Контакт

Свет

СЗО против шпекулациите: Лукот не помага против коронавирусoт

Објавено пред

Светската здравствена организација (СЗО) тргна во борба против шпекулациите, полувистините и дезинформациите поврзани со коронавирусот.

Под мотото „Myth busters“ на веб-страницата на СЗО, меѓу другото, се укажува и дека лукот не штити од коронавирусот.

Исто така, се укажува и на тоа дека нема индикации оти миленичиња, мачки и кучиња се заразиле досега.

„Ние се бориме не само со епидемијата, туку и со ‘инфодемијата’. Лажните вести се шират побрзо и поедноставно од вирусите и се исто толку опасни“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гребрејзус.

За заштита од новиот вирус, треба често да се мијат рацете и потоа добро да ги избришат.

Исто така, СЗО не советува УВ-зрачење.

Прскањето на кожата со алкохол и хлор не помага ако вирусите веќе се во организмот.

Дури и маслото од сусам не го убива коронавирусот, реагира СЗО на ваквите шпекулации.

СЗО исто така посочува дека не се заканува опасност од инфекцијата со отворање писма или пакети од Кина.

„Од претходните анализи, знаеме дека коронавирусот на предмети како што се писма и пакети не може да преживее долго“, велат од здравствената организација.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп незадоволен откако затвореници во САД завршија на слобода поради коронавирусот

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и Пенсилванија за ослободување на некои затвореници заради пандемијата на коронавирус, пренесува АП.
       
Како причина за ослободувањето беше наведен недостигот на медицински средства во затворите.
       
„Тоа не ни се допаѓа. Треба да видиме дали имаме право тоа во некои случаи да го спречиме“, рече Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

Кинески власти објавија 31 нов случај на коронавирус

Објавено пред

Кинеските власти соопштија дека има пријавено 31 нов случај на коронавирус, при што 29 се поврзани со лица од странство, а болеста одзела и четири животи.
       
На лекување се 1.727 лица, се следат 12 сомнителни случаи, додека 1.027 лица се во изолација поради сомнеж дека се заразени.

Нема регистрирани нови случаи во Вухан, од каде вирусот започна да се шири речиси во целиот свет.Во Кина, официјално се евидентирани вкупно 81.620 заразени лица, додека 3.322 починале од вирусот, пренесува АП.

Прикажи повеќе...

Регион

Сасоли: ЕУ бара начин како да му помогне на Запад Балкан да се справи со пандемијата

Објавено пред

„Живееме во време на предизвик без преседан, предизвикан од пандемијата COVID-19. Глобалните проблеми не можат да имаат национални решенија и, на многу начини, оваа пандемија на Коронавирус е тест за нашата европска солидарност. Институциите на ЕУ направија добро и претставија еден унитарен фронт во предлагањето на европски решенија – решенија засновани на солидарност и кои се стремат да не ги остават зад себе најранливите земји“, се вели во одговорот на претседателот на Европскиот парламент, Давид Мариа Сасоли, на писмото што беше пратено на 25 март 2020 година од претседателите на Парламентите на земјите од Западен Балкан.

Според него, Западен Балкан е дел од европското семејство и неговата европска определба е несомнена.

„Затоа, целосно се согласувам кога ќе кажете дека сите мерки преземени на европско ниво треба да ги вклучат вашите земји и во најмала рака да не предизвикаат негативни последици врз вашите напори да се справите со пандемијата Ковид. Бидете уверени дека ЕУ веќе бара начини да го вклучи вашиот регион во своите механизми за одговор. Како претседател на Европскиот парламент, ве уверувам во мојата целосна поддршка за изнаоѓање на најдобри решенија за да бидете заштитени од негативните последици од оваа криза. Добрите пријатели ја покажуваат својата љубов во време на неволја, не само во време на среќа. Ова е време за солидарност и вашиот регион треба да биде вклучен. Ако останеме обединети, можеме да излеземе посилни од кризата“, порачува Сасоли.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

Трамп незадоволен откако затвореници во САД завршија на слобода поради коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и Пенсилванија за...

Свет23 минути

Кинески власти објавија 31 нов случај на коронавирус

Кинеските власти соопштија дека има пријавено 31 нов случај на коронавирус, при што 29 се поврзани со лица од странство,...

Регион44 минути

Сасоли: ЕУ бара начин како да му помогне на Запад Балкан да се справи со пандемијата

„Живееме во време на предизвик без преседан, предизвикан од пандемијата COVID-19. Глобалните проблеми не можат да имаат национални решенија и,...

Свет12 часа

Британија го зголемува бројот на дневни тестирања на 100.000

Британскиот министер за здравство вети за десетпати дека ќе го зголеми бројот на дневните тестирања на коронавирус, со што до...

Свет12 часа

Над еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна еден милион и сега изнесува 1.000.168, покажуваат податоците на страницата „Ворлдометерс“. Од...

Македонија15 часа

На коронавирус позитивен психијатар од Демир Хисар, колегите од болницата испратени во изолација

Во Психијатриската болница во Демир Хисар доктор психијатар кој работел во болницата е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство,...

Свет17 часа

СЗО: Над 95 отсто од починатите од коронавирус во Европа се лица над 60 години

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, рече дека официјалните податоци покажуваат дека повеќе од...

Економија18 часа

Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност, а кои...

Економија18 часа

(Видео) По 14.500 денари месечно за вработен за април и мај или 50 отсто од трошоците за придонеси

Државата спасува работни места, 14.500 денари месечно за вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата или...

Економија18 часа

Спасовски: Со уредба ќе ги замрзнеме кредитите ако банките го гледаат само својот интерес

По понудените решенија за одложување на кредитите, техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вели дека чекаат да видат какви ќе бидат ефектите....

Македонија19 часа

Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Топ21 час

Уапсени насилниците што тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче, кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет21 час

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет21 час

Новите процени покажуваат дека од 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирусот биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија22 часа

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени кај еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирусот, наместо да биде во строга...

Македонија22 часа

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти, кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април,...

Македонија23 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на Ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион23 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која...

Свет24 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија1 ден

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Досие