Европа
Силен ветер во Москва, оштетени 35 автомобили

Силниот ветер во Москва за еден ден оштетил 35 автомобили и соборил околу 40 дрвја.
Никој не е повреден, пренесува Интерфакс.
Поради ветер, грмежи и дожд веќе неколку дена во Московската област е на сила „жолтиот“ степен на опасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Фотографии на поранешен германски канцелар украдени од Бундестагот

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој беше во центарот на медиумското внимание во последните неколку недели поради останувањето на функцијата во руската компанија, сега стана мета на крадец.
Пет уметнички дела од приватната сопственост на Шредер исчезнаа од зградата на германскиот Бундестаг, каде тој има канцеларии. Ова се дела на уметникот Уве Бремер и еден неименуван кинески уметник.
Овие уметнички дела цели 16 години го красат јавно достапниот простор пред канцеларијата на Шредер, пишува магазинот „Стерн“.
Бундестагот го потврди исчезнувањето на сликите, како и дека Шредер поднел кривична пријава против непознати лица.
Од Бундестагот посочуваат дека ваквите кражби се невообичаени во нивните згради.
Европа
Нехамер: Путин е подготвен да овозможи извоз преку украинските пристаништа

„Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да овозможи извоз од Украина преку поморските пристаништа“, изјави попладнево австрискиот канцелар Карл Нехамер.
По телефонскиот разговор со Путин на прес-конференција во Виена, Нехамер рече дека прво мора да се воспостават безбедносни услови во украинските пристаништа.
Австрискиот канцелар нагласува дека останува да се види дали тоа се само празни зборови или искрена подготвеност, што ќе се види само доколку навистина се овозможи извоз преку пристаништата, пренесе „Танјуг“.
Европа
Шолц: Путин сака нас да нè обвини за кризата со гладот

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да му ја припише на Западот одговорност за кризата со глад, што ја предизвикал со агресијата врз Украина.
– Наративот на Путин мора итно да се побие – нагласи Шолц во Штутгарт.
Тој рече дека Путин нашол формулација, и дека постојано зборува за „глобалниот запад“. Со ова, вели Шолц, мисли на непријателите против кои сака да се обедини со другите.
– Кризата на глад, која беше предизвикана од неговата војна, која тој ја започна, сега им се припишува на оние кои се со Украина – рече тој, пренесе Блиц.рс.