Контакт

Вести

Силни земјотреси регистрирани во Нов Зеланд и на Соломонските Острови

Објавено пред

Силен земјотрес од 6,9 степени според Рихтер, лоциран на голема длабочина под земјината површина, ги погоди архипелагот Кермадек и брегот на Нов Зеланд.

Засега нема извештаи за метеријална штета, повредени или опаснот од цунами.

Агенцијата АП известува дека американскиот завод за геолошки истражувања објавил оти земјотресот бил регистриран на 775 километри североисточно од новозеландскиот град, Окленд, на длабочина од 111 километри.

Претходно, силен земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтер го погоди брегот на Соломонските Острови во Јужниот Пацифик.

Јапонската агенција „Кјодо“ објави дека земјотресот бил регистриран на 65 километри северозападно од Киракир, на длабочина од 64,5 километри.

Пацифичкиот центар за предупредувања од цунами, лоциран на Хаваите, не издаде предупредување за цунами ниту во овој случај.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Деветнаесет лица сè уште се исчезнати по нападот во хотелот во Најроби

Објавено пред

Деветнаесет лица сè уште се водат како исчезнати два дена по нападот во хотелот во Најроби, во кој беше убиено 21 лице, соопшти Црвениот крст на Кенија. Меѓу жртвите има британски и американски државјанин, а другите, најверојатно, се кениски државјани.

DusitD2

Претседателот на Кенија, Ухуру Кенјата, соопшти вчеравечер дека 20-часовната опсада е завршена со ликвидација на сомалиските напаѓачи што влегоа во луксузниот хотелски комплекс DusitD2, во кој имало стотина гости и вработени.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Ал Шабаб со седиште во Сомалија, која се бори да наметне строг исламски закон.

Прикажи повеќе...

Вести

Секој трет вработен во ОН бил сексуално вознемируван

Објавено пред

Секој трет вработен во Обединетите нации бил сексуално вознемируван во последните две години, покажува извештај на оваа меѓународна организација, објави Би-би-си. Во истражувањето учествувале само 30.364 вработени или околу 17 отсто од вкупниот број.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рекол дека извештајот и умерено ниската стапка на одговори е знак дека пред нив е долг пат. Тој рекол дека релативно малиот број учесници во истражувањето би можело да биде знак на чувство на недоверба, перцепција за неактивност и недостиг на одговорност во ОН.

Според извештајот, повеќе од половина од оние што биле жртва на сексуално вознемирување во ОН рекле дека тоа се случило во канцеларија, а 17,1 отсто од вкупниот број учесници во истражувањето рекле дека тоа се случило на социјален настан поврзан за работата. Повеќе од една петтина, 21,7 отсто, рекле дека им биле раскажувани несоодветни сексуални случки или вицови. Околу 14 отсто од испитаниците добиле навредливи коментари за нивниот изглед, тело или сексуални активности, а 13 отсто имале колеги што се обиделе да внесат сексуални разговори.

Во извештајот се наведува дека двајца од тројца што малтретираат се мажи, а секој трет вработен по сексуалното вознемирување, презел некакви дејства.

Прикажи повеќе...

Вести

Турција го осуди нападот во Манбиџ во кој загинаа 20 луѓе

Објавено пред

Министерството за надворешни работи на Турција остро го осуди терористичкиот напад врз американските војници во сирискиот град Манбиџ во кој загинаа 20 лица, од кои четворица американски војници.

Во соопштението на министерството се истакнува дека „Турција со жалење дознава за бомбашкиот напад во центарот на градот Манбиџ во кој загинаа американски воен персонал и цивили“ и се подвлекува дека Турција осудувајќи го ова злосторничко дело со решителност ќе продолжи со активностите што заеднички ги води со САД во правец на отстранување на терористичките организации од Манбиџ и обезбедување на стабилноста и безбедноста во регионот.

Нападот за кој одговорност презеде Исламската држава се случи по изјавите на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека САД ќе ги повлече своите трупи од Сирија.

Асуде Кочан

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Загаденоста на воздухот во Прилеп 20 пати над дозволеното

Прилеп вечерва доживува рекорди во загаденост на воздухот. Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички достигна дури 1012 микрограми, што е за...

Македонија10 часа

Повредена новинарка на Канал 5 на одбележувањето на Водици

Новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија заврши во болница со повреда на вратот и на раката откако, за време...

Свет11 час

Трамп најави важна објава

Американскиот претседател Доналд Трамп најави важна објава во врска со блокадата на работата на федералната влада. Неговата најава следи во...

Свет12 часа

Масовни протести во Унгарија против премиерот Виктор Орбан

Неколку илјади Унгарци протестираа денеска во Будимпешта против премиерот Виктор Орбан и неговиот закон за прекувремени часови, кој досега неколкупати...

Свет12 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во најголемата експлозија на нафтовод во Мексико

Билансот на загинати во силната експлозија на нафтовод во Мексико се искачи на 66 луѓе. Повредени се 76, изјави гувернерот...

Македонија14 часа

Загадувањето во Битола, Тетово и Струмица до шест пати над дозволеното

Присуството на штетните ПМ10 честички во воздухот во Битола, Тетово и Струмица, во изминативе два дена било и до шест...

Топ15 часа

Расправија во кафеана му претходела на пукањето во Кочани, напаѓачот е во бегство

На пукањето што се случи вчера околу 17 часот во угостителски објект во Кочани, а во кое едно лице беше...

Регион17 часа

Епидемија во Хрватска, девет лица починаа од грип

Девет лица починаa од грип во Хрватска, но за два смртни случаи во Сплит сè уште се чекаат официјални информации,...

Македонија17 часа

Директор на основно училиште склучувал договори во четири очи, го оштетил Буџетот за 1,2 милиони денари

Директор на основно училиште во Кратово, без да објавува јавни огласи, склучувал договори во четири очи за набавка на разни...

Македонија18 часа

Скопјани се гневни откако градот се искачи на прво место по загаденост во светот

Социјалните мрежи се преполни со реакции, откако вчеравечер Скопје се искачи на првото место по загаденост во светот.   Мерните...

Македонија20 часа

82 обвинители ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата

82 обвинители од јавните обвинителства низ земјава ја тужат државата пред домашните судови за неисплатени додатоци во вкупен износ од...

Економија20 часа

„Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. Од Министерството за финансии соопштија дека...

Свет1 ден

Втората средба меѓу Трамп и Ким ќе се одржи кон крајот на февруари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун ,повторно ќе се состанат кон крајот на февруари, соопшти Белата куќа...

Регион1 ден

(Видео) Објавена снимка од свечениот ручек во Белград: Дачиќ пее, а Путин ракоплеска

Руската новинска агенција ТАСС објави видеоснимка од свечениот ручек кој вчера во Белград беше приреден во чест на посетата на...

Истражувања2 дена

(Видео) Турците ем градат кај Стара железничка ем плаќаат казна од 2 милиона денари месечно

Турската компанија „Лимак“, која го гради комплексот со дваесеткатници кај Старата железничка станица, месечно уплаќа по  2 милиони денари во...

Македонија2 дена

(Видео) Димовски: Следува комплициран избор на антикорупциска комисија

Конкурсот за избор на членови на антикорупциската комисија објавен во октомври денеска беше поништен за да може да се објави...

Македонија2 дена

(Видео) Наумовски си ја зголеми платата, а Ѓорче Петров нема пари за ветените базен и градинка

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, годинава ќе зема повисока плата, а планирани се и нови вработувања во Општината во...

Топ2 дена

Каракамишева повикана во полициска станица поради говор на омраза

Професорката Тања Каракамишева била на информативен разговор во полициска станица бидејќи била пријавена за ширење говор на омраза. Таа на...

Македонија2 дена

(Видео) Ако не се освести Заев, одиме со Мицкоски, порачаа пазарџиите

„Ако не се сврти кон народот, како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски“,...

Македонија2 дена

(Видео) Кекеновски со иницијатива до Уставниот суд: Се противам на каубојското носење на Законот за јазиците

Професорот Јове Кекеновски поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Според него, власта каубојски и...

Досие