Свет
Силен земјотрес го погоди Непал, почувствуван и во Њу Делхи

Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди денеска Непал, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресот е почувствуван и во главниот град на Индија, Њу Делхи, објави „Ројтерс“.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Хаос во српскиот парламент, пратениците се упатија кон Вучиќ со извици „предавство“

Целосен хаос во српското собрание следуваше во попладневниот дел од расправата кога пратениците од опозицијата, пред сè, на Двери и Заветник, се упатија кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Првин извикувале „предавство, предавство“, „Косово е срцето на Србија“, а потоа отишле на местото каде што тој седел.
Во исто време пратениците на СНС станаа и исто така се упатија кон масата на претседавачот. Во оваа турканица, која траеше 15-ина минути, во салата влезе и собраниското обезбедување.
Српскиот претседател Вучиќ, кој седеше во тоа време, ги повика пратениците на СНС да бидат смирени и да ѝ дозволат на опозицијата „да си го покаже своето лице“. Тој рече и дека опозициските парламентарци ѝ нанеле огромна штета на Србија со циркусот што го создале во парламентот.
„Од вас ќе ги браниме Косово и Србија“, им порача тој на оние што скандираа „предавство“ и „оставка“.
Ваквата атмосфера, на работ на инцидент, настана кога лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, го повика Собранието да го отфрли француско-германскиот предлог за Косово и по неговите обвинувања против владата за која рече дека сака да изврши предавство.
„Не се надеваа дека нема да го признаеме Косово во ОН, јас реков дека нема да дозволиме Косово да влезе во ОН. Тоа е единственото нешто на што се надеваат, да се разбереме, бидејќи тоа е единственото нешто што ги интересира. Ние покажавме дека сме подготвени да слушаме, а тие не се подготвени да слушаат“, изјави претседателот Вучиќ.
Европа
Зеленски: Неопходна е забрзана примена на санкциите против Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска, на заеднички брифинг со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во Киев изјави дека инсистира на нови иоб прзи санкции на ЕУ против Русија.
„Разговаравме за нови санкции против Русија, особено за десеттиот пакет-санкции. Ова е заедничка европска задача – да се намали способноста на Русија да ги заобиколи санкциите и колку побргу и подобро се изврши оваа задача, толку поблиску ќе бидеме до поразот на Русија“, рече Зеленски, пренесува „Укринформ“.
Тој оцени дека темпото на воведување санкции против Русија е забавено и дека Русија ја зголемува брзината со која се приспособува на санкциите и укажа на потребата тоа да се коригира.
Европа
Додека Западот ѝ испраќа тенкови на Украина, Орбан предвидува победа за Русија

Додека украинските знамиња се веат во европските метрополи и западните тенкови му доаѓаат на помош на Киев, унгарскиот премиер Виктор Орбан отворено ја доведува во прашање одржливоста на Украина како суверена држава. Неговата влада во Будимпешта го излепи градот со плакати против руските санкции, а унгарската државна опера ја поставува „Војна и мир“ на Сергеј Прокофјев.
„Политико“ пишува дека Орбан неодамна на собир на мала група меѓународни конзервативци изјавил дека Русија веќе успеала да ја претвори Украина во непремостлива руина.
„ Украина сега е Авганистан. Владимир Путин нема да загуби и времето е на страната на Русија – рече Орбан за време на дискусијата на тркалезната маса, нарекувајќи ја Украина „ничија земја“.
Таа порака е дијаметрално спротивна на реториката на остатокот од западната алијанса, која премина друга црвена линија кога минатата недела вети дека ќе испрати стотици модерни западни тенкови во Украина. Изјавите на Орбан предизвикаа гнев кај украинските власти, кои најавија дека ќе го поканат унгарскиот амбасадор, пишува Слободна Далмација.
Во Будимпешта, од друга страна, изјавите на Орбан се сметаат за делумно внатрешно-политички трик за да се оттргне вниманието од економските проблеми на Унгарија, како и да се привлечат на националистичките гласачи. Но, меѓу експертите постои и чувство дека реториката на Орбан е повеќе од краткорочно политиканство: унгарскиот лидер, велат тие, сака да ги зачува своите долгогодишни добри односи со Кремљ.