Контакт

Европа

СЗО предупредува, внимателно да се укинуваат мерките против Ковид-19

Објавено пред

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за итни ситуации, Мајкл Рајан, ги повика државите да бидат многу внимателни во ублажувањето на мерките воведени поради Ковид-19 за да не ги нарушат остварените придобивки.

Секоја држава мора да одлучи сама, но и поединците, вклучително и оние што не се вакцинирани, мора да преземат одговорност да се заштитат себе си и другите.

Англија, домаќинот на Европското првенство во фудбал, се подготвува да ги укине најограничувачките мерки на 19 јули, другите европски земји веќе почнаа да ги укинуваат ограничувањата за патување, а индиските држави ги олеснуваат мерките и покрај зголемениот број новоинфицирани со заразниот делта-сој на коронавирусот.

Рајан рече дека секоја држава мора сама да одлучи, но и дека поединците, вклучително и оние што не биле вакцинирани, мора да преземат одговорност да се заштитат себе си и другите со цел да се запре притисокот врз болниците поради потенцијален нов бран на заразени.

Тој предупреди на многу опасната претпоставка дека сите во Европа сега се заштитени и дека светот се враќа во нормала.

Пред укинувањето на мерките, британскиот премиер, Борис Џонсон, изјави дека доаѓањето на летните и училишните одмори може да помогне за поповолна епидемиолошка состојба.

Рајан рече дека верува оти британските научници се многу свесни за заканата што ја носат новите соеви, особено делта-видот, и дека тие се за внимателно укинување на мерките.

СЗО ги предупреди земјите, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави и Швајцарија, наместо да вакцинираат деца на возраст од 12 до 15 години, тие треба да им донираат вакцини на сиромашните земји преку програмата „Ковакс“.

Експертот за вакцинирање на СЗО, Ен Линдстранд, предупреди дека од коронавирус не страдаат најмногу деца, туку возрасни и лицата со висок ризик.

Европа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската Унија е постигната и ги повика сите што имаат можност да се вакцинираат за заштита на сопственото здравје и за заштита на другите.

„Нашата цел во јули беше да заштитиме 70 проценти од возрасните во Европската Унија со најмалку една доза. Денес ја постигнавме таа цел и 57 проценти од возрасните се целосно вакцинирани“, рече Фон дер Лајен.

Таа посочи дека треба да продолжат напорите и да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе.

„Делта-варијантата е многу опасна. Затоа ги повикувам сите кои имаат можност да се вакцинираат. Заради заштита на сопственото здравје и заштита на другите“, рече Фон дер Лајен, истакнувајќи дека ЕУ ќе продолжи да обезбедува доволно вакцини.

Прикажи повеќе...

Европа

Во подрумот од куќата чувал тенк, 84-годишен пензионер од Германија оди на суд

Објавено пред

Правниците во Германија расправаат за тоа како да се справат со 84-годишен пензионер кој во својот подрум чувал тенк, противвоздушна пушка и торпедо од Втората светска војна.

Тенкот „Пантер“ бил отстранет од подрумот на неговата куќа на северот на Германија во градот Хајкендоф во 2015 година, пишува Би-би-си.

Обвинителите и бранителите сега преговараат за можни казни, вклучително и условна и парична казна до 500.000 евра.

Според адвокатот на обвинетиот, Американскиот музеј е заинтересиран за купување на тенкот „пантер“.

Многу историчари тврдат дека тоа било најефикасното возило што го користела Германија за време на Втората светска војна.

Адвокатот исто така рече дека голем број германски колекционери контактирале со обвинетиот и заради други предмети, вклучително и пушки и пиштоли.

Во понеделникот на судското рочиште во градот Кил, околу 100 километри северно од Хамбург, адвокатите се обидоа да утврдат дали воената колекција го крши германскиот закон за контрола на оружјето.

Одбраната тврди дека многу оружја веќе не се функционални и дека „пантер“ е купен како отпад и размислува да прифати казна од 50.000 евра.

Во јули 2015 година, околу 20 војници го извлекуваа „пантерот“ од имотот на пензионерот околу девет часа.

Локалните власти за предметите во подрумот ги известиле колегите во Берлин, кои претходно извршиле претрес во домот за уметнички дела украдени од нацистите.

Следното рочиште е закажано за в среда, а пресудата се очекува следниот месец.

Прикажи повеќе...

Европа

Америка не ги укинува ограничувањата за патување, три европски земји на „црвената листа“

Објавено пред

Соединетите Американски Држави нема да укинат ниту едно од постојните ограничувања за патувања поради загриженоста од брзопреносливата делта-варијанта на коронавирусот и зголемувањето на бројот на новозаразени случаи, изјави портпаролот на Белата куќа Џен Псаки.

Таа изјави дека Вашингтон, имајќи ја предвид моменталната состојба со делта-сојот, ќе ја задржи примената на сегашните ограничувања за патување.

„Со ширењето на делта-варијантата, бројот на новозаразени случаи се зголемува, особено кај невакцинираните граѓани и се чини дека овој тренд ќе продолжи и во наредните недели“, рече Псаки.

Во САД во моментов е оневозможен влез на странски државјани кои последните четиринаесет дена ги поминале во Велика Британија, дваесет и шестe земји од шенген-зоната во Европа, како и Ирска, Кина, Индија, Јужна Африка, Иран и Бразил.

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и Стејт департментот предупредија дека граѓаните не треба да патуваат во Шпанија, Португалија, Кипар и Киргистан поради зголемениот број на заразени со вирусот во тие земји, објавија американските медиуми.

ЦДЦ го зголеми ризикот за патување за тие земји на „ниво четири“, односно многу високо и им препорачува на Американците да избегнуваат патувања, додека Стејт департментот препорачува воопшто да не се патува во тие земји.

Шпанија во јуни повторно ги отвори своите граници за американските туристи и оттогаш е популарна дестинација.

ЦДЦ, покрена препораки за патување во Куба со „четврто ниво“ на предупредувања, додека Стејт департментот препорача да не се патува таму. Центарот исто така е загрижен за зголемениот број на заразени лица во Израел, Западниот брег и Газа, а Стејт департментот им препорачува на потенцијалните патници „да размислат двапати“ за патување во Израел.

Ерменија е ставена на „ниво 3“, што значи дека невакцинираните патници треба да избегнуваат патување во таа земја, доколку тоа не е потребно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа43 минути

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт1 час

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полуфиналето Георгиевски го...

Македонија2 часа

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет13 часа

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа13 часа

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа14 часа

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа14 часа

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион16 часа

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија21 час

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија22 часа

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија23 часа

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија23 часа

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија23 часа

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа1 ден

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија1 ден

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет1 ден

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Македонија1 ден

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија1 ден

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија2 дена

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Досие