“, додаде Кирби. Тој рече дека во нападите се уништени многу објекти на граничниот пункт што ги користеле проирански групи како Катаиб Хезболах и Катаиб Сајид ал-Шухада.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер