Свет
СЗО повикува на забрана за храна со висока содржина сол

Светската здравствена организација ги повика земјите да воведат законски ограничувања за количината сол во преработената храна, рестораните и кантините како дел од серијата препораки за спречување на прекумерното внесување и намалување на стапката на срцеви заболувања.
Како што е наведено, речиси сите земји од европскиот регион, 51 од 53, имаат просечно дневно внесување сол над максималното препорачано, што е пет грама дневно.
Ова предизвикува сериозни здравствени проблеми бидејќи прекумерната потрошувачка на сол е една од водечките причини за висок крвен притисок или хипертензија, што е најголемиот ризик-фактор за кардиоваскуларни болести, според СЗО.
„Колку е поголемо намалувањето на внесувањето сол, толку е поголем падот на крвниот притисок: намалувањето на внесувањето сол може да ја намали смртноста од кардиоваскуларни болести и појавата на срцеви удари“, се вели во соопштението на канцеларијата на СЗО за Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Маж фрли бомба во бар во Франција: најмалку 12 повредени, шест критично

Најмалку 12 лица се повредени вчера откако маж фрлил рачна граната во бар во Гренобл, Франција, потврдија претставници на Икс, јавува Анадолија.
Шест од повредените се во критична состојба, соопштија властите.
Attaque à la GRENADE en pleine ville de Grenoble.
Notre pays devient un pays sous développé, rempli de fous qui souvent ne devraient même pas être en liberté et/ou en France.
Soutien aux blessés, on espère qu’il n’y a pas de morts 🙏 pic.twitter.com/EgHQ44NidC
— Alice Cordier (@CordierAlice2) February 12, 2025
Градоначалникот на Гренобл, Ерик Пиол, го осуди нападот на Икс, изразувајќи солидарност со жртвите и нивните семејства.
Осомничениот, кој наводно побегнал од местото на настанот, се уште не е фатен.
Судот во Гренобл покрена истрага која беше доделена на Одделот за организиран криминал. Детали за идентитетот на осомничениот или можните мотиви се уште не се објавени.
Европа
Кина нуди да организира средба Трамп-Путин без Зеленски, објави Волстрит Журнал

Кинеските власти му предложиле на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп Кина да организира средба со лидерот на Кремљ Владимир Путин, објави Волстрит Журнал, повикувајќи се на официјални претставници во Пекинг и Вашингтон.
Според овие извори, кинеските функционери му понудиле на тимот на Трамп, во последните недели преку посредници, да организираат самит меѓу него и Путин и „да го олеснат одржувањето на мирот по евентуалниот прекин на огнот“.
Сепак, се забележува дека таквиот предлог наишол на скептицизам во САД и Европа. Весникот наведува дека причина за тоа е загриженоста за се поблиските односи меѓу Пекинг и Москва.
Изворите тврдат дека кинескиот предлог вклучува самит САД-Русија без учество на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Белата куќа одби да потврди дали го добила предлогот од Кина. Во исто време, официјален претставник на американската претседателска администрација изјави дека таков план „воопшто не е остварлив“.
Портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон изјави дека не знае за таков предлог, но изрази надеж дека „страните ќе работат на деескалација и ќе бараат политичко решение“.
Изворите посочуваат дека кинескиот лидер Си Џинпинг „не сака кинеската помош за завршување на војната да ги загрози блиските односи меѓу Кина и Русија“. Затоа, „кинескиот предлог не вклучува никаква обврска Пекинг да ја намали големата економска поддршка за Москва“.
Трамп и Путин вчера се договорија да започнат преговори за итен прекин на војната во Украина. Истиот ден, министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Шпанија по средбата истакнаа дека не може да се постигне мировен „договор“ за Украина без учество на Киев и неговите европски партнери.
Европа
Клучниот човек на Путин: Украина е блиску до распад

Сергеј Наришкин, директор на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) и претседател на Руското историско друштво, изјави дека Украина е на работ на „неизбежен колапс на државноста“. Наришкин е познат како еден од блиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин и клучна фигура во рускиот безбедносен апарат.
Неговите изјави редовно се усогласуваат со наративот на руската влада, а овој конкретен коментар го пренесе државната агенција ТАСС, позната по промовирањето на официјалните позиции на Кремљ.
На дискусијата на тркалезната маса насловена „Од Харков до Ужхород: Историја на конфликти и територијални компромиси“, Наришкин изнесе тврдења дека Украина „од распадот на Советскиот Сојуз ја пропушти можноста да изгради сопствена државност и наместо тоа се посвети на лично збогатување, поддржувајќи го неонацистичкиот лидер и прифаќање на улогата на ‘ударна игла’ против Русија под водство на англосаксонските господари“.
„Резултатот на сè е катастрофа, а сега падот на украинската државност е неизбежен“, рече Наришкин.
Тој рече и дека територијата на Украина била формирана само за време на советскиот период и дека „пред тоа не постоела како единствена административна единица“.
Сергеј Наришкин долго време важеше за еден од најлојалните луѓе во најтесниот круг на Путин. Тој е на чело на Надворешната разузнавачка служба (СВР) од 2016 година и е познат по промовирањето на ревизионистички поглед на украинската историја, честопати оправдувајќи ги руските дејствија во конфликтот користејќи историски наративи.
Вчера американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин се договорија да започнат преговори за итен прекин на војната во Украина. Истиот ден, министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Шпанија по средбата истакнаа дека не може да се постигне мировен „договор“ за Украина без учество на Киев и неговите европски партнери.