Свет
Силен земјотрес во морето кај Бали
Силен земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер е регистриран длабоко во морето северно од индонезиските острови Бали и Ломбок, принудувајќи ги жителите на тие острови да ги напуштат зградите, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 203 километри северно од индонезискиот град Матарам и на длабочина од 516 километри, соопшти ЕМСЦ. Индонезискиот и американскиот геолошки институт известија дека земјотресот бил со јачина од 7,1 степен и дека нема опасност од цунами.
Земјотресот се случил непосредно пред 4 часот, а потоа следеле уште два земјотреси со јачина од 6,1 и 6,5 степени, соопшти Индонезиската геолошка агенција.
Засега нема извештаи за штета, соопшти индонезиската агенција за вонредни состојби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Господине Трамп, најдете си живот – Бајден лут поради коментарите на експретседателот за ураганот на Флорида
Американскиот претседател, Џо Бајден, одржа брифинг за новинарите за ураганот Милтон.
Тој рече дека обновата на погодената област ќе чини неколку милијарди долари и ќе трае долго.
Американскиот претседател се осврна и на коментарите на експретседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека погодените од ураганот ќе добијат само 750 долари помош, нарекувајќи ги „бизарни“.
Запрашан дали разговарал со Трамп, Бајден одговори: „Се шегуваш?“, а потоа му понуди совет на републиканскиот претседателски кандидат.
„Господине Трамп, најдете си живот за себе. Помогнете им на овие луѓе“, изјави Бајден од Вашингтон.
Свет
Расте бројот на мртви од ураганот на Флорида
Бројот на загинати во ураганот на Флорида, САД, се искачи на 11 лица, јавува „Ен-би-си њуз“.
Последната жртва е возач на автомобил врз којшто паднало дрво во округот Цитрус.
Претходно, два смртни случаи беа пријавени во округот Пинелас, три во округот Волузија и пет во округот Сент Луси, од кои четири беа предизвикани од торнада.
Регион
Вучиќ го пречека Ердоган на аеродромот: „Добредојдовте во Србија, драг пријателe“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на аеродромот Никола Тесла го пречека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Според програмата на посетата, в петок во 11 часот ќе се одржи церемонија на пречек пред палатата „Србија“, по што ќе следи средба на двајцата претседатели, јавуваат српските медиуми.
Потоа ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција, предводена од двајцата претседатели.
„Добредојдевте во Србија драг пријателe. Вашата возвратна посета е уште една можност за дополнително зајакнување на нашите пријателски односи и соработка. Верувам дека за време на вашиот престој во Белград ќе работиме заедно на подобрување на економските, културните и политичките врски меѓу нашите земји“, му порача претседателот Вучиќ на турскиот колега по пристигнувањето во Белград.
View this post on Instagram
Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форум.