Свет
СЗО издаде прва дозвола за вакцина за итни случаи

Светската здравствена организација вчера даде одобрување за вакцината на „Фајзер/Бионтех“ за итна употреба. Ова е прва вакцина против коронавирус, што е одобрена од СЗО за итна употреба, со што отворени се вратите на земјите да ги забрзаат сопствените регулаторни постапки на одобрување на увозот и примената на вакцината.
Одобрувањето овозможува и УНИЦЕФ и Панамериканската здравствена организација да набават вакцина за дистрибуција на оние земји на кои тоа им е потребно, се наведува во соопштението на СЗО.
Еднаков глобален пристап до вакцините е пресуден за борба против пандемијата, нагласи помошничката на Генералниот директор на СЗО, Марианџела Симао.
„ Ова е многу позитивен чекор кон обезбедување на глобален приспат до вакцините против Ковид-19. Но, сакам да нагласам потреба за уште поголеми глобални напори за да се постигне доволно залихи на вакцината за да се задоволат приоритетните потреби на луѓето во целиот свет“ порача таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Сигнал“ има технички проблеми откако за една недела стекна 40 милиони корисници

Шифрираната услуга за пораки „Сигнал“ соопшти дека има технички проблеми, но вети дека брзо ќе ги надмине. Оваа апликација, промовирана од Илон Маск и Едвард Сноуден, неодамна успеа да собере милиони нови корисници.
Signal is experiencing technical difficulties. We are working hard to restore service as quickly as possible.
— Signal (@signalapp) January 15, 2021
„ Сигнал доживува технички потешкотии. Ние работиме напорно за да ја вратиме услугата што е можно побрзо“, им соопшти компанијата на своите 378.000 следбеници.
Повеќето коментари од корисниците се дека ниту една услуга во светот не е изградена за да се справи со 40 милиони нови корисници за една недела без никаков проблеми. Некој дури забележа дека во просек, „Сигнал“ има стекнато 3.900 корисници во минута од 7 јануари.
Ова се случи кога сервисот за пораки „Вацап“ (WhatsApp) на Фејсбук воведе нови правила за „приватност“ што во основа ги принудува сите да ги споделуваат своите лични податоци, поттикнувајќи го основачот на „Тесла“ и „Спејсикс“, Илон Маск, да објави на Твитер: „Користете го Сигнал“.
For those wondering about @SignalApp's scaling, #WhatsApp's decision to sell out its users to @Facebook has led to what is probably the biggest digital migration to a more secure messenger we've ever seen. Hang in there while the Signal team catches up. https://t.co/xNKz4aYUFJ
— Edward Snowden (@Snowden) January 15, 2021
Едвард Сноуден, кој со години ја поддржуваше употребата на „Сигнал“, новите политики на „Вацап“ ги нарече „веројатно најголемата дигитална миграција кон побезбеден месинџер што некогаш сме го виделе“.
Свет
Расте бројот на загинати во земјотресот во Индонезија

Од час на час се менува бројот на загинати во земјотресот во Индонезија. Досега се потврдени 67 смртни случаи, а се очекува бројот да се зголемува како што ќе пристигнуваат од терен извештаите на спасувачките тимови. Како што се наведува, има и над сто повредени.
Повеќе од 600 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер што го погоди островот Сулавеси. Речиси 15.000 луѓе се евакуирани во привремени засолништа.
Спасувачите се на терен и трагаат по преживеани под урнатините. Разурнати се голем број згради, меѓу кои и болници, а многу делови се без струја.
Властите соопштија дека најпогоден град е Мамуџу. Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри јужно од тој град, на длабочина од речиси 18 километри, покажуваат податоците на американскиот Институт за геофизика.
Свет
Трамп го напушта Вашингтон на денот на инаугурацијата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на својот наследник Џо Бајден, на 20 јануари, пренесе „Ројтерс“.
Трамп, кој веќе соопшти дека нема да присуствува на инаугурацијата, планира да одржи проштален настан во базата Ендрјуз во близина на Вашингтон, во која е стациониран претседателскиот авион „ер форс уан“.
Според извори на „Ројтерс“, тој потоа ќе отпатува во Палм Бич на Флорида, во својот клуб Мар-а-Лаго.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира