„Ако цената на нафтата падне, веднаш ќе се стави крај на руско-украинската војна. Во моментов цената е доволно висока и оваа војна ќе продолжи – затоа мораме да ја спуштиме“, рече тој во видео пораката до Светскиот економски форум во Давос.
Свет
Силно невреме во Холандија: откажани летови
Силниот ветер утрово предизвика откажување на повеќе од 100 летови на аеродромот Шипхол, а прекини во авиосообраќајот се очекуваат и попладне.
Аеродромот ги информирал патниците да се подготват за одложувања и откажувања, наведувајќи ги моменталните временски услови како причина, пишува „NL Times“. Патниците се поканети да го проверат статусот на летовите преку Интернет или директно да контактираат со нивните авиокомпании.
Компанијата KLM потврди откажување на повеќе од 90 летови.
Се очекува тој број дополнително да се зголеми, рече портпаролот. Холандската авиокомпанија има повеќе патнички летови до Шипхол од која било друга компанија.
Невремето го зафати не само воздушниот сообраќај, туку и патната и железничката мрежа во Холандија.
Операторот на железничката инфраструктура извести за широко распространети проблеми предизвикани од паднати дрвја или делови од дрво на структурата на шиние. Холандскиот метеоролошки институт издаде жолто предупредување за времето, за поголемиот дел од земјата, предвидувајќи налети на ветер меѓу 75 и 90 километри на час.
Се очекува во крајбрежните области да достигне брзина и до 100 километри на час, додека за Ваденските острови се предвидуваат налети до 120 километри на час. Невремето го зафати не само воздушниот сообраќај, туку и патната и железничката мрежа.
Познатиот словенечки метеоролог Марко Корошец пак преку Severe Weather Europe предупреди дека викендов Европа ќе ја зафати зимска бура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Имам намера да се сретнам со Ким Џонг Ун, тој е паметен човек
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера повторно да се поврзе со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
„Да, сакам“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз, на прашањето дали ќе се сретне со севернокорејскиот лидер, со кој се сретна три пати за време на неговиот прв претседателски мандат.
Трамп, кој ја презеде функцијата во понеделникот, го нарече севернокорејскиот лидер „паметен човек“.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун претхоно им се заблагодарил на војниците распоредени да се борат за Русија во војната против Украина и ги охрабрил во текст што се чини дека е негова новогодишна порака до војниците, се вели во извештајот на Вашингтон пост.
„Вашингтон пост“ објави извештај за рачно напишани пораки испратени од Ким Џонг Ун на 31 декември и 1 јануари, во кој се сугерира дека пораките можеби биле испратени до војниците кои се борат на страната на Русија од Пјонгјанг , објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Регион
Грушко: Состојбата на Балканот ескалира поради политиката на Америка, НАТО и ЕУ
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко денеска изјави дека ситуацијата на Балканскиот Полуостров станува се посериозна поради политиката на Соединетите Американски Држави, НАТО и Европската унија.
Во интервју за ТВ каналот „Русија 24“, Грушко изјави дека западните земји вршат постојан притисок врз Србија за да ја истиснат од сегашната позиција, користејќи ги сите расположливи средства, вклучително и „поткопување на внатрешната стабилност“. „Ситуацијата на Балканот се влошува и станува се поакутна како резултат на намерната политика на земјите од НАТО, Европската унија и САД.
„Овие земји вршат притисок врз Србија да ја признае независноста на Косово и да се приклучи кон антируските санкции“, рече Грушко, пренесе Риа Новости. Тој укажа и на обидите на Западот да ја дестабилизира ситуацијата на Косово, наведувајќи дека тамошното раководство се чувствува неказнето со поддршката на Западот.
Грушко посочи дека истиот притисок се врши и врз Босна и Херцеговина, каде, како што рече, има „нескриен притисок врз Република Српска и обиди да се одземат правата на српскиот народ“.
„Таквата политика го покажува лицемерното однесување на Западот, кој иако постојано тврди дека ја почитува слободата на избор, во реалноста не дозволува независните земји сами да носат одлуки“, заклучува Грушко.
Кога станува збор за членството на Украина во НАТО, Грушко рече дека Русија ќе побара „цврсти гаранции“ кои го исклучуваат пристапот на Украина во НАТО, бидејќи таквиот потег ќе го оневозможи постигнувањето мир. „Пристапувањето на Украина во НАТО е еден од клучните елементи на можните договори за решавање на конфликти во Украина.
Ќе бараме правни гаранции кои би го исклучиле членството на Украина во НАТО во која било форма и ќе инсистираме тоа да стане официјална политика на алијансата“, рече Грушко, а пренесе Тасс.
Тој нагласи дека приклучувањето на Украина во НАТО ќе ја исклучи можноста за постигнување мир во Украина и ќе создаде пречки за формирање стабилен безбедносен систем во регионот. Грушко додаде дека, според неговите информации, „ист став имаат голем број земји од НАТО“.
Коментирајќи ја изјавата на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој посочи дека мировните преговори за Украина треба да се засноваат на одложување на приемот во НАТО, Грушко рече дека Фицо е „сосема во право“.
Тој укажа и на „катастрофалната одлука“ од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, кога алијансата им вети на Украина и Грузија дека ќе станат членки на НАТО.
Грушко посочи дека присуството на таа формулација во документите на НАТО е неприфатливо, бидејќи создава неизвесност во процесот на решавање на конфликтот во Украина, пренесува Танјуг.
Свет
Европските индекси во пораст, како и цените на нафтата и златото, заврши форумот во Давос
Европските берзански индекси денеска бележат најголем пораст, поттикнати од добрите продажни резултати од производителите на луксузна облека Бурбери, ЛВМХ и Керинг, додека на пазарот истовремено се бележи пораст на цените на нафтата, златото и пченицата.
Светскиот економски форум во Давос завршува денеска, а на последната дискусија за оваа година, закажана за 11:00 часот, меѓу другите ќе учествуваат и директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева и претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, кои ќе разговараат за глобалната економска перспектива.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 10:45 часот порасна на 21.501,44 поени, францускиот CAC 40 на 7.965,89 поени, московскиот MOEX на 2.954,53 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.534,91 поени.