Контакт

Свет

Синот на Ел Чапо наредил убиство на пејач бидејќи одбил да пее на неговата свадба

Објавено пред

Синот на наркобосот Хоакин (Ел Чапо) Гузман наводно го наредил убиството на познатиот мексикански пејач затоа што одбил да пее на неговата свадба.

Овид Гузман Лопез (31) неодамна беше обвинет од Стејт департментот за наводниот напад иако сè уште не е познато дали убиството навистина е извршено.

Таткото на Лопез, Хоакин Гузман, попознат како Ел Чапо, моментно се наоѓа во затворот со максимална безбедност во Колорадо поради планирање убиство, перење пари и трговија со дрога.

Додека тој издржува доживотна затворска казна, американските власти сега го свртеа вниманието кон неговите четири деца, меѓу кои и Овид, кој е познат како Стаорец. Тој е висок член на картелот Синалоа.

Неговите браќа Иван Архивалд Гузман Салазар, Хесус Алфред Гузман Салазар и Хоакин Гузман Лопез исто така се бараат од властите за трговија со дрога.

„Браќата Гузман-Лопез моментно надгледуваат приближно единаесет лаборатории за метамфетамин во државата Синалоа, кои произведуваат од 1.360 до 2.260 килограми метамфетамин месечно“, наведуваат властите.

Во октомври 2019 година Овид беше уапсен во својот роден град Кулијакан, но не остана долго во притвор.

Тој беше бргу ослободен бидејќи картелот се закануваше со одмазда и масовна смрт на цивили.

Американските власти нудат награда од 5 милиони долари за информации каде се кријат браќата.

Има и тројна награда за поранешниот партнер на Ел Чапо, Исмаил Ел Маја Замбад, која сега изнесува 15 милиони долари.

Европа

Нов црн рекорд во Турција, повеќе од 93.000 случаи на коронавирус за 24 часа

Објавено пред

Турција забележа 93.586 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа, што е најголем дневен број за време на пандемијата, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство.

Во истиот период имало 210 смртни случаи поврзани со Ковид-19, покажуваат податоците на турските здравствени власти, што е највисоко од почетокот на декември и повеќе од 174 регистрирани претходниот ден.

Дневните случаи во последните недели се искачија на рекордно ниво со ширењето на сојот омикрон, но министерот за здравство, Фахретин Коча, верува дека новата варијанта на коронавирусот ќе ја намали сериозноста на пандемијата поради пониските стапки на хоспитализација.

„Вирусот не е толку силен како порано. Нема потреба да се грижите за зголемениот број зарази“, напиша Коча на „Твитер“ повикувајќи го населението уште еднаш да се вакцинира.

На крајот на декември дневниот број на случаи во Турција беше околу 20.000 лица пред да се зголеми бројот на инфекции поради омикрон-сојот, пишуваат агенциите.

Прикажи повеќе...

Европа

Фон дер Лаен: Можно запирање на „Северен тек 2“ доколку Русија ја нападне Украина

Објавено пред

Проектот за гасоводот „Северен тек 2“ може да биде запрен доколку Русија ја нападне Украина, предупреди шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, мислејќи на гасоводот, кој сѐ уште не е во функција и кој треба да транспортира гас од Русија до Германија.

„Сакам да бидам јасна: Ништо не е за отфрлање, сè е на маса“, рече Фон дер Лаeн во интервју за Си-ен-ен одговарајќи на прашањето дали „Северен тек 2“ треба да се запре доколку Русија ја нападне Украина.

„Она што го гледаме е загрижувачко. Гледаме акумулација на руски воени сили околу Украина, најголема од Втората светска војна. Значи, има многу јасни знаци дека Русија врши огромен притисок врз Украина и многу јасно се заканува со воена агресија врз Украина, а тоа нема да се толерира. И за тоа се подготвуваме“, изјави првиот човек на Европската комисија.

Продолжуваат дипломатските напори за смирување на тензиите, предизвикани од руската акумулација на речиси 100.000 војници недалеку од границата со Украина, пренесуваат агенциите.

„Европската комисија е одговорна за дизајнирање, обликување и за развивање санкции против Русија – во финансиската, економската и во технолошката област“, ​​рече Фон дер Лаен.

„ЕУ е најголемиот трговски партнер на Русија со приближно 40 отсто од трговијата со стоки и најголем странски инвеститор во Русија со 75 отсто од странските директни инвестиции што доаѓаат од Унијата“, потсети шефот на Европската комисија.

„Овие бројки ви кажуваат дека тоа може да биде многу болно за Русија доколку ескалира агресијата врз Украина“, рече Фон дер Лаен додавајќи дека работи во детали со американскиот претседател Џозеф Бајден на стратешко партнерство за енергетска безбедност.

На прашањето дали Русија треба да биде исклучена од глобалниот платен систем SWIFT доколку ја нападне Украина, Фон дер Лаен повтори дека ништо не е исклучено. Сепак, таа одби да даде детали за пакет-санкциите на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Цртежи од штрумфовите и Таличниот Том во новиот белгиски пасош

Објавено пред

Од 7 февруари официјалните пасоши на Белгија ќе бидат илустрирани со цртежи на најпознатите белгиски стрип-херои почнувајќи од штрумфовите, преку Таличниот Том до Тин Тин и Марсупилами.

Новите белгиски пасоши со тоа ќе станат едни од најуникатните во светот, а тоа ќе биде можност за понатамошна промоција на стрипот како национална уметност со која Белгијците многу се гордеат.

„Белгискиот пасош е еден од најдобрите во светот, тој е извор на гордост за нас, но и предмет на желбата на фалсификаторот. Затоа, постојано работиме на подобрување на неговата безбедност“, изјави шефицата на дипломатијата на Белгија, Софи Вилмес.

Новите пасоши ќе вклучуваат 48 безбедносни техники и треба да бидат двојно побезбедни од сегашните кога станува збор за злоупотреба.

Белгискиот пасош моментно е седми најценет по слободата на движење што му ја обезбедува на имателот на глобално ниво од 199 национални пасоши.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Сали: Второто полугодие ќе почне со физичко присуство

Второто полугодие во училиштата ќе почне со физичко присуство, изјави министерот за здравство, Беким Сали, и според него, епидемиолошката состојба...

Економија4 часа

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари, одлучи Владата

Владата, на денешната 8. седница, донесе одлука да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи,...

Македонија5 часа

26 починати лица, регистрирани 1.908 новозаразени од коронавирус

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени...

Свет6 часа

НАТО не планира да испрати воени трупи во Украина

НАТО не планира да испрати борбени трупи во Украина, изјави првиот човек на алијансата, Јенс Столтенберг. Практично, тоа значи дека...

Свет6 часа

Лавров: Русија сака дипломатија, а не војна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го користат украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ги зголемат...

Регион7 часа

Петков: Македонските Бугари ќе влезат во Уставот

Бугарскиот премиер Кирил Петков на денешното обраќање пред парламентот рече дека македонските Бугари ќе влезат во Уставот на Северна Македонија....

Македонија7 часа

Милошоски до Османи: Зошто не кажете што содржи нон-пејперот што сте го испратиле во Софија во декември?

Министерот Османи зборува да изградиме заеднички позиции, зборува за зрелост, почит и меѓусебна доверба, но како ние да имаме доверба...

Топ8 часа

„Ауди“ со деветмина мигранти излетало од патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во полициската станица Валандово утрово било пријавено дека на регионалниот пат Р 1401 Валандово – Струмица возило „ауди“, со скопски...

Свет9 часа

(Видео) Сателитски снимки покажуваат распоредувања на руски воени трупи на границите со Украина

Тензиите меѓу Украина и Русија растат со месеци откако Кремљ почна да собира војници во близина на границите на Украина....

Македонија10 часа

На Клиниката за ортопедија направена првата трансплантација на лигамент од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје вчера за првпат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад...

Свет12 часа

Лавров: Преговорите со САД и НАТО не се завршени – нема да дозволиме рушење на нашите интереси

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за новинарите дека Москва не сака војна, но дека нема да дозволи...

Свет13 часа

Тропска бура однесе 77 животи во Jужна Африка

Бројот на загинати во тропската бура Ана, која погоди три јужноафрикански земји – Мадагаскар, Мозамбик и Малави, се искачи на...

Свет13 часа

Бајден: Одлучно ќе одговориме ако Русија ја нападне Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет1 ден

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија1 ден

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ1 ден

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа1 ден

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија1 ден

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа1 ден

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Досие