Контакт

Свет

Силен земјотрес во Индонезија

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 6,2 степена го погоди брегот на Индонезија, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот се наоѓал на 204 километри јужно од градот Манадо.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Не е издадено предупредување за цунами.

Европа

Омикрон во Холандија регистриран и пред да пристигнат заразените патници од Јужна Африка

Објавено пред

Омикрон-варијантата на коронавирусот е откриена во Холандија пред пристигнувањето на летовите од Јужна Африка минатата недела, соопштија холандските здравствени власти.

Најмалку 14 лица позитивни на омикрон пристигнале од Јоханесбург и Кејп Таун на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам на 26 ноември, објави Националниот институт за здравје (RIVM).

„Но, омикрон-варијанта најдовме и во два тест-примерока од 19 и 23 ноември“, соопштија од RIVM. „Сè уште не е разјаснето дали овие лица ја посетиле Јужна Африка“, додаваат тие.

Откривањето на омикрон-сојот го загрижи светот и се стравува дека постојните вакцини не се ефикасни против новата варијанта, што може да ја продолжи пандемијата, која трае речиси две години.

Холандските власти во меѓувреме бараат да стапат во контакт и да тестираат околу 5.000 патници што пристигнале од Јужна Африка, Боцвана, Есватини, Лесото, Мозамбик, Намибија и од Зимбабве.

Во Холандија во неделата стапија во сила построги мерки против Ковид-19 за да се спречи ширењето, со оглед на рекордниот број инфекции од речиси 20.000 дневно и да се намали притисокот врз болниците.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин: Москва ќе дејствува доколку НАТО ги премине црвените линии

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе биде принудена да реагира доколку НАТО ги премине своите црвени линии во однос на Украина наведувајќи дека Москва ќе го разгледа распоредувањето на одредени офанзивни ракетни капацитети на украинска територија како активатор.

„Доколку некои ударни системи се појават на територијата на Украина, времето на летот до Москва ќе биде 7-10 минути, а пет минути во случај на употреба на хиперсонично оружје. Само замислете го тоа“, рече претседателот на Русија.

На инвестицискиот форум во Москва, Путин рече дека се надева оти здравиот разум ќе надвладее на сите страни, но дека сака НАТО да биде свесен за загриженоста на Русија во однос на сопствената безбедност и во однос на Украина, пренесува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

Генерал ќе биде на чело на германскиот кризен штаб против коронавирусот?

Објавено пред

Новата германска влада ќе формира кризен штаб за сузбивање на пандемијата, кој треба да дејствува бргу, а она што е интересно е што со него ќе раководи генерал на Бундесверот, пишува „Дојче веле“.

Идната германска сојузна влада сака да формира нов кризен штаб што е можно побргу поради ефикасно сузбивање на пандемијата, а идниот сојузен министер за финансии, Кристијан Линднер, најави дека на чело ќе биде германски генерал.

Според информациите на весникот „Зидојче цајтунг“, станува збор за генерал-мајор Карстен Бројер, кој од 2018 година е на чело на командата за територијални задачи на германската војска (Бундесверот), која е задолжена за соработка на воените сили со цивилните организации.

Според упатените, од избувнувањето на пандемијата во Германија, 56-годишниот генерал постигнал извонредни резултати, особено кога станува збор за исполнување на барањата за помош што масовно доаѓале до Бундесверот во одредени периоди.

Како што се наведува, она што е интересно е тоа што повеќе од една година во борбата против пандамијата е вклучен уште еден генерал-мајор, а тоа е докторот на Генералштабот, Ханс-Улрих Холтерм (57), кој претходно бил управител на воената болница во Улм и кој од март 2020 година води оддел наречен здравствена заштита, здравствена сигурност и одржливост во рамките на Сојузното министерство за здравство.

Според наводите, невообичаено е еден офицер да биде на чело на кризниот штаб, а воените експерти на ова ново назначување првенствено гледаат како ПР и го поставуваат прашањето дали во ваква ситуација првиот човек на кризниот штаб ќе одговара пред министерот за одбрана.

Претходно, портпаролот на владата во заминување, Штефен Зајберт, јасно стави до знаење дека политичарите ќе одлучуваат за насоката на борбата против Ковид-19 и во иднина.

Но, можноста за назначување висок офицер на чело на кризниот штаб во секој случај на борбата против ширењето на заразата ѝ дава воен призвук.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на...

Топ59 минути

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 29 ноември...

Македонија2 часа

Бугарската министерка Комитова: Патот „Струма“ има недостатоци, но тие не се причина за пожарот во автобусот

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите што важеле во 2002 година кога се реконструирал патот, а денеска...

Европа4 часа

ЕМА: Вакцини против омикрон може да се одобрат за три месеци

Европскиот медицински регулатор денеска објави дека може да одобри вакцини приспособени за заштита од омикрон-варијантата на коронавирусот за три до...

Европа4 часа

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, за забава по учеството во...

Регион4 часа

Грција со казни за невакцинираните, 100 евра ќе платат повозрасните што не примиле ниту една доза

Грција денеска соопшти дека со 100 евра ќе ги казни лицата на возраст од 60 години, како и постарите што...

Европа5 часа

Блинкен: Потребно е поголемо присуство на ЕУ и САД на Балканот

Австрискиот министер за надворешни работи, Мајкл Линхарт, и министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен, сметаат дека е потребно...

Македонија19 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија21 час

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија21 час

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија1 ден

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија1 ден

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија1 ден

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа1 ден

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија1 ден

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа1 ден

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет1 ден

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија2 дена

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 дена

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија2 дена

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Досие