Свет
СЗО предупредува дека и младите се ранливи на коронавирусот
Бројот на починати од Ковид-19 во светот се искачи на 11 400 лица. Од Светската здравствена организација ги предупредиja младите дека „не се непобедливи“.
„Денеска имам порака до младите: не сте непобедливи. Вирусот може да ве остави во болница со недели, па дури и да ве убие“, порача генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина: Северна Кореја е најголемата закана за нас од сите руски сојузници
Меѓу сојузниците на Москва, Северна Кореја претставува најголем проблем за Киев поради масовното снабдување на Москва со артилериски гранати, кои се користат на украинскиот фронт, изјави денеска шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов.
„Од сите сојузници на Русија, нашиот најголем проблем е Северна Кореја, бидејќи со количината на воена опрема што ја испорачуваат, тие навистина влијаат на интензитетот на борбите“, рече тој на конференцијата во Киев.
„Непријатно е тоа што испорачуваат и балистички ракети“, но, како што нагласи, е помалку сериозно поради нивната помала количина.
Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја го обвинија Пјонгјанг дека и доставува на Русија муниција и проектили за да ја поддржи нејзината инвазија на Украина, која трае од февруари 2022 година.
Пјонгјанг ги негира обвинувањата, но организацијата „Conflict Armament Research“ оваа недела соопшти дека анализата на остатоците покажала дека „ракетите произведени оваа година во Северна Кореја се користат во Украина“.
Буданов смета дека Русија ќе се обиде да стави крај на војната „пред 2026 година“. со цел да избегне слабеење на нејзините позиции поради акумулацијата на економските проблеми, главно поради западните санкции и проблемите со мобилизацијата поврзани со значителни загуби на фронтот.
Свет
Бајден апелираше до Конгресот да го продолжи рокот Украина да искористи 5,8 милијарди долари воена помош
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден побара од Конгресот да го продолжи претседателското овластување за повлекување средства (ПДА) до 2025 година.
Со тоа ќе бидат достапни околу 5,9 милијарди долари за воена помош за Украина по крајот на фискалната година на 30 септември, пишува „Д Хил“.
Белата куќа побара континуираното финансирање да биде вклучено во резолуцијата понудена од претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон. Овие средства истекуваат на крајот на овој месец.
Донесувањето на одлуката на американскиот Конгрес за продолжување на ПДА во износ од 5,8 милијарди долари ќе и овозможи на Белата куќа да продолжи да испраќа воена помош за Украина неколку пати месечно.
Свет
Зеленски: Секое одложување на воената помош има негативни последици на фронтот
Секоја навремена и брза испорака на воени пакети во Украина има позитивен ефект на фронтот, а секое одложување води кон негативни последици, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на средба со делегација американски конгресмени.
„Секое доцнење на воените испораки има свои негативни последици на фронтот. Ги информирав американските конгресмени за актуелната состојба и перспективите“, нагласи Зеленски во вечерашното обраќање до нацијата, пренесува Укринформ.
Според Зеленски, клучно е сите, особено земјите како Соединетите Американски Држави, брзо да ги спроведат потпишаните договори.
„Важно е на сите нивоа партнерите да бидат целосно информирани за нашите потреби, за нашите позиции“, нагласи претседателот на Украина.
Тој апелираше до американскиот претседател Џо Бајден и американскиот Конгрес за двопартиска поддршка од почетокот на војната.
„Ви благодариме што донесовте многу важен закон во Конгресот. Се надевам дека сето тоа ќе стигне до Украина што е можно поскоро и ќе ја зајакне нашата армија. И ние сме им благодарни на сите Американци што ја поддржуваат нашата земја“, рече Зеленски.
Тој потсети дека во блиска иднина планира лично да му го претстави планот за победа на Украина на американскиот претседател Џо Бајден и на претседателските кандидати на Републиканската и Демократската партија.
Како што изјави Зеленски, на средбата се разговарало за клучните области на натамошната американска помош во областа на безбедноста и одбраната.
„Приоритет е да се добијат дополнителни системи за противвоздушна одбрана, ракети за нив и дозвола за употреба на оружје со долг дострел за воени цели на територијата на Руската Федерација“, заклучи претседателот на Украина.