Контакт

Свет

СЗО: Не носете маска за лице, освен ако не сте заразени

Објавено пред

Претставници на Светската здравствена организација сè уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не се заразени со коронавирус или негуваат некого кој е болен, пренесе Си-ен-ен.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајкл Рајан, изјави дека носењето маски за лице, во случај на нивно неправилно користење, може да нанесе повеќе штета отколку корист во борбата против ширењето на вирусот. Рајан повтори дека СЗО верува оти маските треба да ги носат единствено луѓе што се болни за да не го шират вирусот и здравствените работници, на кои им се неопходни.

„Нема конкретен доказ што би укажал дека масовното носење маски би донело некаква корист, всушност, постојат извесни докази што укажуваат на спротивното“, рекол Рајан.

„Тука е уште и глобалниот недостиг на маски и други медицински материјали. Луѓето што најмногу се изложени на ризик се здравствените работници секоја секунда од нивниот живот. Помислата на тоа дека немаат маска е ужасно“, додава Рајан.

Епидемиологот Марина ван Керков исто така вели дека е важно да им се даде предност за користење маски на оние на кои тоа им е најважно, а тоа се здравствените работници.

Регион

Вучиќ: Нема среќно решение за Косово

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека кога станува збор за Косово, нема среќно решение за Србија и дека, какво и да е решението, тие не можат да бидат особено задоволни.

„Не мислам дека би постигнал нешто со лажење и мамење на луѓето. Не е работа на претседателот на Србија да ги измами луѓето“, рече Вучиќ за ТВ Прва, посочувајќи дека ќе следи силен притисок врз Србија за Косово во наредните шест месеци или една година.

Тој додаде дека очекува специјалниот претставник на Европската унија, Мирослав Лајчак, да дојде во Белград и Приштина веднаш по изборите во Србија што се закажани за 21 јуни.

Прикажи повеќе...

Свет

Минеаполис им забрани на полицајците да применуваат сила со задушување при апсење

Објавено пред

Градското собрание на Минеаполис донесе одлука за забрана за задушување на лице за време на полициско апсење.

Одлуката доаѓа по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд пред 10 дена, кој почина откако полицаец го притискал на вратот со коленото повеќе од осум минути.

„Ова е време кога можеме целосно да го промениме начинот на дејствување на полицијата“, рече градоначалникот Џејкоб Фреј, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека во минатото имало проблеми со воведување на вакви промени, но дека сега тие можат да се спроведат.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Џастин Трудо клекна на колена во знак на поддршка на демонстрантите

Објавено пред

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, клекна на колена во знак на солидарност со демонстрантите на вчерашниот протест против расизмот што се одржа во Отава.

Опкружен со телохранители, Трудо клекнал додека демонстрантите барале крај на полициската бруталност и расистичкото постапување кон црнците и извикувале: „Ајде да му се спротиставиме на Трамп“.

Протестот во Отава е еден од неколкуте протести планирани во градовите низ Канада како солидарност со протестите во САД предизвикани од насилната смрт на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд, кој беше убиен од полициски службеник во Минеаполис минатата недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 минути

Вучиќ: Нема среќно решение за Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека кога станува збор за Косово, нема среќно решение за Србија и дека, какво...

Свет31 минута

Минеаполис им забрани на полицајците да применуваат сила со задушување при апсење

Градското собрание на Минеаполис донесе одлука за забрана за задушување на лице за време на полициско апсење. Одлуката доаѓа по...

Свет2 часа

(Видео) Џастин Трудо клекна на колена во знак на поддршка на демонстрантите

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, клекна на колена во знак на солидарност со демонстрантите на вчерашниот протест против расизмот што...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Ова е прекрасен ден за Флојд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на конференцијата за економското закрепнување на Америка, зборуваше и за протестите по убиството...

Спорт3 часа

Брендот Џордан ќе донира 100 милиони долари за борбата против расизмот

Брендот „Џордан“ во наредните 10 години, поради убиството на Џорџ Флојд и новонастанатата ситуација во САД, ќе донира 100.000.000 долари,...

Македонија14 часа

Влада: 30 милиони денари за здруженија и фондации за справување со корона кризата

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки...

Свет17 часа

СЗО: Секој треба да носи маска на јавен простор

Светската здравствена организација ги ажурираше своите насоки во борбата против Ковид-19 и сега препорачува дека секој треба да носи маска...

Македонија18 часа

Не се планираат рестрикции од понеделник и покрај бројките на новозаболени

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко...

Македонија19 часа

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот...

Македонија19 часа

Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени. Тој не...

Македонија20 часа

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на...

Македонија21 час

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде што беше Мицкоски

Одземен е уредот за снимање од кафеаната каде што седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да...

Македонија21 час

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија23 часа

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Свет24 часа

Босанец осомничен за напад на полицајци при немирите во Њујорк, се поврзува со тероризам

Џенан Камовиќ, Босанец кој живее во Америка, е осомничен дека повредил тројца полицајци во Њујорк. ФБИ сега истражува дали станува...

Топ1 ден

Паркиран камион се придвижил и удрил во две лица во Виница, жена почина на самото место

Во попладневните часови на 4 јуни кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски...

Европа1 ден

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен...

Свет1 ден

(Видео) Илјадници луѓе на комеморацијата за убиениот Џорџ Флојд

Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата за Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис. Меѓу...

Регион2 дена

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион2 дена

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Досие